Го пробав ова одамна на лицето и понекогаш така се депилирам, бидејќи секое влакненце најмало ти го вади. Само малце мачно е, но многу ефикасно.
Другата недела ќе се депилирам со конец на нозе, двете за 100 денари, инаку за колку време растат влакната?
Пробав еднаш да ги средам веѓите. Лесно е, не боли. Ама ништо неможе да ми ја замени чупалицата. Не за друго, почнав да правам некои глупи потези со рацете, 3пати ги заплеткав околу мене додека фатам положба. Го баталив конецот сега за сега, ама сакам да пробам на надусниците. Гледам доста сте задоволни
Искрено прв пат слушам за ваквиов начин на депилација и ми изгледа доста интересно. Би сакала да пробам на нозете, но што велите вие? Се исплати или .. ? Јас иначе се бричам ама сакам да престанам бидејки многу брзо ми растат. па ме интересира после колку време растат од ова?
Една другарка во школо ми кажа за ова и денес пробав да ги депилирам надусниците и веѓите и успеав, само што малку болеше.Утре ќе пробам и рацете да ги издепилирам, па ќе видиме.Инаку другарка ми вели дека поспоро растеле влакната отколку со восок така да да го исфрлам веќе восокот црвенило ми прави
Прв пат слушнав од тука за ваквата депилација,и сега само што пробав и морам да кажам дека сум пријатно изненадена.Мислев помачно ќе ми е,но сепак излезе супер.Морам да кажам дека секое влакно излева.
брза ефикасна и безпари депилација,јас со конец депилирам делот кај брадата и понекогас вегите,а за надусници користам восок бидејки ова со конецов е многу болно,а исто и тие сто имаат појаки и темни влакна на делот од лицето нека пробаат со конец засто ги истенцува влакната и со текот на време стануваат како останатите ја губат острината и се нормализираат
само што ја видов и преиспитав http://www.youtube.com/watch?v=jITqHkTU8_s пробав на нозе - ефикасно е но многу е мачно и на прстите ми се направија решки :/ и на надусните пробав ефикасно е но за нозе не е баш зашто имаме премногу влакна
Мене многу ми е интересно ова со конецот, веќе неколку месеци средувам веѓи и надусници применувајќи ја техникава, а од пред некое време почнав да средувам и нозе. И онака немам којзнае колку влакна, а најчесто проблем ми прават оние влакненца на листовите кои никако не можам да ги средам со восок, па со ова ми се тип топ. Воопшто не ме боли, дури и помалку пецка од чупањето. Колешка од факултет ми рече дека уште на почетокот кога почнала да се средува, се тинтрела со конец, на целото тело. Мене уште ми е незамисливо на пример, препони или интима да средам вака, уф. Баш сум љубопитна, ама мислам дека не би се осудила да пробам.
Баш пред малце пробав на нозете. Искубав, да не претерам..пет влакна. Не, не, немам јас живци за ова.
јас неможам да сванам како таа со конец цела нога ке издепилира јас пробав ама нисто извадив само 10 влакна и тогуу
Дали има салон за жени и мажи што ја користи оваа метода,бидејќи сакам да го убедам и мажот да ги корегира и он а и јас малку?
Една другарка практикува ваков начин на депилирање,од причина што само вака не и поцрвенува местото. Јас пробав,ама не успеав.За ваков начин на депилација не се снаоѓам