јас луѓе не ви препорачувам да се депилирате со крема, бидејки ем што не ги вади влакната ко што треба (јас кога пробав ништо не се извади) и ако не се извади кремата убаво од нозете после депилацијата , може воспаление да добиеш, така мајка ми на кожно завршила и од тогаш више ни к од крема нема видено ..затоа најдобро е со депилатор или пак со ленти
Јас веќе 2 години се депилирам со крема под мишките и излеват (со Veet) од пред една недела прв пат се издепилирав на нозите со истата крема и ми излегоа влакната.Само се сеќавам дека пред една години не се измив убаво под мишките и потоа ме печешe многу
Јас за депилација на нозе го користам восокот на Силк, лесно се употребува, убаво ги отстранува влакната и не е скап, плус се користи подолго време. Stefiks подобро е со депилација ,потоа постепено ќе ти се изретчат и влакната, а со брич влакната ќе ти се згустат плус наредната ден веќе ќе ти бидат подпораснати а се иритира и кожата , јас би ти препорачала депилација .
Јас најчесто со депилатор ги средувам нозете,ама некогаш многу ме боли и се изнервирам и на крај ги средам со крема или брич.
Пред десетина дена бев на ладна депилација, но некако не сум многу задоволна, брзо ми пораснаа влакната пак. Отидов божем да се спасам од влакнава оти и со депилатор пак ми растеа брзо, ама некако ист резултат. Жената кажа божем што сум менувала брич, па депилатор дека брзо ќе ми пораснат оти имало и поткожни и сите не биле еднакво излезени за восокот да ги откорне. Требало уште неколку пати за да се проретчат, да се надевам дека е така. Ќе пробам уште некој пат.
Мислам дека е во право жената. Не растат сите влакна во исто време. Со тек на времето ќе ти омекнат влакната и би требало со редовна депилација да се проретчат, сега зависи колку, повеќе или помалку ама ќе се проретчат. Само не користи брич.
Девојчиња, има ли некој користено вит рол-он оној што се укл во струја, и го има во ДМ и веро за 600-700 денари? Јас го купив, и се депилирав со него, ама нешто не ме воодушеви, тоа патрончето (или како и да се вика) што е со восок, мн е мало, ама и не се потроши којзнае колку. Е сега, не знам дали ми беа кратки влакната, или тој восок по природа не лепи толку..па мн ми останаа неискубани Др проблем имам,..што ваљда не е од восокот, туку до мојата кожа е секогаш кога се депилирам на раце и на надколениците, на порите од каде што е извадено влакното ми се прават како ситни брунченца со вода...проѕирни се, и кога ќе го стиснеш е само водичка..ама баш секоја пора е со такво како водено капаче. И изгледам како искубана кокошка на тие место, ама буквално. Нез како да го решам тоа Ви се случува истово на некоја од вас? Инаку досега практикував да се депилирам со рол-он исто од веро, не е на силк, туку еден др е околу 170 денари...ама за него треба да топлиш вода, па да го топиш...си реков ај до витов почиста работа,..ама нез...не е ко што очекував...
Јас не сум користела и многу сакав да пробам. Баш кога сакав да нарачам сестрами ми кажа дека нејзина колешка го купила и воопшто не била задоволна. Било болно искуство, пецкање и трнење и иритација. Кај што не се извадиле сите и пораснеле за 5-6 дена. Баш ги уклучив на you tube и видов многу негативни коментари под видеото :/
Мој совет е да не користите рол-он, се изнамачив вадејки ги, се изведија, но останаа по некои кои навистина ми штрчеа. Останатите земав со бикче. За 4-5 дена на толкави пак ми израснаа. И што, џабе, дури и поцрни од порано ми израснаа. Најубаво со бикче ми беше, барем на 10 дена ги вадев а не волку брзо. Воопшто не сум задоволна. Или ленти или бикче, друго не!
Има ли некој некакво искуство со ова, некакво сознание? http://odlicnoza.com/pieldseda/5214/?ut ... 4909175-MK
Овоа ти е чиста глупост!! Исто ти е како бричот. Дури и бетер, денес се триеш - утре више боцкаш. Многу девојки се залетуваат ама уште 3 ден ги фрлаат во ѓубре.
Воопшто не сте иформирани сега повеќе депилацијата не е ИН, сега се ин влакнести нозе и пазуви, затоа баталете восоци, ленти, депилатори, шеќени пасти и разно разни глупости и уживајте во сопствениот природен изглед.