Jас надуснициве ги ваѓам со конец, не боли едно, друго ниедно влакно не останува, се кубат и малечките и ситни влакненца, се вадат од корен и споро растат, па и се ретчат до некаде-баш сум задоволна. девојки не е тешко, пробајте...има убав резултат. секој може, не е комплицирано ништо. http://www.youtube.com/watch?v=-WeTiyptlPU ова е за веѓи: http://www.youtube.com/watch?v=y-Io5qY0iTY
абе ја пробував сама и успевам ама секогаш има некое влакно појќе исчупано и сеа ми треба стручно лице некој што е поискусен во тоа да ме среди за матура.. така да ако знае некоја нешто нека пише
Кога слушнав за депилацијата со конец, знаев дека веднаш морам да пробам затоа што ако има нешто што најмногу ме нервира и мразам да го правам е - средување на веѓи и депилирање на надусници. Не знам зошто велите дека не ви успева, мене уште првиот обид ми беше успешен, оттогаш пинцетата ми е во пензија само на овој начин средувам веѓи и надусници.
Јас сама еднаш си ги депилирав веѓите со конец и мнооооогу ме болеше, солзи почнаа да ми течат, така да никогаш повише прв и последен пат ми беше тоа.