Можеш и да ги потсекуваш влакненцата со машинка за стижење или си има едни посебни за потсекување 150 ден.се Машинката само ги крати, потоа не растат црни и дебели како со брич и ептен малку се приметуваат. Маааалку ќе боцкаш ама нема да се расправаш со бубулици
една ипол шолја (од тие за чај) шеќер, еден лимонтус и 1/4 шолја вода, загреваш и мешаш да се добие жолто до портокалова смеса... која во почеток (додека е топла) е течна, оставаш да се стврдне, ама не многу да биде млака, да може да се поднесува на кожа, и од неа месиш топчиња, ги нанесуваш со прсти на влакната, од надолу кон нагоре, и тегнеш од нагоре кон надолу и така... не знам јас пробав пред 3-4 дена не ми излегоа брумчиња, инаку претходно со истата смеса се депилирав ама со лентите или со памучна ткаенина (ако немам ленти) и тогаш ми излегуваа брумчиња, а вака не.
јас на раце се депилирам со машинка од zepter. Инаку многу ја мразам машинката и освен на рацете секаде ме боли. Не ми се познаваат веќе толку, и поретки се.
да да исто е како со ленти постапката, само што сега не користиш ленти тука само ја нанесуваш смесата и тегнеш
Јас не се депилирам на рацете, немам потреба од тоа, ама другарка ми знам дека се депилира со топол восок и нема никакви проблеми со црвенила. После депилацијата става бебешка пудра и готово
Ја користев ленти Веет и со нив ти доаѓаат како марамчиња...затоа што мене кожата ми се иритираше и со нив мирен си...само поубаво е пред спиење помини се,намачкај се со тоа како масло од влажната марамица и утредента ко нова бев...
Јас се депелирам со депилатор, ама многу поткожни ми излегуваат во делот кај лактот па сега почнав да се тријам со синѓерот од рапавата страна кога се бањам на тие делови подолго. Мислам дека ќе има резултати, барем засега не е лошо.
И мене ми е исто кога се депилирам со машинка. Само на рацете не ме боли. Иначе почесто имам навика со ленти со ладен восок и еден месец сум раат.
имам пробано и со машинка и со ленти со се ама пак џабе со се ми се прат брунчиња на рацете... ај сега ке пробам со ова со шеќерот па да видиме дали нешто ќе бидни...
Јас се депилирам со Veet крема за депилирање задоволна сум но ми растат за 1 недела и потоа боцкам...женски сакав да ве прашам што е подбор деплиациај со крем.со ленти или...?
Рацете си ги депилирам со машинка и многу сум задоволна,никакви брунчиња или било какви проблеми.И доста ми се изретчени,а и малку ми се познаваат(скоро ич) па на еден месец ги депилирам.
сакам да поставам едно прашање па ако може некоја да ми одговори сакам да се депилирам со шербет дома да направам, знам рецепт со 6 лажици шеќер, да се стопи на оган па 6 лажици вода и пола пакетче лимонтус и така натака.. сакам да знам дали треба да чекам да се излади па после да ставам од смесата за да не се изгорам, но се прашувам да не се здрви смесата ? и ме интересираат да не има некои несакани последици? и ме интересира дали се вадат од корен влакната? ве молам таа што знае да пиши ако сака поздрав и БЛАГОДАРАМ однапред !!!!
Мислам дека депилација на раце е претерано! Ајде за некоја која има изрзено црни влакна на рацете, тоа да! Ама за терање мода, или затоа што така прават другите - е тоа не го оправдувам!
Јас се бричам на рацете.Можеби ќе ви звучи чудно девојки,но јас тоа го правам од пред две години и веќе не ми ни растат...Мислам,растат секако,но скоро и не се познаваат..И супер ми е!
Исто...дури и се чудам како е можно тоа.Ќе ги избричам и ми подраснуваат по многу време.само еднаш ги имам издепилирано,но еве утре пак.Дома сама со восок