Депилација на раце

Дискусија во 'Тело' започната од Vesna89, 4 декември 2009.

?

Ги депилирате ли рацете?

  1. Не

    156 глас(а)
    25,3%
  2. Да

    460 глас(а)
    74,7%
  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Обично ги депилирам рацете со топол восок кај едно девојче,ама сега бидејќи немав време земав со ленти дома сама и веќе не ми паѓа на памет бидејќи не извади многу па морав после на други начини да се средувам. |(
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Обавезно ги депилирам рацете. Ептен ме нервираат коментари од типот `Не ги депилирам рацете,ќе ми се згуснат влакната,па кој ќе ги депилира цело време`. Е,ај ако не сите така да шетаме.
    Средено девојче треба да е од глава до пети. И во тоа се подразбира мазни раце. На крај краева најпреставителни се рацете.

    Како ги депилирам рацете,така и нозете. Со топол восок или со епилатор. Сега сум во план да ја пробам шеќерната паста.
     
  3. ivanak

    ivanak Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    13
    [mod-reklama:2fa38k2s][/mod-reklama:2fa38k2s]
     
  4. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Ги депилирам со депилатор,многу светли,ретки и нежни ми се влакната на рацете, па целиот процес не ми одзема повеќе од 5 минути за двете раце,а го обавувам еднаш месечно или на три недели.Што е најважно,ниту ме боли ниту пак имам некои црвенила или слични проблеми.
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Jас рацете никогаш не сум ги депилирала а и нема, и така немам нешто многу влакна по рацете, на одмор ми се позлатуваат, не се ни приметуваат :) :)
    A имам и слушнато дека не е убаво да се депилираат рацете, колку е вистина не знам :)
     
  6. irenceto

    irenceto Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    dobro a imam slusnato deka nekoi se bricat po racete so bric isto kako i po nozete. a neznam dali e dobro toa oti mislam posle vlaknata porasnuvaat pogolemi i izgledaat kako race na masko. tocno li e toa. dobro li e da se bricat i po racete???
     
  7. Sartela

    Sartela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    24
    точно е то, бидејки кожата се оштетува со бричот и не е препорачливо, рацете се многу нежни и повеќе влакна растат поради бричењето
     
  8. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    освен што повекје растат влакната се поостри и погусти.
     
  9. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Јас ги вадев со депилатор , ама не ми ги вади од корен , некако ми ги сече и одев кај козметичар , ми ги издепилира , сега кога сум слаба финансиски со брич и не ми караат бргу , Чудно ! :D
     
  10. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Се согласувам дека депилацијата на рацете треба да е задолжителна за една средена девојка. Не одзема многу време, а трае подолг период.
     
  11. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    140
    Тотална заблуда растат исто онолку влакна, колку што имало пред тоа. Ако е така и со депилирањето треба да растат повеќе од претходно бидејќи кога се депуилираш исто ги отстрануаш и оние бебешки влакна што се на кожата и логички би било да на тоа место пораснат поголеми и повеќе. А, за да ја проверите оваа теорија пробајте да избричите некој дел од телото каде што немате влакна, и ќе видите дали таму ќе пораснат. Ако држи оваа ваша теорија би требало да пораснат влакна и таму каде претходно ги немало. А дали се оштетува кожата со бричење? Не со правилно користење на бричот не се оштетува кожата бидејки триењето е многу мало и површно. Тоа ти е исто како да кажете дека им се оштетува кожата на рацете на мажите од мастурбирање :))
    Инаку со неправилна употреба на восокот и лентите исто така може да дојде до оштетувањена кожата. Значи постојат заблуди кои се пренесуваат од генерација на генерација кои поима немаат со вистината а некои луге ги прифаќаат како апсолутна истина без да размислат малку околу тоа, и го користат термнот "викаат" а кој вика, и што вика не е битно. Со бричењето влакната само се кратат и не се оштетува(пореметува) нивната внатрењна структура, а додека со депилацијата насилно се вадат од коренот и со тоа се пореметуаивната внатрешна структура на влакното, а да не зборувам каква тортура трпат крвните садови и кожата особено кога тоа се прави нестручно и во домашни услови, со одредени шекерни пасти, секакви ленти претопол восок, бидејки дома немате баш услови восокот да биде на одредена температура. И сето тоа го трат вашите капилари кои секако дека подоцна имаат последици.
    Значи мој совет е особено до тинејџерите кои тек почнуваат со таа активност, користете исклучиво брич и тоа во правец на растот на влакното, идејќи така подоцна нема да имате црвенило, и поткожни влакна. Можеби нема да биде идеално мазно но така е најбезбедно, и најдобро за вашата кожа.
     
  12. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Мене ми имаат кажувано дека ако ги издепилираш рацете после влакната ќе ти растат многу брзо! :)
     
  13. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Велиш дека рацете треба да се бричат :o не знаеш какви се прават влакната после бричење? :^) Ти женско си сигурно? јас се надевам дека никогаш нема да имам потреба да ги депилирам рацете :doh: :whew:
     
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Мене влакната на рацете ми се познаваат јас сум бела, а тие ми е темни, па така да сакам или не ги депилирам. И не ми се згуснати, и не ми растат толку брзо. Најнормално. :)
     
  15. simce11

    simce11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Веќе две години како ѓи депилирам влакната на рацете,и не се покајав ми станаа поретки и побавно растат,со брич и со пена за 10 минути имам мазни раце. :)
     
  16. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    27
    Имам машинка за депелирање и сакам да се издепелирам на рацете, ке ја издржам болката ама проблемот е тоа жто ако после депилирањето за бргу време пак ке ми пораснат или пак нема да ми порастат ???? |( |( |( |( |(
     
  17. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Колку брзо ќе ти пораснат, зависи од тоа колку ти се густи, и колку брзо ти растат и на останатите делови од телото.
    Јас ги депилирам со машинка кога ќе ми израснат неколку, па ги потфаќам почесто, не рачунам денови, не растат сите во ист ден ... :)
     
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Јас се депилирам со машинка, и како прво болката не е голема, а и не растат брзо, исто како депилација со восок :)
     
  19. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Депилација на раце!!!

    На рацете имам влакна кои ми се познаваат, и сакам да се издепилирам во домашни услови меѓутоа малку ми е страв поради тоа што имам слушнато дека ако се издепилираш влакната можат да ти станат многу по чести, и дебели. Друг проблем е што незнам со што да се депилирам, јас планирам со ленти, но дадете и вие некој предлог. И друго прашање е дали многу ќе ме боли поради тоа што влакната ми се малку поголеми. Дадете некој совет.
     
  20. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Јас веќе 3-4 години се депилирам на рацете со машинка. Немав проблеми со влакната на рацете, не ми беа ептен густи, нормално значи, ама сакав да ги нема и се издепилирав. Не знам зошто грдо ми е некако да гледам девојче со влакна на раце. Исклучок ми се девојките кои имаат потемен тен а посветли влакна, па не им се познаваат многу.
    Во лето се средувам обично на 2-3 недели, може и месец, во зимските месеци скоро и да не го правам тоа, може на 2 до 3 месеци.