депилација на стомак.! Јас го депилирам стомакот, ама со крем! Многу е грдо, сегде си се издепилирала а на стомакот стрчат влакната од сите страни! Можда не се толку големи, како кај мажите ама сепак влакната на стомакот на жеснкото воопшто не го красат и не покажуваат никаква женственост!
Јас со восок го депилирам ама шо појке се депилирам толку појке ми растат влакна на стомаков и не само на стомаков и на нозеве многу брзо ми растет и погусти се што да правам??
чудно мие дека растат побрзо а се депилираш. Јас се депилирам ама ниту ми растат повеке ниту побрзо напротив ми се мн изретчени. Со што се депилираш?
Леле мене повеќе ме боли депилација на стомак отколку интима И го депилирам со вит,неможам со ништо друго,знам дека не трае многу ,ама ни машинче ни восок не бива,на интима истрпувам а ваму јок бе
Што да правам на стмаков имам многу влакна страм ми е да одам и на плажа ако почнам да се депилирам уште појке ке ми растат имам 17 год ми имет кажано ко ке напрам 18 год редовно да сум се праела ке ми се изретчеле
Јас откако ги издепилирав тие неколку влакненца што речиси и не се познаваа околу папокот, си направив огромен проблем...сега ми растат црни, долги и потврди. Значи тие што имате по некое влакненце и повеќе отколку на влакно личи на мов, ве советувам да не почнувате воопшто да го депилирате стомакот...
Сите зборувате за под папокот колку што разбрав јас. Ама мене ми се јави проблем со влакна и над папокот, што со нив? Не се познаваат многу но на допир гадно ми делува. Спојлер Треба да одам на лекар да испитам хормони, ама тоа е друг проблем, надворешно ме интересира како ги отстранувате?
Вака девојко.на оваа тема имам разговарано со др.Ирена од ординација Анчевски.ако сакаш посети ја а можам да ти дадам и број.најпрво те праќаат да си ги испиташ хормоните а потоа и на гиниколог.откако ќе утврдат за што се работи ти препорачуваат ласерска епилација.и јас имам правено на надусниците.влакната не ги отстранува 100% но сепак ги проретчува.за тоа се потребни од 6 до 8 третмани.истото го прават и на стомакот и на сите делови од телото.навистина е скапо но вреди верувај.растот на влакната значително се намалува.а ако несакаш најди си добар козметичар што ќе ти ги отстрани со восок.во никој случај немој да користиш брич бидејќи влакната ќе ти станат погусти.сепак ако можеш да си дозволиш ти ја препорачувам ласерската епилација.тоа е најдобар метод за отстранување на влакна.
За хормоните пијам лекови но тоа естетски не го решава проблемот. Ме интересира како можам најубаво да ги отстранам дома? Ласерски не сакам уште да пробувам не од финансиски туку од други причини. Сега за сега не ми е во план.
Како се користи восоков за депилација?? Начинот на употреба? http://www.galafarm.com.mk/images/proiz ... cki/11.jpg
Имам линија од црни и големи влакна под папокот и малку ептен над него. Ги отстранувам со восок, друго не ни помислувам. Многу ме нервираат, освен знаете каде , тука ми се најгусти.
Порано ги депилирав со крем, ама ми кажаа дека било лошо, наводно влакната растеле побрзо и се множеле. Растеа побрзо да, ама не се намножија. За секој случај почнав со восок да ги депилирам и сега мака си немам, не ме боли и цело лето што се вика, јас немам влакна на мешето!
Јас се депилирам под и над папокот со оваа шеќернава. Т.е досега само еднаш се имам издепилирано,минатото лето,сега кога ќе почнам да одам на базент пак ќе се издепилирам...мислам дека 2-3 пати е доста за цело лето депилирање таму.