Не знам ФБИ, и јас тоа се мислев, ама мојата ќе си ја правам со лимон намeсто лимонтус за секој случај да не не се погоди Ветувам дека нема намерно да ја згрешам
Ја преварив. Али супер боја се супер, речиси исто ми изгледаше како минатиот пат, само топчињата одма се стврдуваа. А таман се израдував дека не се лепам ко првиот пат. Кој од оваа гледна точка беше поуспешен! Е у ПМ не правам нова, не за друго моите се дома и гледаат само ако им трошам шеќер
Побарај им 1700 за депилација во салон, па нема ништо да ти викаат за кило шеќер Луѓе се прехрануваат со тие пари
Е дур тогаш татко ми ќе ми купи голема вреќа шеќер за цела година, ма не за повеќе од година ќе има и ќе рече не ме замарај веќе А пробав со депилатор на рацете и ме боли многу и баталив Вечер пак ќе пробам и да го заборавив синојка она да капнам во некој сад ако се прави топче готова значи е.
По толку фалење и објаснување на овој вид на депилација мислам дека конечно разбрав како се прави, ама уште една работа да си прашам за секој случај: Која топлина треба да ја има пастата пред да почнам да се депилирам? Да биде топла или скроз оладена?
НЕка биде малку топличка зошто така е сеуште мека,ќе видиш според густината,ти и така кога ќе ја измесиш во раце таа ќе биде на собна температура,ниту топла ниту ладна.
Ееее конечно ја напрајв шекерната паста... Да е добра добра е ... Али да е досадна ... Се излепив... Буквално од соба до гaќи
Јас прееска ја правев, ама не ми успеа целосно... Во почетокот е се ок, откако ке ја измесам смесата ја нанесувам на ногата и лесно се тегне 1-2, но потоа за многу брзо време се стврднува и едвај се држи во рака а не па да се тегне ..Во што ми е проблемот?
Остави ја подолго време да се зацврсти скоро СКРОЗ .... и едвај некако ке фатиш ке хукаш и малку ке се стопи два пати ке употребиш.. па после друго ... и ставај ги врз ладна површина побрзо ке се олади
Здраво девојки, јас сум нова на форумов, турчинка сум и ние дома ја правиме откако знам за себе пастава, сакам да ве известам дека пред 2-3 години се појави на пазарот во Македонија иста ваква паста готова турско производство. Jа има на бит пазар тие тезгите што се на почетокот со козметика, се продава во златно-кафено кутивче има налик на буренце. Чини околу 50-60 денари и е сосема иста како онаа дома што ја правиме, само се вади од кутивчето се размесува и спремна е за депилирање. Незнам да ви кажам производител затоа што ние дома ја правиме само еднаш имаме купено од чиста радозналост дали е иста да провериме иначе оваа шекерна паста ние ја нарекуваме агда. Mногу е почиста од восокот ние и лицето го депилираме со истата и можам да ви кажам дека кожата станува како бебешко газе после депилација со оваа паста поздрав
Ќе може да ни кажеш по кој рецепт ја правиш,за да не ни излегува премногу тврда или премногу мека?Зошто тука искружија неколку рецепти,па ме интересира и ти како ја правиш,ако не е тајна.позз
Точна рецепта незнам да ви кажам затоа што сите состојки од око ги ставаме. од прилика 17 лажици шекер со една чаша вода и еден лимонтос, се вари да добие боја на мед, откако ке ја добие таа боја се мокри порцелански тањир или пак на плочки во бања ама обавезно мокри за да можете полесно да ја извадите и се остава да се олади толку за да можете со рака да ја фатите и откако ке се олади се меси како што Lilit објасни, е сега откако ке ја земете да ја месите за да знаете дали добро сте ја погодиле кога се меси испушта звук како да пука мегу прстите, како да крцка незнам со кои зборови да го објазнам звукот. Тоа е знак дека добро сте ја погодиле, звукот е сличен како да пукаат меурчиња меѓу вашите прсти.
Значи точно сме ја доловиле,ти благодарам.Јас веќе се имам два пати депилирано,ама си реков да прашам да не има некоја разлика. А инаку за тоа буренцето што напиша,го имам одамна купено за еднас другарка да депилирам,ама тогаш не ја знаевме оваа техника со месење,туку во врела вода го топевме и со ленти вадевме.Инаку да го има на бит пазар и сега скоро имам видено.Епа на тие што не ви успеа пастава пробајте со ова
- 6 супени лажици шеќер - 4 супени лажици вода - 5 гр лимонтус Совршена смеса добив. И се дотерав цакум-пакум. Капнувањето од смесата додека се пржи, во ладна вода и правењето топчиња, е точен знак за готова смеса.
Eej..здраво феминки значи само што си ја купив ова шекернава паста од битпазар, но не знам како да ја подготвам... ај женски ако некоја знае нека пише, зошто стварно сакам да пробам...ве молам нека пише некоја побрзо..однапред благодарам..поззз
јас се снабдив со готова шеќерна паста, ама не сум многу задоволна. Прво треба да се намачам за да откинам парче кое ќе го месам, исто се меси исто е со домашно направената се, само при крај кога веќе неможе да се лепи топчето изгледа од што ми е топла кожата почнува да се растопува цело по мене, а со домашната смеса не ми се прави така. Кошта 30 ден 100грама е, ко едно чоколадо таква и му е опаковката, само што нозе има на неа, розево и пишува депилатор нешо на бугарски. Ме зачуди многу тоа што во упатството пишува дека се тегне во правец спротивен на растот на влакната, секако јас не го користев така. Домашната смеса и права ствар
готовата што е иста со оригиналната не е таа што ја опишуваш, ја имам пробано и таа ама таа не е убава, оргиналната е турски производ и исклучиво во буренце се продава пластично