1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    После 5 пат, после 2 кг потрошен шеќер и 10 лимонтуса - УСПЕАВ! :muscle: Оу јеаа :dance:
    Првиот пат - го загорев жеќерот, црн ќумур беше. :D
    Вториот пат - порано го извадив, се исполепев целата. |( Ама се заинатив и реков ќе те направам па што сака нека е!
    Трет пат - го направив, земав со крпчиња го вадев и цела бев модрици. |(
    Четврти пат - друг рецепт земав со 2 лимонтуса и ми беше ептен мек, се развлекуваше. Не ми ги вадеше влакната од корен само ми ги кубеше. |(
    И конечно по петти пат успешно, после повеќе изгледани клипови на YouTube - УСПЕШНО! :rofl: Скокам, викам, урлам по дома! Убаво си ја измесив, малце по малце и не боли, ни модрици ни ништо! А ги вади влакната од корен :!:
    Така да не се откажувајте, бидејќи навистина вреди на крај маката! ;)

    Овој клип најмногу ми помогна, да видите како се меси откако ќе се направи шеќеров :)

    <object width="480" height="390"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/iUNXHQ855Rg?fs=1&amp;hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/iUNXHQ855Rg?fs=1&amp;hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="390"></embed></object>
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Абе женски, не знам зошто се мачите со шеќернава паста... На пример на Галафарм Силк ролон депилаторот има многу слична структура, многу е лесен за апликација и одлично ги вади влакната. Остатоците многу лесно се отстрануваат со вода и плус не е скап. Пробајте, навистина вреди... Јас не би пробувала експерименти со шеќернава паста зошто знам ќе треба сто пати да пробам да успее, а нема потреба да се малтретирам.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.072
    Грл,да,ама техниката е сосема различна...а таа е половина работа.Јас се имам депилирано со силк рол онот и ме боли и како со восок и како со ленти вит,мачкаш во насока,тегнеш контра,плус тоа на интима,малце незгодно е и не можеш убаво да се намачкаш...исто е,ама не е исто,многу различно сепак.А и ме нервираше,ако се олади водата,се лади и смесата внатре,па морам да го топам пак,плус да стискам за да тече...не,не.Сега со пракса,седам пред тв без ништо околу мене и се депилирам и се е чисто и уредно.Во тенџерче смесата,на стар весник искористеното и толку е работата,за неполн час,писта! :D

    Кој како сака,јас немам ќар...само имам желба сите да бидат мазни и свилени без болка. :D
     
    На thatsmysecret, Lady-Marina, katerina777 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. cvet85

    cvet85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    6
    Може да е поради тоа што имаш осетлива кожа, а може и да е до козметичарката, јас ваму каде се депилирам во Александрија воопшто не ме болело до сега, ептен се добри девојкиве, ти каде се депилираше?
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Интересна работа, на сестра ми обавезно ќе кажам, гарант ќе проба. Ако го погоди она ќе искарам и јас покрај неа. Инаку јас ќе го промашам 100%, не ме бива за вакви работи.
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    и јас би сакала да пробам, имам мн чувствителна кожа,восок нема шанса да ставам одма се нафрлам цела :( , ама незнам дали има некаде во бт??ајде ако знае некоја нека каже кај има бт???ако не ке морам да пробам дома :lol:
    а колку плакате за оваа депилација??? ;) :*
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Колку што сум ја информирана - ја нема оваа депилација по салони. Кај нас е приличен нов начин, го имаше порано во Куманово (мислам) само, сега има и во еден салон во Скопје и тоа е се. Инаку е поскапа од вообичаено. Јас не сум била ама една феминка имаше напишано дека интима е 300, нозе 800...
    Пробај си ја дома :)
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ааа ништо ко така ке морам дома да пробам,ама ке си направам минимална количина за прв пат ;) :lol:
     
  9. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Лилит а да отвориш салон и ние да доаѓаме кај тебе? :D
    Ај и јас ќе ја пробам утре, но како сум со две леви раци, сигурно нема да ја погодам :D
     
  10. mistybt

    mistybt Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Има и кај нас во бт во Аура. Инаку јас со другарками пробавме пред 1 година сами да правиме, и мислевме дека супер ни иде, се депилиравме на една недела, амо еднаш ме мрзеше да губам 4 сати да правам смеса и да се депилирам и отидов таму во салонот, и они имаат од таа канадска паста александрија и никогаш повеќе не ми падна на памет да правам сама дома паста, затоа што откако ќе пробаш како е да те издепилира професионалец, тогаш гледаш што е разлика, дома сами на една недела се депилиравме, а ваму сега на 5 недели, финтата е во техниката, а веројатно нешто има и во пастата, не е иста како таа дома што ја правевме а имаа и некои 5-6 средства со кои те мачкаат пред и после депилација. А на кого му се многу 800 денари за чиста, безболна и суперефикасна депилација, барем нека издвои 300 за интима, барем тој дел нека си го заштити од вируси и бактерии.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Оваа чудо денес планирам да го испробам! За првпат ќе се депилирам сама па се надевам дека нема да се разочарам!
    Ја прочитав целата тема,отприлика сфатив кој е рецептот за подготвување на шеќерната паста но барем да ми кажевте отприлика колку минутки теба да поврие смесата...оти шансите да ја превријам се големи!
     
  12. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Kога ќе почне да ја менува бојата. Кога ќе почне да станува кафеавкасто-жолтеникава - е тогаш е готова. Не можам да ти кажам колку минути треба, ќе забележиш сама ;)
     
    На mina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас прво ја тргав коа беше кафевкасто - жолтеникава, како што прочитав тука. И не ми испаѓаше, ми лепеше многу, и неможев да ја извадам. Само со вода.
    Сега ја вријам додека не добие темно кафеава боја, темна карамела боја и тогаш ја тргам и ми испадна, се издепилирав

    Инаку јас околу 10тина мин ја оставам
     
  14. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Успеав :rock:
    Од прва ја погодив пастата иако бев скептична дека ќе знам да ја погодам густината на смесата! Само кај мене депилацијата траеше подолго,околу час време а депилирав раце,нозе и препони! Ми одеше бавно додека да ја совладам техниката на депилирање оти првпат во животот се депилирам сама! Од смесата ми остана уште за еден пат,значи чекам да потпораснат на дундата и таму да се издепилирам :lol:
    Сум задоволна и можам да кажам дека е многу ефтин и помалку болен начин за отсранување на влакната! Е сега не значи дека болката е целосно исклучена но оние кои се имаат депилирано со восок и со машинче ќе ја увидат разликата!
     
  15. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505

    Браво мина, ај пиши ја твојата постапка (во детали) :$
     
  16. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Ќе треба да се повторувам пошто ја направив по истиот начин како и Лилит што кажа! Чаша ипол шеќер,четвртина вода и лимонтус и се ,,пржи,, тоа! Почнува да врие и според моето мислење целиот штос е во тоа колку ќе врие смесата! Јас почекав да добие кафеава боја и ја тргнав на страна да се олади! Отприлика вриеше десетина минути! Понатаму знаете,месење на смесата и депилација!
    Ми направи ќејф што успеав да се издепилирам сама за прв пат во животот! особено ми е мило што заштедив пари и што не ме болеше многу! Вреди да се проба!
    И Големо фала и кажувам на Лилит бидејќи од неа научив за овој начи на депилација! ;)
     
    На Lilit и Blanca им се допаѓа ова.
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    А мене ми дојде на смеење од твоето филозофирање :D
    Леле Сеси да си ми жива и здрава , а јас се чудев како бе криза за шеќер :D ете касно капирам години се во прашање :D ете каде одел шеќерот , абе девојки ако продолжите со шеќернава сите козмертички салони ќе ги затворите а и без шеќер кафе ќе мора да пиеме :lol: Ееее Лилит беља работа направи :D за шеќерот , но едно добро за госпоѓите доле ... сите средени :)
     
  18. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Сакам да ги прашам Phyramide i Rainbow дали им успеа ова?
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    ^^Јоктурн. Пишав јас веќе на темава дека 3 пати ја правев, 3 пати не ми успеа. Последниот пат кога мислев дека сум ја погодила - ко за беља ништо не ми тегнеше, не се лепеше :worried:

    И се вратив на мојата другарка машинката и средив се рекордно за половина час - зборувам за интимата. Навикната сум и уходана, штрак, штрак. А жал ми е, сакав да сум и мекичкa и нежничка и се, ама ете. Така да за 2 месеци ќе пробам веројатно пак кога ќе решам да пуштам пак ова џбунчево :lol:

    Јес да и сега сум мазна и нежна, ама за ова ептен ми се правеше мерак да пробам.
     
  20. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Баш ми е криво,јас според тоа клипчето со девојката што прича шпањолски :lol: успеав,баш е се доловено.Ајде како и да е ако се решиш и успееш израдувај не. :)