Охриѓанки, знаете некое козметичко студио во Охрид што прават шеќерна депилација? Прашав во Шанел уште прашуваа каква е таа депилација.. ах.. маки!
Во Изида, пред две недели рекоа дека започнуваат за ден-два, не сум проверила, амо сигурно има, не лажат тие ги знам со години...
Здраво на сите, нова сум на форумов, ја прочитав оваа тема и сакав да се надополнам. Кај нас у Куманово има салон кој веќе подолго време работи со оваа шеќерна паста, а колку што знам и застапници се за македонија за некоја канадска или америчка фирма и ја имаат цела оваа линија за депилирање со шеќерна паста, сертификатот за застапништво им е закачен на зид. Идам таму веќе година дена, и искуствата се само позитивни. Порано се депилирав со ладен восок и многу ми се јавуваа потожни влакна. Откако почнав да идам во тој салон и да се депилирам со шеќерна паста, више го немам тој проблем, влакната се изретчени многу, не се више јаки. Од почеток се депилирав по нивна препорак на 3 недели, а сега идам на 4-5 недели во зависност што депилирам. Цените се нормални, дури и ефтини, нарочно во споредба со Ск. Пред и после депилација те третираат со специјални средства, за црвенило и иритација нема ни збор. Еднаш беше една девојка и страв и беше бидејќи имала многу осетлива кожа, ја издепилираа и ставија од некое посебно средство, никакво црвенило немаше, девојчето не можеше да се изначуди. Дека е природна те уверуваат со тоа што буквално ја јадат пастата !!! Е сега за болката, да е безболно не е, амо ни приближно не е како со восок, препони боли малку, нозе и раце скоро ич, мишки исто така ич. Можам да ги прашам кој зима од нив у Ск па да ви кажам, а и може да се прошетате до Куманово ако сте од Ск Како и да е, ако најдете некој салон немојте да му мислите, верувајте ми дека вреди...
Па дај кажете, ете и ти Софија, можеш да прашаш таму кај вас во Куманово кој зема од нив и да ни кажеш? Да знаеме кој салон во Скопје (а може и пошироко) ја користи таа паста, и јас имам доста осетлива кожа... благодарам однапред за информацијата!
еј срцка и јас сум од куманово е сга незанм дали да збору кумановски или македонски хехе сакав да те прасам у кој салон идес и како се движат цените за целосна депилација нозе раце препон цел ја идам кај жана се депилирам али некако многу ми искачаат поткозни влакна а особено на препони Што иц не убаво изгледа,
Абе ќе не разберев нас и други, ако зборимо кумановски, хехе. Салонот се наоѓа карши Рим-Париз се вика Натали, у иста зграда е со фризерка Нела над уни банка. Цена за цело тело е 1500 денари амо тоа е комплет све од главе до пете, лице, грб, стомак, раце нозе се комплет. А ти како имаш проблеми со поткожни, што би кажале ми кумановци, ќе се ратишеш од тј проблем, од лично искуство ти кажувам. Прашав за ск кој зима од нив, не беше газдарицата таму и девојчињата не знаеа да ми кажат, амо знаат дека има неколку салони од ск кои биле на обука кај нив и зимаат роба од нив, па чим ќе дознам одма ќе постирам.
Не знам да ти кажам точен рецепт, мислам дека баш и нема... и да го знаеш точниот рецепт, треба да ја погодиш густината на пастата, да биде доволно течна и леплива и топла таман да можеш да се издепилираш... а дома ќе направиш лом... поарно да најдеме кај има салони кои депилираат со таква паста
Eve go receptot za sekerna pasta - 9 golemi lazici seker -9 mali lazicki voda - 2 limontusa da se pravi na niska temperatura da ne izgore treba da dobie zoltinakova boja ne protokoalova. Ama sepak ne ja preporacuvam imam ja praveno mnogu pati odlicno depilira samo mnogu brzo se lade i treba postojano da se zagreva a kolku poveke se zagreva tolku e poloso pocne da ne depilira . Sepak najdobro e vo salon doma e zivo maltretiranje mada i od tamo nemam mn dobro iskustvo . Pozz
nemoj nekoj da go naprail toj receptot so "sekerna pasta""", toa e glupost,pred 2 godini go napraviv toj recept i den denes imam beleg na nogata poradi toa.
Е во сабота бев кај нас во Куманово на шеќерна депилација и ми кажаа дека тие за две-три недели отвараат салон во Скопје, па кога ќе биде навреме ќе ве информирам
И како е шекерната? повеќе боли од обичен восок или?[/quote] Nema sansi, na noze ne ni osecas, prepon mnogu malku, a najvazno e sto nemas potkozni vlakna kako kaj depilacija so vosok...
Девојки јас не знам зошто толку многу се напнавте околу таа шеќерна депилација, како и да е депилација си е депилација сакале нејкеле боли, некаде повеќе некаде помалку. Плус се зависи и од влакното колку ти е јако. Јас на пример имам многу цврсти влакна, и си идам на депилација со топол восок и топ ми е нити се замарам после со влакна нити со ништо, е сеа малце боли али како што викаат ТРПИ ЗА УБАВИНА . Брич во никој случај нема да употребам барем не на интимната зона, за на нозе ај може ама доле НИКАКО, кожата тамо ни е многууууу многууууу понежна и осетлива !! Спасот од влакненца е во восочната депилација дефинитивно ! Не сме бебиња може да истрпиме 20тина минути , ама затоа поле мераци
NataliKumanovo јас не реков дека шеќерната депилација не е во ред, поентата ми беше што и да се употреби болката при вадење на влакненцата нема да исчезне. Да глеаме реално така! Можеби е помалце болно, а можеби и не е ( не можам ништо да кажам зошто не сум пробала) ама убедена сум дека нема некој поголема разлика, а и како што прочитав во некој претходни постови една од девојките си направила добра лузна од неа. Восокот е проверена работа, па јас би се придржувала до него. Сепак фала на понудата за бесплатната депилација ! Се надевам дека нема да замериш, ама секој си има право на свое мислење за одредени работи. Поздрав!