Денес се депилирав и на стомак, со топол восок. Имав еден восок depi и пробав со тој, инаку на рацете немав проблеми со тој восок а сега на стомак многу болеше. Не се издржува. Боли премногу депилацијата, особено ако имате повеќе влакна, како мене. Издепилирав неколку делчиња ама останаа уште влакна, не сум целосно депилирана. Собирам храброст овие денови па ќе довршам. Малку по малку ќе пробувам. Или најдобро е да си идам на козметичар.
Се депилирам со топол восок. Последен пат се депилирав во летото, не ми растат многу но треба веќе пак да ги скубнам
Се направив сама дома, со Вит ленти. Само се нервирам, на тоа место каде што се правев ми излегоа акни .. И сега повторно сакам да го правам, ама акните стојат
вчера бев на депилација и ме праеше со ладен восок и дома ко се видов бев многу црвена и ко изгорена и сега по цел стомак имам црвени лини и мн ме печит ко изгорен да ми е дајтеми совет со со да се мачкам се праев со здравје кремата ама не ми се намали сега се намачкав со кантарија и ке видам до утре дали ке ми се смирит
Некоја билна крема немаш ли? Јас обично Дермазан мачкам на изгорено, црвенило и сл. Кремава е од билки и е природна.
Сакам да прашам дали има некој искуство со избелување на влакненца на стомак? Јас имам малку и не знам дали одма депилација или додека ги нема многу само избелување за да не се познаваат. Мислите дека кожата ке ми се општети?
Јас имам пробано, бланш и хидроген малце за некои 5 мин измиј го и нема да ти се гледаат. Може да те чеша малку ама јас немав никаква реакција, само се намачкав со млеко за тело и толку.
Јас ги депилирам со депилатор ама ми се појавија некои точки црвени како флеки и не се тргаат си стојат така одамна дали има некоја крема или слично што може да ми ги отстрани?
И јас имам влакна на стомакот и страшнооо ме нервираат,сакам да пробам со депилатор ама ми е страв да не ми израснат појаки,може некој совет како мислите дека е подобро поззз
Може ли некој совет за отстранување на влакна од стомак и гради кај машко што е подобро... Депилација или бричење?