И јас забележав некои црни влакненца на стомакот, одма под папокот. Пробав да ги тргнам со ленти ама не излегоа. И сега можи беа многу мали, ќе пробам со топол восок по неколку дена. Ама многу имав црвенило и како мозолчиња ми се појавија и никако не исчезнуваа. Да не знаете што треба да ставам за да не се случи тоа повеќе? И, подобро е со топол восок или нема врска?
Јас се депилирам со топол восок и можам да ти кажам дека е доста ефикасно. Ми трае и по цел месец, не ми растат многу брзо. Е сега, моето искуство е такво, незнам дали кај тебе ќе биде исто, но пробај, неможеш ништо да изгубиш. Црвенилото и мозолчињата се појавуваат и кај мене, и тоа повеќе кога се депилирам со ленти, а не со топол восок. Затоа мислам дека со топол восок е подобро.
Утрово и јас ги тргнав со топол восок, се излезе. Повеќе со ленти-нема шанси!! Немам сега мозолчиња, само малку црвена кожата ми е, се надевам ќе помине. Па, ќе видиме до кога нема да пораснат.
Мене досега на стомакот после депилација со топол восок не ми излегле мозолчиња .. не се секирајте И не боли ич а споро растат и помалку се
Јас не сакам да ги депилирам, па затоа сакам да почнам да ги белеам. Може некој да ми каже со каков хидроген се белеат и колку често?
Имаш во аптека 3%, 6%, 9% И 12% хидроген. порано користев 9%, ама не знам што ќе постигниш со белеењето??? Најдобро стави топол восок, како што кажаа претходните девојки, лесно е, не боли многу, а растат побавно и помалку
Само со топол восок си ги вадам и супер ми е до сега не сум имала проблем со болка или некакво исфрлање,но се зависи и од восокот дали ти одговара на кожата...а за мозолчиња ако ви се појават добро е да ги мачкате со течна талк пудра (онаа за сипаници) од аптека и брзо поминуваат
девојки јас сум од ск и сакам да прашам од кај го купувате то восок за топла депилација и која цена е?
го има баш во сите поголеми маркети во деловите за козметика под најразлични имиња, во ролони или пак во кутивчиња, а исто така можеш и во аптека да го најдеш.
До сега не сум го депилирала стомакот ама сега забележувам дека имам на некои делови поизразени црни влакненца, како што прочитав од вашите постови заклучив дека најдобро е со топла депилација ...па ме интересира со каков топол восок ги депилирате ( добар ли е оној Силк?) и дали преферирате во козметички салон или во домашни услови?...додајте и некоја информација плус, не ми е на одмет и така не сум доволно искусна со самостојно депилирање ..
Имаш во аптека 3%, 6%, 9% И 12% хидроген. порано користев 9%, ама не знам што ќе постигниш со белеењето??? Најдобро стави топол восок, како што кажаа претходните девојки, лесно е, не боли многу, а растат побавно и помалку [/quote За белеење би ти препорачала хидроген 3% млечен(30 денари),најслаб е,од аптека ке си земеш бланш(прашок,имаш од 20грама-40 денари и од 50 грама-80 денари,ама за стомак ти е доволно од 20 гр.) и ваков хидроген.Правиш смеса ко за шатирање на коса,и нанеси го слободно на стомак или кај сакаш,ама,држи го неповеке од 3мин,мах 4 .Ако имаш чуствителна кожа,држи го 2 мин,а ако сепак се појави црвенило,после туширање,намачкај со млеко.не е опасно
Па можеш и сама воопшто не е тешко и е брзо. јас се депилирам со силк ролонот и е доста добар редовно го употребувам и воопшто не е скап
Ми испадна ненадејно да одам до Охрид, и во брзањето немав ништо друго при рака освен брич. Од еднаш може да ми се направат влакненцата погусти и потврди?
Депилатор таму нема шанса, пробав еднаш и очите мислам дека како на Том на федери ќе ми излетаат . Златен восок, јас користам оној што е Силк како рол-он, со него го депилирам стомакот и надусниците, и воопшто не ме боли. Страв ми е да ја повлечам лентата но стискам машки заби и готово-мазно е. Е сега мене после депилација ми се исфрла стомакот, поточно таму кај што сум се депилирала, не веднаш туку наредниот ден, со онакви ситни црвени топчиња и тие ми стојат 2-3 дена и се губат после тоа. Но јас стомакот го депилирам редовно само преку лето, зошто нели маички па може да се поткрене маичката и оп влакната на мегдан не иде грдо е. А во зима еднаш или два пати ако се издепилирам немам многу и + цело време со боди, дуксери, туники и никој не ми ги гледа( освен Петко ).
Вчера се издепилирав баш, со депилатор. Под папокот немам гајле, ама сега ги потфатив и тие малце над папокот и сега имам такви црвени точкички што чешкаат, се надевам според постов на Најубава дека за 2-3 дена ќе ги снема
депилација на стомак.! Зошто сите ми велат дека депилацијата на стомакот е стетна ако се депилираш на секоја депилацијаа? па јас мислам дека сега е лето и тука треба да бидеш издепилирана