Девојки да ве прашам, дали некоја го има издепилирано целиот стомак? Зошто јас планирам сега годинава да го направам тоа за прв пат ама не знам дали е вообичаено, како да и кажам на козметичарката? Со каков восок го депилирате и дали можам цел да го депилирам дома?
Ако имаш видливи црни влакна депилирај а ако имаш од оние тн ,,бебешки,, не се замарај затоа што со тек на време ќе ти поцрнат. Шеќерна депилација или евентуално топла депилација. Ако и кажеш на козметичарка ќе ти го издепилира целиот и ќе ти наплати :geek:
Јас го депилирам целиот стомак , со топол восок Силк , не сум забележала нешто да ми се поцрни , а веке со години го депилирам , само што мене брзо ми растат , не ме држело никогаш 1 месец како нели обично што треба депилација , по 2ипол недели некаде ме држи , ама мене секаде така брзо ми растатНемаш потреба од козметичар многу е лесно и брзо , можеш и дома
Јас се издепилирав еднаш ама многу брзо ми пораснаа и сега ги избелив со крема Андина. Знае ли некој колку време од прилика ке ми стојат бели?
Имам малку влакна на стомакот. Нема потреба да ги средувам, бидејќи се светли и не се забележуваат многу.
Јас прв пат ги издепилирав ова лето, со шеќерна депилација и воопшто не болеше, ама многу брзо ми пораснаа.
на козметичар кој дел го депилираат од стомакот...моја другарка отишла и само околу папокот а има доста црни,големи влакна проширени накај половината и градите...
И јас имам влакненца на стомакот, само што не се на целиот стомак, туку како тенка летна на средина од стомакот вертикално , многу пати имам размислувано како да ги извадам, незнамммм, а се познаваат, многу... Размислувам со лента тенка да ги тргнам само тука.. или па ... незнам ..
И јас исто така имам тенка линија,во правец вертикално. Имам пробано да ги отстранам со ленти.Ама боли,и тоа премногу.
Можеби е непромислено од моја страна, ама јас си ги бричам. Имам само на мал дел од стомачето, на средината и не сакам и со тој дел да се замарам со депилации, бидејќи го депилирам речиси цело тело, освен интимниот дел (и тој со брич). Ќе поминам еднаш со бричот и поедноставно ми е отколку да ставам восоци и на стомакот.
имам и јас влакна на стомакот но не многу вертикално ми се и ги избелувам со бланш веке некое време но брзо ми паѓа тоа и ми се познават па сум размислувала да ги депилирам со шеќерна паста но мајка ми ми вика да не почнувам после ќе сум си отворила работа па ќе треба цело време да се правам демек не ми се познавале ама јас гледам дека имам така да може и ќе ги депилирам ќе видам, вие што ми препорачувате.
мислам дека нема девојка која го нема овој проблем со влакната најдобро ти е со восок да се депилираш еве јас сум пробала се и најдобра опција ми остана восокот