Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. SaskaBre

    SaskaBre Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    2 чаши кафеав шеќер
    1/4 чаша вода
    1/4 чаша сок од лимон

    Помешајте ги состојките во еден сад и загрејте ги над силен оган. Постојано мешајте ја смесата за да не загори. Загревајте се додека шеќерот не се растопи комплетно и се претвори во леплива, карамелна течност.

    Потоа оставете ја смесата да се олади до температура која ќе биде поднослива за вашата кожа. Намачкајте ги нозете, нанесувајќи ја смесата во правец на растење на влакната, а потоа употребете ленти за отстранување исто како што правите и со купечкиот восок.
     
  2. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Девојки јас ја направив смесата, мислам дека е добра според видеата што ги гледав е сега зошто ми ги кине влакната наместо да ги ваѓа од корен? :^)
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Не влечеш правилно, сигурно нешто грешиш во влечењето. :?:
     
  4. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Во кој правец треба да се влече? :?:
     
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    На козметичар кај што одам јас ги влечат во правец на раст на влакното, а ја мачкаат смесата одбратно од правецот на растот на влакното.Пробај така!!!
     
  6. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Е јас правев обратно. |(
    Фала. :*
     
  7. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Девојки ако им се појавам во шорцеви таму ќе мора да се соблекувам зошто само пола нозе ќе правам?
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Нормално дека не!

    Немој и ти ко мене кога бев на лекар, требаше да ми го провери желудникот и бубрезите и ми вика, доволно е горе маичката да ја соблечете а јас почнав да ги откопчувам панталоните :rofl:

    Али па згоден беше :wasntme:

    Како и да е, не мора да се соблекуваш бре ако депилираш само нозе, и тоа до пола.
     
    На Divinebutterfly, rossonerka, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Е сега ќе и седнам да ја правам, начекав слободно време. Него ме интересира, дали ако не успеам да ја вадам сама од себе, ќе можам со обични парталчиња ?? Сите видови депилации ги имам пробано освен топол восок и оваа, па не знам дали ќе послужат ? Или ќе имам шеќердисани парталчиња на крај ?? :|
     
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Исечи си од стари гаки или некој чаршав мали крпчиња и немаш гајле. После ипотреба стави ги да киснат во ладна вода саат два и ке се слее пастата и можеш пак да ги користиш. :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Јас најдов шеќерна паста на Бит пазар денес и си купив :) . Розово кутивче е, на него пишува ладен восок за депилација, но кога го свртев назад, во состав прочитав: шеќер, лимонова киселина, дестилирана вода. Пакетчево е 100 грама и е 40 денари, јас си купив две :) Ќе го пробам покасно па ќе ви кажам дали е добар :)
     
  12. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    ^^ Дефинитивно шеќерна паста е, проверено и загарантирано :)
     
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Ама нели некој тука рече дека не е исто, дека ова е восок, а тоа во буренцето е паста, а клучната разлика е тоа што со ова се влече обратно од растот на влакната, а со пастата во правец на растот, и тоа е тоа што ја прави шеќерната депилација со пастата поразлична и подобра од онаа со восок...
    Затоа види во упатството како оди постапката, во правец или обратен од растот на влакната...
     
  14. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    јас се откажав од правење на шеќернава дома, барем додека е топло времето, неможам цела ми се разлева и лепи само што ќе повлечам 2 пати и се изнервирав ]:)
    ќе ја пробам таа од битпазар (макар што мислам дека ќе биде исто и со неа), а за домашнава само кога е ладно времето :lol:
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ова чудо не е за мене. Го пржев, арно беше. После го месев и стана белузлаво, така како лента. Ама пустото, ни се лепи ни ништо! :devil: Ќе барам да си купам вакво готово, јас и кујната - ноу ноу. :shake:
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Стоела пастава, машала.
    Имав од последниот пат останато доста и еве денес си ја искористив. Малку повеќе ми се лепеше, веројатно зошто е топло, па и рацеве топли и морав многу брзо да ја месам и нанесувам. Ама пак совршено си ја заврши работата. :whew: :)
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не знам дали поради зголемена побарувачка на пастата во буренце на бит пазар цената скокнала од 60-70 ден. како што имаа пишано некои од феминките, на цели 100 денари?!? :o :o ...или па јас баш налетав на најскапата тезга :^) Чисто информативно дека ја приметив на една тезга ми текна да прашам и ме шокна цената.
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Eee јас од кога пишав за законот на понуда и побарувачка :D
     
    На sunfemina, jarec6 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  19. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Тоа друго е, ова не е во буренце, розова кутијка е а внатре е во ќеса завиткан восокот. Пишува на него ладен восок за депилација, ама го прочитав составот кој е: Шеќер, лимонова киселина и дестилирана вода :) Значи истите состојки. Башка и го пробав и навистина делува како шеќерна паста. На кутивчето назад пишува дека треба да меси се додека да добие златно-жолтеникава боја, а потоа да се мачка во правец на влакната, а да се тегни спротивно. Но јас го мачкав како што ја мачкате вие пастата нели, во спротивен раст на влакната а тегнев во насока на влакната и излегуваа без проблем. :)
     
  20. Kim-Dash

    Kim-Dash Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Ееее овој пат не ми излезе и страшно се изнервирав :worried: првиот пат ја направив со шоља и пол чаша за чај шекер...1 лимонтус и четврт чаша вода и супер си лепеше и се тоа...сега ставив една шоља шекер ..1 лимонтус и вода колку да се покрие шекерот и не ми лепеше :( зошто да не знае некој??