1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Шеќерната депилација ја имав испробано во 2007, муслиманка и ја кажала на братучетка ми, таа мене и експериментиравме. Арно ама, само два пати се направив пошто не бев задоволна. Али! Само поради следнава причина. Значи кога ќе ставев од пастата на нозе, и лепев лист од списание , пред тоа сечевме као демек ленти. И испаѓаше исто ако со восок, не секаде мазно, поткинати влакна... и тука заврши тоа.

    Арно ама! Пред сат и пол си ја направив повторно, и из прве ми испадна супер.
    И одев според клиповите значи со прсти тргање. И се чудам влакната не се ни кинат, значи од корен скроз излегуваат, кожата е мазна, мазна секаде, цели нозе ги направив дури и ми остана од пастата гледам некое место да фатам :lol: А и за многу брзо време бев готова, одма бе.
    После тоа кога се стврдна, ја ставив теглата со пастата во тенџере да вари, да се стопли пак смесата.
    Ем не трошиш пари, ем си супер издепилирана. Да ми потпораснат и на интимата па ќе пробам и таму. :lol:
    Ова е најдоброто нешто до сега, капа симнувам и се поклонувам. :bow:

    Лилит можеме едно козметичко студио да си отвориме, ти ќе ги правиш пастите, јас ќе депилирам пошто читав не си баш љубител на чепкање женски голи тела. :D
     
    На Lilit, rossonerka и sesilija им се допаѓа ова.
  2. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Интимна депилација

    Не сум била единствена денес што пробувала со пастава :)

    Минатиот пат кога пробав на раце, не успеав, пола и повеке од влакната ги искинав ама ај ништо не им е ке пораснат :) Затоа денес беше успешно! Издепилирав поголем дел од интимата (ке издепилирав се ама утре полагам и имам грижа на совест дека не учам :rofl: ) и стварно резултатите се WOW не памтам да ми била кожата по мазна, а болка не ни осетив дури и се смеев дека спротивно мачкав и малце ме скубнуваше...

    Што се однесува до црвенилото го има ама не како црвени точки од каде што искочило влакното, туку целата кожа ми е црвена најверојатно од притисокот ама полека поминува, најверојатно за некој саат не го снема.

    Техниката бара малце вежбање зошто верувале или не ми искочи плускавец на прстот! Уште се чудам како е тоа воопшто возможно ама ете го го гледам :?: Очигледно премногу сум стискала ке знам за следен пат!
     
  3. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Лакримоса,рецептот ти е ист како на Лилит?МЕрките се тие?Ај кажи ако нешто си ставила повеќе помалку...јас денес се спремам за депилација со пастава,па се надевам ќе ми успее,ќе пишам што сум направила
    А да и треба да почне да врие,онака со меурчиња или само да се стопи?
     
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација


    Да да, со меурчиња. Јас чекав додека доби светло кафеава боја. И цело време мешај кога ќе почне да врие.
    Еве ти и клипче http://www.youtube.com/watch?v=XRLFm5g4 ... re=related има многу
    Иначе, прво пушти го шпоретот на помалку, а кога ќе почне да врие пушти го на појако, средина.

    И да, според рецептот на лилит. Шолја и пол шеќер, четвртина чаша вода, ептеееен малце, лимонтус, и ставаш на шпорет. Ајде пробај па пиши.
     
  5. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Интимна депилација

    ^
    јарец6 јас првиот пат пробав по рецептот на лилит ама не ми успеа (премногу го вриев) и ми беше жал што си играм со храна зошто нормално го фрлив... ако го правиш прв пат пробај ко мене (не дека те терам) важно состојките се исти...

    Пробав со помалце шекер и мерев: пола чаша од 250мл шекер, 30мл вода и речиси цел лимонтус 2/3 отприлика. И кога почна да врие пуштив стоперица и на точно 2 мин и 20 секунди го тргнав тенџерето од оган и го префрлив шекерот во кутија од крема. Употребив дел, а тоа што ми остана деновиве ке го загреам малце и пак ке го употребам.

    Се надевам помогнав! :)
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.010
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Јас оваа паста ја правам со 9 лажици големи шеќер,така рамно наполнети, 9 мали л. вода и 2 лимонтуса и ја варам на тивок оган додека да добие жолтеникава боја, така побавно се стврднува и можеш подолго да се депилираш а не цело време да ја грееш од ново и ново.И потоа земаш парталчиња од така потврд материјал што не се растрга и лепеш и влечеш и тдм мазно мазно.... Со ваква паста јас и моите другарки многу одмана се депилираме, мислам од кога почнавме да се депилираме воопшто ја користиме и секогаш сме задоволни,ептен некогаш има случаеви да не ни се погодува, ама ретко, испраксани сме :D А инаку јас сега си купив силк ролон леле абе раат, ептен ми се погоди, кога ти текне згрееш и се фаќа, абе влакненце да останува, јок. А плус и лентите се перат и засекогаш можеш да ги користиш, неуништливи се :D Само јас мака си имам, вчера зедов да се депилирам долу абе моите се толку цврсти, абе црни, дебели :$ само вит ленти ги фаќаат, со друго неможам да се депилирам, не ги фаќа бе брат, тегли мачкај...така да секогаш купувам вит ленти за таму, друго чаре нема.
     
  7. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Девојки Господ здравје да ви даде за пастава :lol: .Издепилирав интима,мазна сум ко бебенце,од прва ми успеа,топ е,не боли,чим сама успеав да тегнам значи болка минимална.Супер е пробајте!
    А да не заборавам,испаѓа многу,следен пат ќе пробам со пола доза,зошто вака цело ми остана и нозе да депилирав пак половина ќе потрошев отприлика,така да за проба ставете барем пола,мн е цела доза
     
    На Lacrimosa, irenna и sesilija им се допаѓа ова.
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Оваа Лилиткава сите не издепилира :D
    Во анкетава треба да стои опција :

    4. Со шеќерната паста на Лилит :)
     
    На sesilija и enca.69 им се допаѓа ова.
  9. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    :D да баш така,најпозитивно што ми е од депилацијава е тоа што не боли и најмногу тоа што мн кратки ги фаќа влакненцата
     
  10. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Интимна депилација

    Девојки за шеќернава паста требаше само шеќер,малку вода и лимонтус или грешка сум?
    Ако е вака сега ќе ја правам, дај боже да успеам и да не направам неред дома. :lol:
     
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Интимна депилација

    Колку време се лади пастата?? мене никако да ми се згусне, а пред пола саат ја правев, мислам не беше ретка :worried:
     
  12. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Интимна депилација

    Јас ја чекав неполни 10 мин и таман ми беше... да не не си ја доправила од страв да не ја утнеш! Секоја чест за трпеливоста, на твое место одамна ке ја вратев да ја доварам! :D
     
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Интимна депилација

    Па некој кажа дека само 2.5 мин ја пржел :worried: :x
    Да ја вратам? ништо нема да биде? и колку беше густа? можеше да ја месиш како што кажа лилитка?
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Повеќе се пржи. Јас накај 5 или 6 мин ја пржам, на потивко. И да си кажам последниот пат ја ставив во фрижидер да се стврдне побрзо :lol:
     
  15. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    јас садот во кој што ја префрлив го ставив во др сад со вода ладна и брзо ми се излади,густината треба да биде како мед и тогаш можете да ја употребувате
    http://www.youtube.com/watch?v=KSPKP8nz ... re=related
    Еве како треба да изгледа,баш вака ми излезе и супер е
     
    На mon4i91, Phyramide, meruska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Интимна депилација

    јас ја пржев 2,5 мин ама за пола чаша шекер и на јак оган. По мислењава се гледа дека секој си има своја техника така и ти пробувај и најди си ја твојата што тебе ти одговара! Се надевам ке успееш од прва!
     
  17. katerina777

    katerina777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Интимна депилација

    вака да кажам за шекернава паста изгледав повеќе видеа и ја направив на следниот начин 2 чаши шеќер, 1/4 вода и 1/4 сок од лимон(цеден лимон).Се става на оган кај мене на двојка уклучен шпоретот беше и го мешав цело време.Значи треба да почне да врие да се направат меурчинја и шербетот ке добие темна боја.не се плашете ако ви изгледа течен ставете го во тегла и чекајте да се излади. кај мене се ладеше саат ипол.а тоа што ке ви остане мозе слободно да си го употребите по некое време го топлите само во микробранова или во сад со жешка вода.
     
  18. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Интимна депилација

    баш ќе пробам
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Интимна депилација

    Јарец :clap: за клипот, преубаво објаснето, сега ако на некој не му е јасно, тепаме :D :D
     
  20. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Клипот го добив од Лакримоса и да ако од ова не се научи не знам од кое,уствари ништо посебно не е одма успева.Се надевам ќе ви успее девојки зошто ако ништо друго воопшто не боли!супер е
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.