1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Тепихот ќе го исчистиш со вода, само помини, и немаш гајле ;)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ја направив пастата и чекав 30 минути не ми се стврдна, ја загреав уште 1 минута, ја сипав во садот и во фрижидер ја лупнав за 5 минути испадна тоа што требаше. Супер си се тегнеше и супер топчиња, ама не можев со ракавици ми се лепеа па со прсти правев, јес да прстите си ги издепилирав :D

    Али напорно ми беше. До пола нозе за 1 саат. И ми се смачи и ја фрлив. Не дека не ми се убави и меки нозете ама напорно ми беше, цела се лепев :D
    И дефинитивно поубаво е со пократки влакненца. Некои влакненца не ми ги извади, дали дека со брич последен пат се правев па јакички беа.
    Мож ќе пробам друг пат не знам, не сум сигурна :D
     
  3. mjay-mjay

    mjay-mjay Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    16
    Ја направив пастата и се ок ми испадна се издепилирав ама коа дојдов до интимата дали зашто пред тоа цело време со бикче се средувам страшно ме заболе и на пола пат се откажав и се довршив како до сега ... Се надевам нареден пат нема толку да ме боли
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Епа нормално е дека ќе те боли кога толку време си ги бричела влакната, на тој начин и згуснуваат и се зацврстуваат многу многу :)
     
  5. Kim-Dash

    Kim-Dash Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Зголемувањето на цената на шекерот(што е потрошно добро и составен дел од секојдневнотото готвење)ке доведе до зголемување на цената и на другите производи кадешто шекерот е интермедијан ...зголемувањето цената на останатите производи при претпоставка ceteris paribus (пр.доходот на домакинствата) ке доведе до инфлација во националната економија која што ако не се регулира мож
    е да остави катастрофални последици за стопанството каде што се појавила :rofl: се извинувам за офтопик ама едноставно срце не ме дрзесе да не искоментирам на еден ваков економски пост хихихи можев и уште да си пишам ама мака ми е :rofl: кисссс до тебе сеси колешке моја економска :D растураме :D
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ми испадна од втор пат и многу сум задоволна.
    Не можев да ја чекам многу да се олади, па и јас ја бапнав во фрижидер и за 10 минути беше таман, како што треба. Многу јуначки пристапив, ама почнав да се препотувам и морав да одам под туш. :D
    Доста смеса ми остана, па ќе ја сладирам и чувам за нозете, само да почнат да ми растат влакната.
    Инаку болката навистина е помала од онаа со восок, а предност е тоа што одма си измива ако заглавите, како мене :D
    Тешко ми е некако сама, ми треба асистенција за интимата.
     
  7. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Женцки и јас ја направив пастава денес, од прв пат ја погодив и сама не можам да поверувам со оглед на мојата несмасност. Супер е, болка не да нема ама е минимална, во спореба со восоците е како мачкина кашлица - пеев додека се депилирав, а кожата после ми беше многу мека, немав ни црвенило, најефикасен и најбезболен начин. Ми одзеде околу половина час само интимата ама со текот на времето ќе се усовршам :lol: На сите топло ви ја препорачувам :*
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Дами мои, и јас сакам да го пробам чудово :^)

    Мајка ми ми вика дека поскапо ќе ги платела моите експерименти со шеќерот, неголи да ми платела депилација во салон. :D Ама некако примамливо ми звучи, ова дека ги кубе во ист правец на растење, и дека помалку болииии... :wasntme:

    Читам тука, се од втора, од трета... за колку кила шеќер да ги спремам дома, да си тргнат совреме луѓето пари :D
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Абе а нели ви се лепат ракавиците?
    Значи јас откако го земав топчето неможев ниеден прст да одвојам од ракавиците, ги фрлив со се топчето :D
    A беа токму онакви какви на клиповите :)
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Женски добра вест, се продава пастава кај нас, поточно накај Чаир некаде, незнам точно каде.
    После добри количини потрошен шеќер, мајка ми прашала некоја Албанка од работа и и кажала дека се продава па чекам да ми донесе. Ќе ве известам како е, кај ја има.. цена и се остало... :D
     
    На spanko, 2468, rossonerka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Ми донесоа пакетче од таа што се продава.Да ви кажам нема врска не ги вади влакната.Се изнамачив месев тоа смесата месев, и на крај ништо не ми извади.Џабе се малтретирав.
     
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    од која фирма и колку чини?

    јас таа што ја знам,се препорачува 5 минути во врела вода да одстои или во микро 30 секунди на 600 вати.
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Пробав шеќерна депилација во новиот салон на alexandria professional и иако е поскапа од онаа со топол восок ќе продолжам да ја практикувам посебно интимната најмногу заради хигиенски причини и намалени поткожни влакна, a и тоа е професионална шеќерна паста, не е home made и не воопшто топла туку има температура колку телото.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.792
    Пол:
    Женски
    А што и фали на хоум мејд? Баш е попрактично, поевтино и никој не чепка кај што не му е работа. А ако знаеш да си ја погодиш ефектот си е ист. Професионална била, пих.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.098
    Aбе на кој како му одговара на крајот.И оваа не е топла дома,се лади,а брзо поприма од температурата на телото,но рака на срце не е ни ладна воопшто кога ќе ја допреш до телото.
    Во секој случај,безобразен начин да се заработи на болка и хигиена која е а маст.1500 денари,искрено никогаш не би дала за депилација,па и да ме убедува дека со дијамант у неа,а башка што се чувствувам нелагодно некој да ме мести,подместува,отвара,затвара,замесува.

    Сепак,резултатот е ист.
     
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    ^^ и сепак мене Санфемина ми личи на реклама-профил :D
    Сепак, секој со своите желби. Ако на некој му одговара да плаќа 1500 денари за нешто што и дома се прави за максимум 100 денари..........ок е ;)
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Нема ни 100 денари, 100 грама шеќер и 4 денари јас платив за лимонтус. Ни 50 денари нема :D

    Мене ме нервира што многу се лепев, ракавиците ептен ми се лепеа, на голо депилирав и мачно ми беше рака ме болеше и долги нозе, долен дел само 1 саат правев :D

    И интересен дел ми е

    Па зар мислиш дека со топло се правиме? Да се испогориме? :lol:
    Баш на нормална температура се прави депилацијата. Ич не е топла пастата.
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Пастата не е ни ладна ни топла, зошто додека ја размесуваш со рацете поприма доволно топлина за да биде пријатна за кожата. И после депилацијата нема никакви иритации, црвенила и чуда.
    Инаку, мене воопшто не ми се лепеше за раце, можев убаво да ја размесам и да ја тегнам. Ептен ја погодив овојпат.
    Ама не сум баш испраксирана сама да правам повуци-потегни :D Затоа и подолго време се правев, а и помали површини.
    И да, и мене ми е глупаво и се чувствувам тотално дегенски да се чепатам пред теткици. Тоа е.
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Според искуствата што ги имам читано некои девојки завршиле со изгореници од премногу жешка шеќерна паста правена дома, на некои не им успеало да ја направат како што треба, се лепела, течна била, прегуста била итн.
    Јас немам ни време да се трудам да ја погодам, а си барав хигиенско "чаре" зошто ми беше шубе да одам да се депилирам со топол претопуван восок, а плус и осеќав голема нелагодност поради доста топлиот восок на интимата, ладен восок не се препорачува за таму, и ми се појавуваа многу поткожни влакна.
    Вака сега сум пораат, нема претопување на пастата, не е топла, не и се замарам јас дали е погодена или не е, работат со ракавици за една употреба и поткожни влакна имам многу помалку. И пред се зборувам за депилација на интимата да не се разбереме погрешно, затоа што тоа мене ми е најделикатно и премногу болно за сама да ја извршам таа "операција". За другите делови од телото брич најчесто користам и не ми смета, многу малку имам влакна и онака.
    Не давам ни јас 1500 денари за цело тело, ама најчесто интимна депилација по салони кај што јас сум прашувала е 200ден со претопен восок, 250 ден. со нов, а оваа е 300ден.
    Извинете ако сметате дека мојот профил е реклама-профил, очекував одма да нападнете, без гајле не ми се никои и ништо луѓето од салонот, ниту тие ме познаваат мене, само сум задоволна од првиот третман што го добив. Гледам и поназад во темава веќе и други членки го спомнале салонот, а на крај краева и немам зошто да се правдам само си го кажав мислењето.
     
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Дали ти тоа зборуваш за домашен шербет за депилација, или за шеќерна паста? :^)
    Нема никаква логика да се изгориш од пастата.
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.