Па искрено,не дека има некоја стриктна старосна граница за депилација,ама нели не е во ред уште во детството да се почнува со депилации. Индивидуално е. Јас првпат рацете ги депилирав за матура.Не дека ми се познаваа мн,туку онака да видам како е. Немаат врска годините,ако премногу ти се познаваат влакната и не си задоволна од тој аспкт,тогаш може да се депилираш
Првпат депилација на раце правев за матурата и тоа сама, со вит ленти и оттогаш наваму редовно ги депилирам. Сега тоа го правам со Силк ролонот. Брзо е, се испраксирав Само нешто сакам да прашам. Има ли некоја што влакната на рацете ги отстранува со брич? Неколкупати сум се нашла во ситуација да треба да одам некаде а да немам време да ги средам, па тоа како најбрза опција ми се гледа. Ама се плашам да не почнат да ми растат покрути влакна после? Другарка ми вели дека постојано се поминува со брич и дека немало врска, влакната и биле меки, ама јас скептик сум
првата депилација на раце ја правев летово, на 14 години.Знам да, многу мала али многу ми беше срам таква да шетам, имав бааги влакна.И не се каам воопшто.Сама си се издепилирав со восок, болеше многуу, дури и крв ми течеше али ништо страшно, си бев после рает 2 месеца.Потоа заврши летото па немав потреба да се депилирам.Се издепилирав уше еднаш и тоа крајот на декември за нова година, и оттогаш многу малку ми имаат пораснато, и ептен ми се изретчени.
Се имам поминато со брич десетина пати, нит се поцврсти влакната нит се погусти. Уште се ретки и меки.
Јас сакам да почнам да ги бричам(бидејќи нема шанси да почнам да ги депилирам уште од сега), но што мислите, сеуште мала за тоа, или? Сакам бидејќи од кога го извадов гипсот на раката ми се погусти влакната и тоа премногу ме нервира.. Но ако се бричам, да не станат поцврсти и уште погусти влакната?
Не ти предлагам со брич, побрзо ќе ти растат и погусти да. Подобро е со крем или восок, ги изретчуваат
Ги депилирам со депилатор на 2-3 недели отприлика и доста ми се потенки влакната сега и изретчени. Поубаво ми е отколку со крема и слично, бидејќи сум раат подолго време, а и не трошам пари
Па ќе ти се направат како на маж. Еве маживе се бричат стално, па види каква ќе се направиш. Значи, немој никако брич да ставаш !!! Освен ако сакаш да се упропастиш. Не знам како си мала за депилирање, ама не си мала за бричење ? Депилирањето ти е 100 пати поубаво, ем ќе ти растат милион пати побавно, ем ќе ти се оретчат. Ако не можеш сама, појди за прв пат во козметичар.
Јас се депилирам со депилатор, може има едно 2 години како што почнав, на почетокот малку ме болеше ама издржливо, сега веќе се имам навикнато не ни чувствувам никаква болка, а влакната ми се многу изретчени
Само што се вратив од депилација, со ладен восок беше, не боли многу. Туку сега ми излегоа едни слични брукни како кога ќе те касне комарец. Ги има околу пет/шест, прашањето ми е дали ќе ми поминат до утре?
Прв пат ли ги депилираш рацете вп тоj салон? Помини ги со алкохол или хидроген 3%. Jас ги депилирам со депилатор машинка,ама не е тоа тоа,затоа наjчесто користам Силк рол он.
Си испаничила, ама и со шеќерна така ми излегуваат, значи до кожата ти е, најверојатно не е до восокот.
Трет пат ги депилирам рацете, првио пат за чудо не ми се појави никакво црвенило ниту чешање.. еве овој пат гледам кај рамента црвени точки во вид на акни и ме чешаат... што да им ставам знае некој да помини чешањето и црвенилото?
Мене ми е малку страв да ги депилирам рацете бидејќи другарките ми викаат дека ќе ми станат поцрни Ве молам е кој има искуство дали ке станат поцрни или исти ќе останат
Глупостии на квадрат. Јас пред да се депилирам си бев како човеколик мајмун, и на 13 години се издепилирав сама со шеќерна паста, восок.Одтогаш се имам три пати издепилирано, растат многу бавно и се ептен изретчени и побледи. Поцрни само ако ги избричиш, со депилација нема шанси.
слободно почни да си ги депилираш рацете, нема да ти станат поцрни напротив ќе ти се изретчат јас од 14 години се депилирам со топол восок и презадоволна сум