AAAA (врискам од нервози) мене сите 5 пати ми се неуспешни...ужас ама невиден ужас ...сакам успешна паста за депилација... Ја молам Лилит да ми го прати нејзиниот рецепт ако може у ЛП... и секако успевам да погодам и боја и се ... како демек месам ..но се ми се лепи по прстите и ми е тешко да го нанесувам на нозете( каде ми е грешкава)??? ајде помагајтее
Пробај со помалку лимонтус,а инаку ставај го во тањир керамички поубаво се лади и побрзо се стврднува,немој во метален зошто цело време ќе биде меко и лепливо,барем мене така еднаш ми се деси,а претходно цело време ми испаѓаше како што треба
Еве што пронајдов за ова... Депилацијата со шеќерна смеса е позната и под името египетска депилација. Техниката на депилирање е слична на онаа со восок, но оние што ја практикуваат велат дека е помалку болна. Влакната по депилацијата ги нема до три недели, што значително го продолжува периодот до наредната депилација. За подготовка на смесата ви е потребно: - 2 лажици кафен шеќер - 1/4 лажица вода - 1/4 лажица лимонов сок - сад за подготовка - памучни ленти Чекор 1 Измешајте ги шеќерот, лимоновиот сок и водата. Смесата загревајте ја на умерен оган, постојано мешајќи ја (најдобро со дрвена лажица) да не загори. Кога шеќерот ќе се стопи, тргнете ја смесата од оган. Подготвената смеса треба да биде густа, без грутчиња. Чекор 2 Оставете ја подготвената смеса да се подолади. Кога ќе биде топла (а, не врела) можете да почнете со нанесувањето. Се нанесува во тенок слој на местото што треба да се депилира, па на смесата се прилепува памучната лента. Во козметичките продавници се продаваат ленти за депилација без восок, што во голема мера ќе ви ја олеснат работата. Лентите се повлекуваат одеднаш и во насока обратна од растежот на влакната. Чекор 3 Вака подготвената смеса за депилација по употребата може да ја чувате во фрижидер, па да ја загревате за наредниот пат кога ќе посакате да се депилирате. Загрејте ја во микропечка или со нејзино потопување во сад со врела вода. Во овој случај внимавајте водата да го загрее садот однадвор без да влезе во смесата и да ја разреди. Совети плус: Смесата за депилација секогаш загревајте ја на умерен оган да не загори. Доколку немате кафен шеќер, слободно заменете го со бел, кристал шеќер. Лимонот можете да го замените со оцет. Внимавајте при депилацијата – смесата може да истече и да се залепи за подот или алиштата, па така пред да почнете со третманот, отстранете ги сите нешта кои можат да се оштетат од смесата, а подот покријте го со стари весници. По депилацијата, местата третирани измијте ги со ладна вода. На тој начин ќе придонесете за побрзо смирување на црвенилото на кожата, а иритацијата побрзо ќе помине. Сосем на крај, намачкајте ја кожата со хранлив крем. Најдобро решение за смирување на кожата е со крем на база на алое вера што во исто време ќе ја негува и смири воспалената кожа. Погодноста на оваа депилација е што е лесна, едноставна и евтина, па можете да ја правите во секое време. Превземено од Многоо стил.мк
Најдов на бит пазар готова паста, па викам ај да земам да пробам. Ако се правиш според упатството излегува супер. Само една работа ме збуни: испробав на рацете и ми се појави модрица, уствари поише како да ми испукаа капиларите. Му се случило ова на некој??? Мене ми се случува прв пат, а сум испробала се од депилација па ај да си прашам
Денес си ги средив рацете. Ми остана и за нозете ама морав да излезам, вечер планирам да се додепилирам. Шеќернава паста ми е пронајдок на годината, да не зборам колку ми го штеди новчаничето. Девојки побарајте клипови на јутјуб, навистина има се, а Лилит има толку објаснувано напред што навистина не знам како не ви успева. Не знам дали имам пишано понапред , ама депилаторот ми прави бубулици, како наркоманка изгледам, цела со црвени точки по рацете и нозете.
milky-candy ова што го имаш постирано е за депилација со шербет. Разликата е голема, бидејќи се нанесува топла и мора да се тегне со ленти. Барем јас така мислам....
а сакав да ве прашам дали вистина дека пред да ти дојди циклусот не се погодувала смесата ??? едно феминка така имаше напишано па незнам реков да си прашам
Епа нека ти ја направи мајка ти ако ти треба да добиеш за да се погоди се шалам,каква врска има правењето со добиеното?има врска болката,велат дека повеќе боли,затоа се препорачува после добиеното да се депилираш
хихихи реков да си прашам фала за одговорот ама мама тешко дека ке ми ја направи смесата попрво ке ме мавни со тaвчето по глава
вториот пат не ми успеа ..... ајде реков ке пробам уште еднаш...ставив 7 лажици шекер вода и лимон и се си пржеше убаво...кога се олади се вади топче и почнувам да го месам ама не бре камен се прави па не се ни меси ни ништо ... зошто ??? а смесата не ја препекувам ...добива карамел боја ама ете топчињата се прават јаки како камен..што повеке го месам топчето тоа се повеке се стврдува и не се ни лепи не пак да извади некое влакно и така два пати ја фрлам смесата зошто нема ништо од неа камен е јака дај помагајте ако знае некоја зошто нека кажи кај грешам ...нема смисла сите пари ги дадов на шекер и лимонтуси стварно сум разочарана ..а првиот пат ми испадна топ смесата ..ај ве молам феминки помагајте ...пари за фрлање немам
Мокри ги прстите и продолжи да месиш,ќе видиш со неколку пари мокрење ќе се среди чим е тврдо.Ама немој директно вода да тече на него,туку само прстите мокри ги
Не можеш да се изгориш кога ова е ладно.Ти збориш за депилирање со ленти и смесава жешка,а целата тема е за веќе оладена паста која се меси во форма на топче и со него се депилира и е невозможно да се изгориш
Јас пробав минатиот месец. И мене не ми се правеа топчиња ми се лепеше по рацете, ама ја искористив топла нанесував со шпатула и одозгора ставав крпчиња сечени памучни и после тргни се излегува Ја нанесував од долу нагоре (спротивно од растот на влакната) а кога тргав тоа го правев обратно (во правец на растот на влакната) и ми успеа ама мене многу ме боли таква ми е кожата многу сум осетлива ама истрпив. И многу ми се изретчија влакната
јас пак тука нешто да прашам оваа шеќернава од битпазар кога ќе ја купите треба загревање или не? одма кога ќе ја отвориш е таква течна за месење или треба да се топли?
Гоу ја имам купено многу одамна ама мислам дека не е течна стврдната е кога ја купуваш,е сега пробај да откинеш од неа парче ако не можеш,само стави го буренцето во жешка вода(не на оган) и одма омекнува,јас така во вода ја ставав