Салонот се наоѓа зад Капитол. Нозе не сум депилирала, меѓутоа депилација на интима беше 300 денари колку што се сеќавам.
Здраво девојки. Сакам да ве прашам во врска со восокот за депилирање. Сакам да го купам од аптека но не знам како се употребува. Дали треба со ленти да се трга или се вади со раце и дали ќе ми стигне за двете нозе? Ве молам ако некоја знае да ми објасни бидејќи не сакам да одам на козметичар затоа што во мојот град каде што се само 2 салам козметичарки депилирале само со топол восок а никој не знае дали го претопуваат или го фрлаат. Не сакам да закачам некоја инфекција па сакав да пробам со восок.
Козметички салон во Скопје преку купинапопуст нуди безболна депилација на нозе Guinot Epil Smart депилација. Некој пробал?
Акое тој салон кај зелено пазарче сум била. Депилацијата е иста како со ладен восок со ленти. Не знам зошто ја форсираат дека е посебна.
А дали некој пробал CERAZYME депилација која е наводно безболна и плус е со лифтинг за подмладуваање на кожата
@Rose96 ја пробав топилката од veet и искрено сум задоволна. ПОтребно е околу 15 минути за да се стопи восокот (зависи и колку коцки имаш ставено) и одлично ги вади сите влакна. Цело тело се уште не сум пробала да издепелирам и не знам колку восок ќе ми биде потребно. Овде повеќе и ми се испалќа сама да го купувам восокот место да одам на депилација.
Вака значи сега ке бидам полуматурантка и сакам да одам на депилацијаа, во козметкички салон за нозете. Епа прв пат ке ми биде и незнаам како е.. Едно нешто се срамам, по целото тело имам влакненца и пошто сум црна тие исто така се црни, и се познаваат па нозете нели до горе ке ми ги депилира??? Eпа сега ми е срам тоа а сама дома незнам може еее глупоо ама помош ве молаамм
Зависи каде и со каков восок. Само нозе БЕЗ препони и интимен дел околу 300 ден со топол и околу 400 со ладен восок. Ама пак ќе кажам, зависи од салонот.
Pomoss ljudii .. bev na depilacija vo eden salon i na dvete noze vkupno imam 5 modrici i toa golemi ve molam kazite mi kako da gi smirim/kako da se namalat bar zosto utre idam na odmor ...
Дали си задоволна, колкав е степенот на болка? И каков восок купуваш за него од кога го потроши, дали треба ист како него од Вит или може и друг?
За степен на болка не можам да коментирам зошто сепак е индивидуално, мене пример не ме боли. На патрони е, па можеш да купуваш цело време нови готови, или да купиш од оној восок што е обичниот и да пробаш дома внимателно да го отвориш потрошениот патрон и да го наполниш.
Супер, ти благодарам за одговорот видов дека го има на попуст во Рамстор..па сакав да знам за ефикасноста и дали се исплаќа да купам. Поздрав
Девојки колку време чекате кога ќе почнат да растат влакната до следна депилација? И дали одма ви избиваат или прво се гледаат под кожа па избиваат?