И со конец можело??? Баш ке пробам. Иначе постои и таков производ. Две рачкички за држење и метално во средина и ги вртиш во спротивен правец и овие ти ги кубат влакната. Ги имам видено на ebay (оттаму и сликата) кинески изум е иначе
Волфче морам да признаам, супер тема Ќе пробам да ја научам техникава, никогаш ја немам пробано, а имам слушнато
И јас ја пробав техникава, денеска ....не создава голема болка, но сепак не сум сигурна дека ги вади сите влакненца од корен . Како и да е добро е да научиме нешто ново
Го пробав денес!! Брзо го научив и стварно е ефикасно..многу побрзо се отстрануваат отколку со чупалица а и не боли многу.
хммм.. интересна работа баш ќе пробам и така ме нервираат веѓите секоја недела се чупам. Едит: Их ама интересно, не боли воопшто, утре кога ке им седнам ке има да ги нема
Овој метод на депилација е одличен.Јас го имам пробано повеќе пати,посебно на нозете и за мене е побезболен од депилација со восок.
Ја пробав оваа депилација и стварно ми се свиде, особено за надусници. Боли исто како и чупањето со пинцета но мислам дека е поубаво. Веднаш ја усовршив техниката и од сега па натаму овој начин на депилација ке го применувам, за лице само нормално
Јас ја пробав оваа техника на веѓите ,но некако имам чувство како да ги кине ,а не да ги вади од корен
Jас многу сум задоволна како ми ги прават вегиве со конец,плус иста цена е со восокот(19дол)само што од восокот:ми изглегуваат мозоличиња и побрзо растат последниов пат кога ме правеа со конец како повеке да ме болеше,а првиот пат не чуствував болка,можеби до козметичарката беше
Сум пробала и можам да кажам дека е одлично. Од почеток една комшивка ме депилираше но после пробав сама и не е баш тешко. Најдобро е за надусници...
Го гледам видеово и страшно ми делува некако , и осеќам дека ако јас пробам, ќе се испоштипам со конецот Ќе пробам дефинитивно ама ми е страв да не се штипнам а да, на веѓи ќе пробам, на интимен дел нема шанси, иако и за на веѓи некако језиво ми е кога слушам како пуцка конецов