1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Интимна депилација

    Феминки супер е ова :lol:
    Јас пробав како спанко, малку се добива, но како за прв пат супер е. Но не ја послушав до крај, наместо 2-3 го вриев 5-6 минути и многу бргу ми се стврдна, пробав да го омекнам во топла вода ама не сакаше. Ама додека да се стврдне одлично ми одеше.
     
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Интимна депилација

    Јас смесата ја правам по друг рецепт. По рецепт на мајка ми :)

    2 лимонтуса
    12 супени лажици шеќер
    12 супени лажици вода

    Се вари додека не пожолтее (боја на мед).

    Е кога ќе се стврдне при крај, го ставам во сад со топла вода и се е супер ;)
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Интимна депилација

    Ах конечно и мене ми испадна. 4та среќа :) порано го вриев додека не стане жолта смесата и го тргав, е сега го вриев подолго, додека не доби карамела боја, коа се излади беше супер.
    Утре се депилирам, сега коа ја направив смесата не ми ги вадеше сите влакна, ама разбирливо пошо јас онака да пробам само, и не се бев истуширала, ниту пилиг, а бев мачкана со млеко за тело предходно, и затоа....утре на чисто :)
    Смесава револуција направи :D
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Интимна депилација

    Мучачас,се надевам дека ќе ви испадне сега.Истото ова видео го имав поставено некаде на темава,па мислев дека сте го виделе и пак не успевало.Баш вака е,само за интима,малце попрепечено правете го за да има сила да ги извлече влакната ако ви се посилни.
    И препорака,не знам шо лимонтуси имаат овие,за шоља и пол до две,ставајте еден,а не два.Еднаш ко божем за поарно да испадне,ставив два,премногу леплива и мека испадна смесата,мајка ми тврдеше дека е до тоа и цел ден ми викаше,ти реков ли,ти реков.Лимонтусот е за да не кристализира шеќерот откако ќе олади,а ако има повеќе ќе биде премногу меко и ќе лепи,а нема да се одлепува.
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Лимонтусот на почеток го ставате, така?

    Јас утре ќе ја пробам за првпат, па ќе ви пишам впечатоци...
     
  6. katerina777

    katerina777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Интимна депилација

    ставаш се заедно, промешуваш па после на оган
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Интимна депилација

    Да ви се пофалаааам....дури и јас успеав :rofl: :rofl:
    Само изгледа го препеков повеќе дека побрзо се стврднуваше, ама направив две тури, наредниот пат ваљда ќе го погодам таман....
    Интимниот го издепилирав, нозе, раце, само газот не успеав :worried:
    Не боли воопшто...за чудо....
    Стварно е одлично...супер...јас никогаш ништо од овие фризерајско-козметички работи не сум успеала сама да направам...и затоа посебно се радувам...
    Само за наредниот пат, малку порано ќе го тргнам, да не ми се тврдне толку брзо, и ќе пробам посмасно да работам, дека малку хаос направив...ама мужето на драго срце собираше по мене :lol:
    СОВЕТ од мене : Пробајте сите, штом јас успеав, сите ќе успеете :lol:
    Лилитко, уште еднаш, те обожууувам :lol: :*
     
    На Blanca и Lilit им се допаѓа ова.
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Интимна депилација

    Јас имам предлог до Лилит...
    да направи еден клип за „ЈубеТУбе“ :lol:
    Онака по нашки у домаќински услови на
    Македонски, со типс - советник (ако се деси
    ова треба она или ако Ви станало ,тоа треба
    пак од ново)!?
    Може со тоа да почнеме да окупираме и на
    овој „сите“, а верувам дека и другите Феминки
    би имале голема помош!!

    п.с. се надевам дека нема да те налутам Лилит,
    сепак е една мннн мннн добра идеа за нас кој учиме
    од гледање, а не преку лекции :angel:
     
    На roberta-rubi и Lilit им се допаѓа ова.
  9. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Интимна депилација

    ЗАКЛУЧОК: Козметичаркиве без работа ќе си останат :D
    Ве читам толку време и се решив после и јас да ја правам шеќернава паста, па ќе видиме што ќе излезе.
     
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Интимна депилација

    Oд економски аспект вршиме дисбаланс на пазарот- се намалува посетата кај козметичар, што иницира намалување на нивните приходи од услуги, а од друга страна се зголемува побарувачката на шеќер, земајќи го во предвид тоа што неколку пати се греши рецептот значи трошиме по 1кг шеќер :!:

    Тоа ќе иницира намалување на цената за депилација- од една страна, и зголемување на цената на килограм шеќер- од друга.

    Извинете, ми дојде таков момент за филозофирање :D
     
    На Cence, Isidora-Veles, Marilyn-Monroe и 8 други им се допаѓа ова.
  11. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Интимна депилација

    ouuuuuu nooooooooo
    луѓе бе, како ја правите тоа топката :sweat: мене цела ми се испозалепи на ноктите дека вештачки имам големи, пробав и со ракавици пак не ми идееееее... помоооошшшш
     
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Интимна депилација

    Ни јас неможев топка да направам, да го измесам, дека изгледа ми беше препечен....ама немора топката да ја направиш, земи од пастата директно, намачкај така и тегни :lol: ....инаку незнам баш како ќе ти оди со вештачки нокти :?: ..викни некоја другарка да те среди, а ако заглавиш некаде и нејќе да се извади, стави едно крпче врз него и влечи...се вади од се, и од облека и од крпа, и лесно се мие...
    Немаш гајле, ајде ќе се снајдеш.... :lol:
     
  13. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Интимна депилација

    еј јас ја направив денес еве сега и супер ми испадна а да прашам пошто јас сум бремена не е опасно да ссе депилирам доле со тоа,досеа си користев крема еве последниве две недели се бричам ама одвај и сега 35 недела сум и како ке ми реагира бременоста пошто сум читала тоа тегнењето носело болки или така нешто предвремено раѓање?а што да правам
     
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Интимна депилација

    Најголема заблуда е дека бремена жена (со нормална бременост) не треба да се депилира...па луѓе мои ќе неможат бебето да го извадат од шумата, ќе се заплетка :lol: :rofl:
    Можеш да се издепилираш и доле, болка скоро никаква нема, дури јас бев и пред добивање, а не ме болеше, а познато е дека пред да добиеш многу боли...
    Депилирај се, ако случајно многу те боли (што не верувам, напротив ќе се изненадиш) тогаш престани...
    Ајде, успешно да биде ;)
     
  15. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Интимна депилација

    абе енца јас си се депилирам неам шума :D нема шанси никој не кажа дека бремена жена не се депилира :fubar: ама незнам на тема бременост прочитав дека само бричење е најдобро
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Интимна депилација

    Не, не, не реков за тебе конкретно, туку многу жени сум слушнала, меѓу кои и една моја другарка, на која и се развикав дури.... :lol:
    А бричењето, според мене е полошо, после чешање ќе имаш таму :?:
    Пробај, еден зафат, втор, ако не боли, терај, ако боли, бричот... :D
     
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Не е опасно,туку поради зголемениот крвоток местото е многу осетливо,болката би била 10 пати поголема него да не си бремена,плус може да дојде со пукање на капилари,а неможе никако да ти предизвика предвремено породување.
    Ако издржуваш болка пробај,ако неможеш продолжи си со бричот
     
  18. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Интимна депилација

    фала ви на советите,ќе пробам пошто ова со бричот катастрофа ме чеша бреееееее ми иде кожа да си вадам
     
  19. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Интимна депилација

    Ни јас не успеав да направам топчиња.....со лажица ја мачкав госпожата и убаво ја заблажив :lol:
    А ноктите како ми беа тазе лакирани лом ги направив. А таа искористената наместо во канта да ја фрлам на лавабото ја ставав па после ми требаше шпакла да ја одлепам :D

    И нареден пат помалку ќе го варам, бидејќи како се лади така се стега се повеќе и повеќе. Сепак, убава работа ми заврши ;)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anjichka

    Anjichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    76
    Интимна депилација

    Денес бев на депилација и и реков на козметичарката дека сакам да ме издепилира со шеќерна паста, а обично се депилирам со топол восок..Реков да пробам, зашто имам осетлива кожа, а гледам дека сте презадоволни од неа...
    Добро луѓе, не знам дали е до мене или што е работата, но мене многу повеќе ме болеше од вообичаено..
    Дали го има некоја друга феминка овој проблем, или јас сум изрод :^)