Немаш потреба, убаво ти вика жената. Ако не ти се приметуваат, не си отварај работа и обврска секој месец.
Имам темни влакна и морам да ги депилирам, досега тоа го имам правено само со крема, не знам дали да почнам со ленти или депилатор, како е најдобро?
Јас ги депилирам со депилатор и тоа од 13 год. немам некои темни влакна ама кога ти си ги приметуваш мислиш дека и другите приметуваат и почнав да ги депилирам
Јас си ги депилирам со депилатор ..и после тоа нанесувам лосион од алое вера и многу смирувачки ефект ми има за сат време и помалку немам ниту една црвена трага од тоа што се депилирав .....а претходно ставав и пудри и лосиони и само полошо ми беше...сеа само лосион алое вера и ми смирува...
Јaс имaм бaш кaфени влaкнa ни претемни ни пресветли, ги имaм бриченo сo брич пред 2-3 гoдини пoследен пaт и oд тoгaш ми се згуснaa мнoгу и сегa се пoзнaвaaт дoдекa ги бричев мнoгу брзo ми рaстеa и ме нервирaпе/ бoцкaше.. Дaли сте прoбaле нештo вaквo ме интересирa и врши ли рaбoтa?
Јас го пробав и никогаш веќе не се прелажувам со вакви производи. Поише мака видов и имав црвенило отколку да се издепилирав нормално. Да редактирам, може имав реакција бидејќи е Вит а со нивни производи секогаш сум имала проблем. Јас би ти препорачала да ги издепилираш два- три пати, може да ти се изредчат како кај мене. А моиве се црни и цврсти. Ама ги издепилирав неколку пати, ми се разретчија и сега ги бричам еднаш неделно.
Не сум почнала да ги депилирам сеуште. Светла сум по природа и мислам не се приметувааат многу. Не сакам после да си имам обврска на секои 2-3 недели да ги корнам. А и многу грдо ми изгледаат после првата депилација, црни и зајакнати.
Здраво девојки јас сум нова и сакам да прашам нешто може ќе звучи глупо но ајде,кога се депилирате до каде ги депилирате рацете до рамења или до лактовите,јас ги бричам 7 год до сега,ама ако верувате неможам да се сетам дали некогаш сум одела до рамо а во последно време забележав влакна на рамењата како мов,и сега ми е страв да ги фатам и се страшно нервирам,мислам дека сум единствена со влакна на тоа место
Јас ти препорачувам да го депилираш тој дел, бричење не, оти после ќе растат поостри, знаеш тоа... Инаку индивидуално е кај секој, некој сака до лакти некој иде комплет Јас лично кога ги депилирам ги депилирам скроз до горе, единствено кај рамењата после депилацијата може да се појават ситни мозолчиња кои за неколку дена исчезнуваат.
Да веке 7 години и немам никаков проблем исти ми се влакната добро кога растат се малку поостри ама ништо страшно
Јааа така се зезнав еднаш и никад више ! Дека на брзање немав време , иначе со машинче се правам на Браун веќе 8 год (после бикот ме болеше мн ) , не ми се исти , пола ги снема и мн помеки и побледи се.
Со цел памет ?Па добро бе имаш ленти восок имаш машинки за депилирање за 1200 денари ама твое право ако сакаш бричи си ги уште 7
Земав и јас депилатор на Philips ама некако ми е страв,пошто толку години ги бричев и знам како раснат на колку време и сега ми е страв да пробам нешто друго
абе сега и јас знам дека не е добро затоа и земав депилатор планирам од сега со депилатор, може ќе биде смешно ама кога почнав со тоа воопшто не знаев дали некој друг го прави тоа или не,знаете младо па улаво ми текна во главата и ај ама па среќа по толку години немам некој проблем