Благодарам за советот И да супер би било ако може информации за шеќерната депилација колку чини и дали има во Скопје салон кој работи со оваа метода. Поздрав
Пред две-три години бев на депилација со топол восок, едноставно не можев да ја издржам болката поради тоа што имам тенка кожа. И самата козметичарка ми кажа дека е подобро следниот пат да се депилирам со ладен восок. Следниот пат отидов на ладен восок и се беше во ред, не ме болеше многу (нормално боли, но не претерано многу). Ладната депилација е многу побрза, поефикасна и похигиенска од топлата депилација, но секако ладната депилација исто така е поскапа. Ладниот восок стои во едно кутивче (roll on) и прво се загрева за да се стопи восокот, па потоа те мачка и потоа на намачканото става лента, ја притиска и ја вади. Инаку ваква депилација би требало да има во сите козметички салони, а јас бев на депилација кај Градски Стадион во старите згради ама имаше некое чудно име и никако не можам да го запамтам, а платив 550 денари.
Се согласувам со тоа дека ладната депилација е побрза но не знам колку е поефикасна.Бидејќи јас откако се направив со ладна депилација влакната ми подраснаа идната недела и затоа сум незадоволна исто како да сум се бричела.
Па дека последниот пат бев со другарка ми на депилација, она се депилираше со топол, а јас со ладен восок, на неа неколку пати и помина со топол восок од сите страни, а мене само по еднаш. Тоа беше претходната недела, а веќе почнаа да и растат влакната, а на мене уште ми немаат пораснато. Само кај ладната депилација лошото е тоа што ти се прават црвени точки после депилацијата и им треба минимум еден ден за да ги снема, а кај топлата депилација не се појавуваат такви точки.
Да со ладната депилација е многу побрзо,можеби не баш за недела но кај и да ќе почнат да ти растат.Јас се чувствував исто како да ми биле бричени.И не само јас и моите другарки баш го коментираа истото.
Колку за ваша информација постојат восоци во различни бои..има црн..а има и бел и буквално во сите бои..јас имам долгогодишно искуство со црниот восок и гарантирам дека тој е сепак најдобар ..а доколку не се менува восокот редовно тој нема да ги вади влакната и депилацијата ке биде неуспешна...а бојата восокот нејаменува во зависност ос искористеноста..ако восокот се користи повеке време и вои несоодветни услови ке има остатоци од влакна што е видливо и сигурно тој што ке го користи тој восок ке има црна реклама..поздрав
jas redovno se depiliram so topol vosok i navistina sum mn pozadovolna otkolku koga se depilirav so laden vosok ( bas od tie pricini- bilo pohigienski) ...ako se grizite za higienata eve nekoi raboti koi se nadevam ke ve razubedat malku iskoristeniot vosokot se stava vo takva naprava koja go pretopuva na nz tocno kolku stepeni i go proceduva od site vlakna i od site mozni bakterii ( znaci koja i da e bakterija na taa temperatura se unistuva) so redovna upotreba na topol vosok, vlaknata stanuvaat pomeki i so tek na vremeto se se' poretki i poretki, sto ne e slucaj so ladnata depilacija, bidejki topliot vosok mn podobro gi otvara porite na kozata i vlaknoto go vadi so se koren ( iako i ladniot vosok se zagreva, ne moze da ja dostigne toplinata na topliot vosok)
Само еднаш во животот со топол восок, ма не со топол тој врел беше, и мн ми беше жежок и од тогаш натаму јок со таков восок, мислам ме испогореа (добро ништо не ми беше само јас така си мислев дека ќе ме изгоре), плус тоа тој само го претоплуват и го цедат и сите со тој восок ги депилират, зна4и далеку од хигиенски, така да со ладен најдобро е или со депилатор....
За мене депилацијата со ладен восок не се покажа ефикасна, за десетина дена пак ми пораснаа (зборувам за влакната на нозете), а исто така многу повеќе ме боли со ладен отколку со топол восок. Похигиенски е со ладен восок, ама за мене топлата депилација е далеку поефикасна и помалку болна. Навистина незнам што да правам.
јас си се депилирам со топол восок..го употребуваат исто како ладниот..одма пред мене во канта го фрлаат, и додаваат нови плоцки восок за топење...значи се е топ..башка и не е толку скапо , 300 ден нозе и препони..и не боли толку како ладниотова е кај Жанета естетик...на други места незнам како е
Јас стално си се депилирам со ладен восок и пре задоволна сум тоа го правам на козметичар...а да ви казам дека депилацијата со жежок восок е малце проблематична пошто со неа стануваш повеќе влакнеста.:/
девојки може некоја да ми каже како со ладниот восок? купив ладен восок но упатството за употреба е на друг јазик.. не разбирам..
Воопшто не се согласувам со мислењето на AzSxDc !!! тешка глупост кажа сега, се имам депилирано на двата начина и растот на влакната е подеднакво ист... разликата е само во тоа (кај мене) што ми е некако покомплицирано со ладниот восок, се депилирам у козметички салон, и земи го намачкај, врати го и едно 100 пати така, поулепена сум после депилација со ладен восок а и поцрвена.... ете толку
Добра работа и помалку боли. Ја употребувам само оваа депилација ,посебно на интимната зона,баш ми одговара.
Женски кажете што е подобро, депилирање со Рол он на Силк или со восок за депилација што треба да го стоплиш во алуминимуски сад, не знам кој да одберам и со кој да земам да се издепилирам. ОВА или ОВА И дека е хитно, колку мора најмалку влакното да е, фаќа на до 1 цм скоро, не се ни 1цм должина на влакно со двеве? Ај просветлете ме со одговор или на крајот крема. Спојлер Двете болат исто или
Јас се депилирам со ладен восок ама не ми е ништо посебно.Ко ќе си одам дома одма забележвам некој влакненца шо не се истајле.После 3-4 дена почвет да растет ко луди синкир сум се избричила .Можда пак до козметичарката е незнам.
Знаете како да набавам електрично апаратче за ладна депилација со патрони?Има од веет 700 ден е со патрон 50 мл гратис,а нов патрон е 400 ден.Гледав на интернет од депилеве се 7000 ден така нешто,ама тоа е огромна сума.мислам дека некогаш можам сама да се поминам пола нозе,него да трчам на козметичар,не ми изгледа тешко за домашни услови