1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Јас уште една тура расипав :D Ама сега си земав плинско, ќе го правам на него, пошто дефинитивно е заради решото што е многу јако, беше бело па за неполна минута стана темно |( Ќе пишам репорт |( дали ќе успеам овојпат :D
     
  2. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Јас депилирав интима,успеав сама,значи болка минимална,чим имав срце сама да тегнам :lol:
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ако тоа навистина било шеќерна паста, воопшто не ти наплатила многу. Јас за депилација нозе+интима платив 1100 денари :(
     
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Луѓе, а колку треба да биде топла пастата пред да почнам да се депилирам? Така топла накај жешка или топла накај ладна? :lol:
     
  5. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Како што јас разбрав ладна би требало да биде :D
     
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Ама многу се стврднува кога е ладна. Изгледа пак не ми е погодена смесата |( Ама кога беше малку потопла, пробав и извадив некое влакно, ама многу брзо се лади, за две минути. Сега го ставив во топла вода, да омекни малку. Ми се смачи веќе, трети пат ја правам смесава :@

    ЕДИТ: Жени бре, помагајте, ова веќе не се трпи :( Кажете ми, ако се подолги влакната дали испаѓаат сите од едно тегнење, или треба повеќепати на едно место? Сега пробав да се депилирам на интима, ама ми се така малку подолгички и не излегуваат од еднаш, пробав два-три пати на истото место(на најболното место патем, знаете каде, кај што се најјаки влакната) и сеуште не ми излеваат сите влакна, умрев од болки зошто морам да го повторувам истиот процес повеќепати :( . Јас се си мислам дека пак ми е згрешена смесата, ама се двоумам бидејќи бојата и е добра, а плус и вади таму по некое влакно. Ама, еве веќе трет пат ја топлам, бидејки кога ќе се олади не вади воопшто, многу е цврста и едвај земам од неа.
     
  7. ivo-na

    ivo-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    39
    Додека студирав со цимерката се депилиравме со шербет, така си го викавме, се правеше со 9 лажици шеќер, 9 лажички вода, и 2 лимонтуса, доста слично е колку што можев да видам од видета со шеќерната паста само што не остававме да се олади, туку додека е така топличко директно на рака, нога, и тегни :) Е кажуваа дека ако имаш добиено или треба во скоро време да добиеш не излегувале влакната, а и шербетот не се погодувал, може глупо е ама на неколку пати се покажа како точно.
     
  8. katerina777

    katerina777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    абе ако треба ќе помиеш повеќе пати и тргај поотсечно може до тоа да е. а ако имаш микробранова пробај топли во неа на најслабо ќе ја уклучиш и на 2 до 3 мин. и кога ќе се стврде пробај да направиш топче тогаш не би требало да ти се лепи низ раце така ќе омекне и ќе можеш да се депилираш. со среќа овај пат
     
  9. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Па треба да добијам на 17-ти :?: Значи, не е до тоа, финтата е што на козметичар со оваа должина влакната излегуваа без проблем. А вие со ленти ли ги вадевте? Зошто и јас лани имав цимерка која што ме депилираше со шербет, ама малку поинаку изгледаше од овој, потемен беше, а го користевме исто како што се користи и восокот- мачкавме во насока на влакната, а тегневме во спротивна. Ова е обратно, така да, не знам што да кажам :?:

    Катерина, може и до тегнењето да е, зошто некако со страв тегнам, болно ми е, затоа не можам убаво да оптегнам. Јес да стварно не е толку болно како со восок, но досега не сум се депилирала сама на интима :(
     
  10. seny

    seny Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    :hai: 15 лазици шекер
    18 лазици вода ставаме да зоврије кога ке биде зовријено
    додаваме 2 лимонтуса вариме усте малку да добије златно золта мед боја
    ставаме да се излади откако ке се излади нанесуваме каде сакаме.Iмам пробано па
    Pеобајте супер ефикасно отстранува влакна ;)
     
  11. ivo-na

    ivo-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    39
    Ги вадевме со парталчиња исечени од чаршафи :D ама излегуваа, исто како и восокот го користевме и ние. Не знам ако ти е страв остај, сама баш и не можеш убаво да тегнеш, не знам што да ти кажам, не сум пробала и јас сама до сега страв ми е и мене. Прашај некоја другарка ако сака :)
     
  12. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    И ние така правевме и излегуваа, но ова има друга техника на мачкање и тегнење, а форумџиките велат дека токму различната техника е тоа што ја прави оваа депилација подобра од другите. Значи, тегнењето на влакната во насока на растење помагало за намалување на поткожните влакна, а и болката била помала отколку при обична депилација. Се откажав јас за денеска, утре ќе одам на гости кај ланската цимерка па ќе ја терам да ме депилира :lol:
     
  13. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    686
    Мислам дека содржината во рол он-от силк е шеќерна паста затоа што има идентична боја, така се обликува, мириса исто и во упатството пишува дека се измива со вода, што не е случај кај обичниот восок.

    Кога ќе ми се потроши шишето ќе го наполнам со home made смеса ;)
     
  14. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Не е иста, има слична содржина но не е потполно иста. Јас имам користено силк рол-он ама само за нозете, и да ви кажам мене ме нервира што ако се олади водата треба пак да го затоплуваш па да се депилираш. Башка, техниката кај силк ролонот е иста како кога се депилираш со восок. Инаку, јас сум била и на ладна депилација на интимата бидејќи многу ми беше жежок восокот, а башка и похигиенски е бидејќи искористениот восок се фрла и се користат ленти. И тоа уствари не е буквално ладна депилација, топол е восокот но не е жежок. НО, оваа депилација е уште поболна отколку со жежок восок. Страшно, мислев ќе се онесвестам :o Не ја препорачувам на никој. Дури и ме раскрвави, и тоа не малку :x
     
  15. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Успеав да ја направам шеќерната паста. После неколку обиди и целосно откажување, сношти ми дојде пак желба и ја направив и на прво ми се фати! А, требаше да одам во салон на депилација. :lol: Ееее си заштедив пари. Рацете и нозете средени ми се. Е сега уште интимата ми останува, пробав не се вадеја добро. :?:
    Можеби дека за 2, 3 дена треба да ми дојде. :envy:
     
  16. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    уфф.. конечно после 5тиот обид ми успеа! :rock:
    Значи не боли (морав ова да го потецирам, пошто јас многу се плашев од ова). Само што многу е напорно. Јас интимата само ја депилирав и цела се искривив. Грбот ми се укочи од вртење. Значи следен пат ќе треба да барам некој да ме депилира, вака не бива. :D Само господ здравје да му даде на тој шо ја измислил пастава ( и секако на Лилит што ја сподели тајната со нас) пошто се друго ме болеше а од бричот веќе Аман ми се вика. :)
     
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Јас пред да си купам депилатор се депилирав со шеќерна паста (јас си го викав шербет).
    И еве како ја подготвував
    1 филџан шеќер
    1 филџан вода
    1 лимонтус
    Се вари, а за да ја погодите густината одвреме навреме во филџан со вода се капнува со лажичка од смесата и ако не се разлева односно се направи како топче и падне на дното од филџанот значи дека е готово.
    И да смесата е иста со тие рол-они, па може да се стави смесата во такво и за друг пат само се загрева.
    А како ленти користев подебела мрсна хартија (каталози од avon или oriflame).
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Сакам да пробам да се издепилирам со шеќернава паста, ама некако страв ме фаќа од тоа тегнењето со хартии или материјали (партали). А каква е болката во споредба со лентите, помала е или ?
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Нема никакви хартии, смесата е доволна за да ги извади влакненцата, а за сите информации прочитајте поназад, се е објаснето и НЕ, НЕ е голема болката, аман
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    немам лимонтус а продавниците се сите затворени, може концентрат од лимон оној што се додава во салати, итн? :(