Ова е восок на депилеве, шпански бренд. Наменет е за професонална употреба. Ладниот ти е за вадење со ленти, а топлиот ти е со претопување. Подобра варијанта ти е ладен восок, зошто лентите полесно би ги вадела. Сепак патроните восок е многу по практични за лична употреба. Плус и машинка за топлење на патрон восок е поефтино од машинка за топлење на лименка.
која е разликата помеѓу топол и ладен восок ? кој е подобар ? и за интима кој восок повеќе се препорачува?
Разликата е во тоа што ладниот восок ти е похигиенски , го отвараат восокот , те депилираат и го фрлаат а додека топлиот восок го користат неколку пати го претоплуваат и слично. Е сега за болка , се имам депилирано и така и така мене не ми претставуваше некоја голема разлика. А за интима незнам кој е подобар , но мислам би требало ладниот дека е похигиенски , само може повеќе ќе те боли , тоа и зависи од личност до личност.
ЗНачи и топлиот и ладниот восок се хигиенски ако ги користеш дома,зш топлиот нема да го претопуваш туку одма ќе го фрлаш,инаку се вади топлиот на прст ,ладниот се вади со лента има и топли што се во лименка што се вадат на прст.
Да, за домашна употреба да. сепак машина за депилација за топол восок е 2.200ден. а за патрони за ладен има и 900денари. Плус како што имам слушено од колешките, за сами да се депилираат многу повеке преферираат ладен и ленти. Полесно е за сам себе депилација.
Во таа машина може да се топли и топол и ладен восок,и патроните се добри ама лименките имаш повеќе избор и за повеќе типови кожа,дали сакаш за лице,дали за интима,дали за раце и нозе ,сепак се е навика како ќе се навикнеш да се депилираш,со топлиот можеш и лице и интима да депилираш а со ладниот малце е поболен за интима и лице
http://frizerskaoprema.mk/topol-vosok-depileve/ http://frizerskaoprema.mk/laden-vosok-za-depilacija-depileve/
Женски може да ми препорачате некој ленти за депилација, но да не се од вит или силк? Некои што ќе вадат влакна, не кожа Од вит во последно забележав како кожата кај надусниците ми е подруга боја, потемна. И треба неколку ленти да потрошам за да се извадат сите и целосно, и после тоа пак пребрзо да ми пораснат-за 2,3 дена.. ужас.
Девојки каде во Скопје можам да најдам од топилките за рол-он за патрони? (Не ми се чека да нарачувам од интернет.) Исто и препорака за рол-он? Планирам од депилација со депилатор да преминам на депилација со рол-он така што секоја препорака и совет се добредојдени
Зедов за промена восок во патрон. Сега и никогаш повеќе. Го пробав на нога и потоа остатоците не се вадеа со ништо наменето за отстранување на истите. Мислам дека ногата уште ми се лепи... Личи дека делот каде што пробав е помазен ама мислам дека тоа се должи на прекумерните обиди за отстранување на остатоците бидејќи забележувам дека дел од влакната не се ни отстранети. Инаку користам депилатор, ова за промена и проба го зедов. Потоа пробав и на поосетливи делови од кожата како што е горниот дел од ногата (барем кај мене) и ај што сум си склона кон модрици, ова баш како модрица ми остави на тој дел зошто ја тегне кожата, а влакната сега забележувам дека си останале. Мислејќи дека правам нешто погрешно, прогуглав пак и не, се“ е онака како што треба. Мислам дека ќе си се задржам на депилаторот. Сега ми е мило што не пробав под пазуви (иако депилација не е многу препорачлива на тие делови бидејќи има премногу жлезди и се препосетливи), ако случајно пробав прво таму веројатно ќе се извадев од памет.
Само еднаш бев на депилација со ладен восок и никогаш повеќе. Девојката мислам за 10 мин ме заврши ај што ми ги искина влакната, ме остави со остатоци од ладниот восок.... Катастрофа
Дали знаете каде можам да најдам шекерен ролон? Во ДМ купив еден обичен восок но не се отстрана добро и после не може ни со вода да се измива што не би бил случајот со шекер.