Претходно ги депилирав со оној восокот што е на Галафарм со рол-он, но досадно ми стана топли, лади, мачкај, влечи и т.н. Сега си се депилирам со депилатор, имам еден на Филипс и гајле си немам . Не сум многу влакнеста па си ги депилирам рачињава за 15 минути двете, језда малку боли али само на почетокот после се е ствар навике, не се чуствува .
Јас еве 2 години се депилирам на раце, убо е не велам не, ама некако флеки ми се појавија, многу ме чешаат рацете кога ми растат влакненцава, а плус то имам и брунчиња не црвени, туку иста боја како кожата под лактите. Многу ме нервира, оти се познаваат. Дали има нешто со што би ги мачкала рацеве пред или после депилација?? Значи нешто за да не ме чешаат, за да исчезнат флекиве и овие брунчињава под лакти. Фала многу.Позз до ситее
јас порано се депилирав на козметичар но имав и дома депилатор и после почнав сама дома да си ги депилирам со депилаторот од Нео и така кога ќе ти отрпне кожата не боли скоро ич
Со депилаторот на сликата, преубаво е, мазно и не боли толку многу, се издржува. Еден совет од мене ако сакате да биде побезболна депилацијата со депилатор, најпрво започнете од делот кај лактот.
Сегде кажувам со домашен восок вадам, еве и тука ке кажам. Многу е хигиенски, домашно правен, мачкаш, ставаш крпичка и опп мазно ! нит иритација нит ништо. т.е може првите 10тина минути нели како и секогаш, но повеќе во никој случај
Јас имам проблем со ова депилирање на раце. Со депилаторот ми се појавуваат брунчиња, и ептен ми е тука нежна кожата, па и со восок еднаш ми потсинаа. Пробав и со крем, и ме чешаше Е сега ми преостанува да размислам дали да користам гел или пена за обликување
Девојки во последно време забележав дека многу почнаа да ми растат влакна на рацете, но над лактите па скоро до горе. Вие ги отсранувате ли и таму? Баш ги гледам и ме нервираат, сакам да ги отстранам со кремот VEET, ама се плашам да не ми згуснат повеке????
Со рол-он силк ги депилирам, ама имам забележано последните неколку пати ми излегуваат мозолчиња и црвенило
на раце се депилирам со депилатор и не ме боли ич несакам да гледам девојки со влакнести раце.....МНОГУ е невкусно
Јас стварно не знам како ви се ретчат влакната после депилација? каква депилација треба да практикувам за да ми се ретчат? јас се депилирам на раце со депилатор и само по неколку дена почнувам да боцкам како кактус, не дај боже некој да ми се допри до рака....ужасно...а почнав со восок да се депилирам се додека не си купив депилатор и мислам дека подобри беа резултатите.
Одам на депилација и на раце, јес! Нема ништо поубаво од мазни и меки раце! Како бебешко газенце ми е кожата на рацете после депилација! Инаку со топол восок ме депилираат.
Рацете ги депилирам веќе 4 години со депилаторче и за разлика од влакната на нозете кои ми се ретчат од депилацијата,тоа не е случај со рацете. Инаку навистина нема нешто помазно откако ке ги издепилираш
Ги депилирам со машинка за депилирање. Не боли воопшто и многу брзо иде. За 10 минути сум готова и спремна за излегување. За среќа и црвенило не ми се прави.
Ги депилирам дома со шеќерна паста и малце ми се изретчија, па еднаш морав набрзина и со крема ги пројдов и пак ми се згуснаа