Депилација со шеќерна паста znaci najdobra od se e ladnata depilacija jas sum od Prilep i depiliram so ladna depilacija i so sekerna pasta i taa isto taka e preubava.tie sto depiliraat so topol vosok mozebi ke go frlat pred vas no podocna ke go izvadat i ke go pretopat...a bakteriite ne izumiraat na tolku niska temperatuka kolku so vosokot se filtrira vo masinata se preceduva i se vadi kako nov...toj istiot mu go stavaat na site i po dolgotrajna upotreba se gori samiot toj i ne depilira dobro.zato popoleka nikoj veke ne se depilira so topol vosok oti veke site se informirani sto se moze da se sluci.Mozebi so topliot vosok malku pomalku boli no ne vredi da rizikuvate i ovaka i onaka na site 3 nacini dali so laden dali so topol ili sekeren boli nema bezbolna depilacija pozzz do site
Јас сум за депилација со топол восок. Во топлиот восок мислам дека е и помало присуството на бактерии (за ова не сум баш сигурна) но по некоја логика би требало да е така. А и поради тоа што кога ќе го ставиме топлиот восок, порите се отвораат, и влакната поубаво излегуваат(по безболно е)
незнаев каде да пишам, па морав тука.. ми треба многууу некој што знае како се подготвува восокот дома.. али восок од пчели? ако знае некој нека ми пише лп.. фала однапред!
Девојки, женички, како да го извадам восокот од лентите !? Значи имам такви ленти кои одат со рол-он депилаторите, со смесата од оној Силк лесно се миеше, но ова сега е баш восок и се тегне како мастика, ниту се вади со топла вода, ниту со масло. Да пробам со пегла - да ставам весник врз лентата и да ја испеглам, ќе излезе !? Сакам да си ги искористам лентите и при наредна депилација.
Ја купив денес Веет топилката,утре ќе ја пробам па ќе ви пишам искуства како сум се снашла. Инаку само Веет патрончиња собира што е и очекувано. Се приклучува во струја ,го топи восокот и после 20тина минути треба да е спремно за употреба.
Депилација на тело Купив рол он ладен восок со кој дојдое ленти за депилација празни, ама многу брзо ми се потрошија а од восокот ми остана уште. Знае ли некој каде можам да купам, барав секаде ?
Депилација на тело Лентите не се само за една употреба,кога ќе ги потрошиш сите,со топла вода се мијат,и ќе ги оставиш да се исушат целосно. А ако веќе си ги фрлила,најверојатно во аптека можеш да ги најдеш.
Таквите ленти се за повеќекратна употреба.Откако ќе бидат излепени со восок,се перат со топла вода,и пак се користат. Немам идеја каде би можела да ги најдеш,освен во некој снабден маркет или во аптека да прашаш. Инаку може и наместо ленти,да користиш крпа,од некој лесен материјал.И со тоа функционира
Јас не сум се депилирала со ладен восок досега, ама планирам зошто имам многу поткожни па да видиме. Иначе за хигената кога е во прашање, ваму каде што се депилирам жената сама си го прави восокот па затоа после депилација го фрла, а и пред депилација ја гледам пред мене како го топи нов. Па затоа ладна деп сакам да пробам заради љубопитност и заради поткожните, па ќе видиме
јас се имам депилирано со ладен восок и не ми се допаѓа тоа што кога ќе почнат да растат се исто како да се се бричела но ми се допаѓа тоа што почнуваат да растат за 3 недели и со ладен восок не можат да се пренесат инфекции како кај топол восок..
http://frizerskaoprema.mk/category/козметичка-опрема/депилација/восок-за-депилација/ девојки некој нешто да ми каже за овие ако е пробал или нешто знае или пак оној на Silk што се загрева во метален сад
Во џамбо има кај што стои козметиката 50ленти 100 денари беа мислам или 90.може исто така и хартија да се користи обична за принтање
Да, да, купив ленти на парче од продавница за ваква опрема уште тогаш. А не сум приметила дека има и во Џамбо, одамна веќе не се депилирам со восок.