Мене мајка ми не ми дава да ги депилирам рацете (не ми се смејте ) и мн. се нервира ко ке и зборам за рацете, до душа плави ми се и ги немам многу, само зависи под каква светлина сум, ми се потемни некад... и ми вика слушај ме, после ќе ми бидеш благодарна... :? :roll:
Со Veet крема за брзо време растат и кога растат боцкаат. Не се задебелуваат но растат како свиткани некако, како бричени. Јас одам на депилација со восок. Е, кога немам време, пари, услови, со Veet ги депилирам.
Ве молам некој да ми каже ако знае каде може да се најде восок за депилација во скопје и колку пари отприлика чини?? Итно е, ви благодарам однапред.
Не знам на каков восок мисилиш, меѓутоа во аптека на Зегин имаше пред некое време, не сум сигурна за сега провери, а од Веро имам купено од оние што се како со ваљачњ што ги користат во козметичките салони на тоа цената му беше околу 170 денари но воопшто не сум задоволна од тоа иако добро го растопив многу брзо се ладеше и премногу ми стануваше на кожата. Јас се депилирам со машинче и раце и нозе.
Јас се двоумам дали да почнам да се депилирам на раце. Не ми се познаваат многу и не ми се страшни бидејќи се плави, околу пола сантим ми се долги, но во последно време малку како да ми се згуснаа или мене така ми се причинува. Во лето речиси и не ми се познаваат. Е сега, се двоумам затоа што не знам дали после депилирањето ќе ми станат погусти и поцврсти... Ги гледам другаркиве што се депилираат, кога им растат им боцкаат како тие на нозете и мене тоа ми е поодвратно отколку да имаш не толку впечатливи влакненца... Инаку првпат ќе се депилирам на раце (ако се депилирам) и тоа ќе биде со шеќерна паста. Сепак знам дека е поубаво да имаш мазни раце, но ме плаши ситуацијата после депилација. Каков е случајот кај вас, има подобрување (ретчење) или не?
Нема потреба да се плашиш. Еве јас конкретно се депилирам со ЛАДНА ДЕПИЛАЦИЈА (би ти ја препорачала и тебе и на сите други) ,така да со самото депилирање на рацете почнуваат да се ретчат и воопшто не боцка после депилирање т.е кога ќе почнат да растат.Така да воопшто немој да се двоумиш...доколку се одлучиш дека имаш потреба СЛОБОДНО стори го тоа...
Глупо ми е кога ќе видам девојки со влакна на рацете. Па мајка му стара девојче си издепилирај се, ако до толку неможеш со депилација па бричете се (што не препорачувам). Инаку јас се депилирам и не боцкаат влакната кога растат така да не се секирајте. Мислам дека влакната боцкат ако се бричеш.
прво почнав со шеќерна паста па со восок после некое време,па практикував пинцета понекогаш и сега кога видов на една другарка какви е се секогаш рацете мазни и дека влакненцињата и растат поретко кога се бричи со бикче пробав и јас и сегаа не се каам вистина е.и не се погусти и поостри.
на почетокот и јас почнав со крема да депилирање но после си зедов депилатор и еве веке неколку години само со него и многу ми се изретчени влакната а немав многу кога почнав
Со шербет: -9 големи лажици шеќер -9 мали лажици вода -2 лимонтуса Се вари на тивок оган додека да се добие боја на мед. Како ленти користам бели листови од А4 формат, ги сечам лепам, тргам и амин. Ниту мозолчиња ниту мака, ниту болка, ниту влака 1 месец. Полесно и поефтино здравје. (инаку со оваа количина смеса ми стига и за нозете, потколеници) Влакната стануваат поретки и помеки со текот на времето.
Јас како детиште на 12 мислам години го зедов бричо и ги избричив рацете налет тоа сета се испосеков незнам што ми сечеше главата... после почнав со крем за депилација ама пак брзо растат и сега со ленти... ја прашував една братучедами рече таја на секое тужирање со брич се бричела на раце незнам како не и се здосадува..
си купив крема за депилација ама сега некако ме страв да пробам,вчера пробав малку и ми успеа ама ми е страв да не ми се појават погусти и подебели влакна
Незнам зошто ама кај девојче најгрдо ми е кога ќе видам огромни црни влакна на рацете или брк Особено важи за гркињите, убави во фаца, се е супер и на каса кога ќе им ги видам влакната ми се гади. Јас би им дала совет на младите девојчиња кој имаат светли влакна и не им се познаваат да не ги депилираат, а уште пострашно е да ги депилираат со брич или крема.Веќе кога решиле нека си ги направат со восок за да излезат од корен и да се проретчат.Мене лично најубаво ми е чуството кога ми се рацете тазе издепилирани и мазни.
Јас пред скоро 2 недели ги депилирав со veet крема,а потоа ги поминав и со брич.Верувале или не,еве после 2 недели веќе сега почнале да ми растат,а не гледам ни некоја промена во влакната.Не ми се ни погусти ни поцврсти.
Јас едно време ги депилирав или дома со депилатор или на козметичар со восок, ама сега од кога ја открив шеќерната паста Сесу не ја менувам за ништо. Прво нозете ги правев и изгледа од прв пат лоша техника за еднаш ми стигна, си купив уште едно и рацете ги направив и ми остана повеќе од пола. Милина... Само си се галам Како што кажаа, нешто најодвратно ми е девојче со влакна огромни црни на рацете, колку и да е убава на лик, ако и се такви рацете одма некако , како да не води грижа за себе одма ми асоцира
Почнав со кремата на слик мислам беше првиот пат, но второ пат кога пробав се нафрлав премногу бев црвена на рацете и ме чешаше од тогаш не ја користам ни за на нозе.Сега си одам на козметичарка си немам галје тазе мазно.
Имам влакна на рацете и тоа премногуу не сум иста со другите девојчиња сакам што побрзо да се ослободам од нив ве молам кажете ми нешто за лесен начин да се ослободам од нив !! кажете ми ве молам