Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација на раце

Дискусија во 'Тело' започната од Vesna89, 4 декември 2009.

?

Ги депилирате ли рацете?

  1. Не

    156 глас(а)
    25,3%
  2. Да

    460 глас(а)
    74,7%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    Девојки, поготово тие што имате нежна и осетлива кожа - како се справувате со црвенилата и иритациите?
    Се депилирам сама веќе неколку години, не ми е прв пат и ги имам усовршено потезите со лентите, но секогаш иста песна - се исипувам како бебе, со ситни црвени мозолки, без разлика дали се депилирам сама или во салон.
    Ставам бебешка пудра секогаш, но и тоа не ми се покажало како идеално решение.
    Недела дена како помина од депилацијата, уште ми стојат црвените ситни брунчиња, се убив од ставање пудра и никако да помине ниту црвенилото, ниту тие малите грдосии. :|

    Со нозете немам ваков проблем воопшто, но со рацеве маки мачам веќе не знам колку време. Како се справувате со ова, жити Бога ? :?:
     
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    И јас сакав за ова да прашам.Не ми се повлекува не знам што да ставам со топол восок се депилирав кај козметичар и тоа за прв пат но веќе 2 недели не ми се повлекува.Чаре? :)
     
  3. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Не верувам дека има личност која повеќе од мене се исипува на рацете после депилација :!:
    Поготово на внатрешната страна од лактот (кај вената) срам ми е да излезам таква, па деновите после депилација ги поминувам на 30-40 степени со маица на 3/4 ракави :tmi:
    Се' додека не го најдов решението во шеќерната паста и еден мелем кој го прави еден човек во нашиот град против изгореници (брат ми како мал се беше попарил со врело млеко и со редовно мачкање месец дена со овој мелем сега нема ни една лузна, а беа прилично страшни изгорениците едната страна цела рака, града, натколеница и стапало). Мислам дека мелемот е од бозел :?:
    Мој заклучок е дека се исипувам од топлината на восокот, но сум пробала и со ладен восок и тогаш ми се јавува цренило и гнојаници, но не толку страшни. Најстрашни се со депилаторот. И задолжително бебешка пудра!
     
  4. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    157
    Znaci nikogas gi nemam depilirano raceve i mn malku vlakna imam ne se ni poznavaat ...Letovo ce se mazam neznam dal da gi pram...sto mislite vie ?
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Штом не се забележуваат јас мислам да не ги правиш, бидејќи така ќе ти бидат многу густи и цврсти и после ќе треба секој месец да се малтретираш.
     
  6. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Мислам дека со депилација (ако е правилно изведена, да не се кинат влакната) не само што не стануваат погусти влакната, туку и може да се изретчат. Мене на пример од кога почнав да се депилирам пред неколку години до сега и на нозете и на рацете ми се изретчени.
    А, поцврсти не стануваат влакната, само така изгледа кога се употребува брич. Не би требало да е така во случај на депилација.
    glisa, ако еднаш ги издепилираш влакната на рацете, потоа само треба да издржиш некои 3 недели до 1 месец додека не пораснат, би требало да се вратат во оваа состојба, како што ти се сега.
     
  7. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Најдобро е после депилацијата да не ставате ништо. Ама баш ништо. ;)
     
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Почнав неодамна со депилација на рацете, претходно ми беа едвај видливи влакната, ама годинава ко потемни и подолги ми се видоа, па решив да ги издепилирав (со депилаторот).
    Прв пат дури и крв пуштив, тенки влакненца, а подолги од потребното, ама сега дури и ги немам, многу ретко треба да поминам со депилаторот по рацете. Додуша се уште ми се вцрвенува и иритира местото, посебно на внатрешната страна од лактовите, ама се депилирам навечер, ставам талкот Бекутан и сабајлето е се во ред.
    Рацете ми се најмал проблем, за две минути се средени, ама нозете... по 20 минута за секоја, ме утепуваат :drunk:
     
  9. iprincess5

    iprincess5 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Од колку години почнавте да ги депилирате рацете? Јас имам 12 години и ми се познаваат препрепремногу многу ми се црни и големи дури и срам ме фаќа..И на нозете ми беа исти и почнав да се депилирам со топол восок и фала богу почнаа да ми се ретчат,што мислите да пробам на рацете исто со топол восок? :(
     
    На Glorcheto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    Не можам да се оставам така без ништо, кожата ќе ми стане за никаде, лом. Ова со бебешката пудра ме вади од калта до некаде и засега ќе продолжам со неа.
    Ама спас за ситните бубулици кои ми излгеуваат уште не пронајдов. :(
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Mishela пробај депилирај се почесто, на една недела пример.
    Јас ако ги оставам влакната убаво да ми излезат и после квалитетно сите ги извадам мака мачам уште 2-3 дена со ситните бубулички и многу грдо ми изгледаат рацете особено во пределот на внатрешната страна од лактот. Обично се депилирав на 3 недели ама еднаш решив со машинката да се поминам после една недела и приметив дека вака буквално ништо не ми излегува.

    Не знам, можда на кожата многу терет и доаѓа кога се чека подолго време и влакната се зајакнуваат, а вака малце по малце полесно се поднесува. Е сега обврска е секоја недела ама па многу побрзо оди кога се помалце влакна, плус рацете ми се чисти после тоа.

    Ако се решиш пиши ме интересира дали ова функционира и кај некој друг :)
     
    На marama и Mishela им се допаѓа ова.
  12. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.971
    Пол:
    Женски
    Јас имам закажано вечер ќе се депилирам на раце, нозе и веги
    ќе се депилирам по 3 пат, првиот пат и јас бев цела со ситни мали бубулици ми кажаа со пудра ама ништо...
    После се депилирав кај друга девојка и таа откако ќе ме издепилира ме мачка со масло бекутан и да од тоа сварно ми поминува за 2 часа изчезнуваат...
    Така да девојки пробајте ...
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    Фала за советот, баш ќе пробам дали ќе делува и кај мене. Никогаш не сум ги чувала премногу влакната, ама иако ми се тенки и доста светли, пак тешко се вадат со восок. :?:
    Ајде утре ќе пробам и јас со машинка и по недела дена ако подникнат, пак. Ќе пишам пак на темава, се надевам со позитивен исход. :D
     
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Не ги чував ни јас да пораснат кој знае колку, ниту ми се густи, ниту пак темни :|
    Со восок имав пробано неколку пати и не ми ги вадеше воопшто.
    Вака за една недела едвај подраснува по нешто, што се вика не се ни приметува, ама мене повеќе ми одговара да се поминувам така "на празно" и почесто отколку да се нервирам после тоа.

    Се надевам и јас ќе успее оваа метода и кај тебе :wasntme:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pipaa

    Pipaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Не ги депилирам рацете, имам светли и мали, многу мали влакненца да скоро и не се познаваат.
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.090
    Пол:
    Женски
    Руски рецепт како да ги отстраните влакната од телото без болни депилации

    Овој древен руски рецепт помага при отстранувањето на влакната од целото тело, односно нивно постепено ретчење.
    Потребно е да соберете повеќе лушпи од ореви и да ги запалите додека не се претворат во пепел.
    1 лажица пепел треба да ја прелиете со 1 литар вода. Оставете ја течноста да отстои 12 часа.
    Натопете парче памук во течноста и намачкајте ги деловите од телото каде што сакате да ги отстраните влакната.
    Постапката треба да ја повторувате неколку пати дневно, а можете и да направите облоги кои ќе ги држите по околу 30 минути.
    Набрзо влакната ќе почнат да се ретчат, а по неколку месеци целосно ќе исчезнат.

    Ако решите да го испробате овој рецепт, најдобро е облогите да ги започнете на помалку чувствителните места и да следите како ќе реагира кожата.

    Преземено
     
  17. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Не депилирам раце, имам многу мали светли влакна.
     
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    9.601
    Пол:
    Женски
    И јас имам светли влакна ама сакам да почнам да се депилирам.
    Мајка ми кога слушна ќе ме отепаше ми рече со овие зборови.
    Ти ненормална си да се депилираш на раце?
    Бог да сачува, па така да не ми дозволува и сега за сега не :D
     
  19. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    ги депилирам редовно со електричен депилатор иако не ми се познаваат
     
  20. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас мнооогу долг временски период ги депилирам рацете со восок, во козметички салон. Воопшто не ме боли депилацијата и за 10-15 минути имам максимално мазни раце! :) Не можам да се замислам со влакна на раце, нозе, интима ни во зима, а тек во лето.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.