Не е страшно, не боли. Мене ме депилираше една пријателка на рацете со конец и воопшто не боли, а и набрзина завршивме со депилирањето.
мене најболна депилација ми е депилацијата со конец.се чувствува секое тргнато влакненце.имам пробано на надусници еднаш и никогаш повеќе. а пред тоа се вежбав на други и мн ме болеа рацете од конецот.
Пред некој месец првпат ја видов темава, и веднаш пробав. Морам да се пофалам дека ја усовршив техниката после неколку обиди, па веѓите и надусниците си ги депилирам на овој начин. Некако ми е по практично, не се лепам со восок, ниту нешто загревам и т.н. само конецот и за 15 минути тип-топ. Морам да додадам дека најверојатно влакненцата од надусниците или ми се изретчени или навистина споро раснат. Бидејки немам многу со восок ги депилирав еднаш месечно, сега после 2 депилации со конец гледам како помалце да ги има :geek: . А за болката, не е страшно само малце трпение и ќе се навикнете
Imam slusnato za ovaa depilacija, tetka mi ja koristi. Znam deka e mnogu mnogu efikasna i deka pomalku boli od depilacija. [mod-kirilica:16ud3fls][/mod-kirilica:16ud3fls]
Девојки јас минатата недела се правев надусници и се утепав од плачење За Колку време ви растат влакната на надусници? мене веднаш ми растат,една недела помина и толку,било со восок,конец,крема и вас така?
Пробав и навистина ги ваду дури и најситните влакненца. Ги правев веѓите, но малку само пробав зошто сеуште не знам да "управувам" па не сакав да се осакатам Добро е за веѓи и надусници, но немам нерви за поголеми делови како раце и нозе
Вчера пробав на надусниците и стварно е добар и интересен начин за депилација. Ниту лепење со восок ниту чупање со пинцета. Уште неколку пати и се надевам дека ќе се усовршам.
Пробав на веѓите и на надусниците, точно е дека го вади секое влакненце, ефикасна е, но премногу боли. Сепак ќе си останам на восок и пинцета.
Threading само на веѓи, никаде друго не сум пробала, ама полесно ми е сепак со пинцета. Не би пробала тоа некаде друго.
Колку интересна работа ! Досега не сум знаела за ова чудо! Морам да ја научам техникава ,ме фасцинира ! Ќе ве известам за евентуален напредок
Ова е стварно интересно, вчера од досада пробав и да видите какви црвени траги имам сега на моите кутри прстиња (Палецот и показалецот со кои цело време го контролираш конецот) Се скубнаа неколку како за прв пат ама многу мачно е беее
Баш ке го пробам ова Веѓите ми се за кубење, ама ја загинав пинцетата па одам ваква Ке ви пишам како испадна
Јас пробав и душата ми испадна низ носот. Секое влакненце го осеќам како се корне и неможам да издржам, сепак ќе си продолжам со восок. Како и да е, интересно е но не е за некои како мене