Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Ок пробав 3 пат сама да правам и можам да кажам дека не ми беше воопшто успешно... значи имав нешто како карамела филинг и се супер се прави топче и е бојата таман и све , НО( зошто мора да го има ова НО) она месењето ми е ужас невиден целата сум ушлакана и мислам дека едвај можам да ја извадам од рацете... но пак некако успевам и тоа да го направам со тегнење по нозете... и пошто тоа не ми оди ни малку лесно имам модирици после
    стискам и се трудам да го растегнам како треба за да фати поголема површина
    ..

    Минатиот викенд од Скопје купив и од фамозната АГДА( во зелено „буренце“) и одма го ставив во мицро за да се стопли малку ... извадив мнн мнн мало парченце за да пробам на раката пошто пред спиење секако немаше да си играм на темата ...и сега сум со една модра рака :О

    Па девојки кажете ми каде се греши?! Според сите клипови кои ги гледав постапувам исто како таму, но изгледа нешто не е како треба, кажете ми ја грешката..

    Ајде може некад и јас ке научам ???
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше полу-успешна депилацијата.
    Изгледа недоволно ја печев пастата па не можев да ја месам, многу лепеше... Се излепив прилично, па после почнав да ја користам со ленти, и тука ми се случи мал инцидент... Нанесов подебел слој од потребното, многу силно потегнав со лентата и ми се појави оток и модринки на раката. Не е страшно де, од моето скромно искуство со козметичарки, истото ми се случуваше и со восок. Плус ваквите модринки веднаш поминуваат, денес еве помалку се познава.
    После почнав ептен професионално :D
    Зедов метална шпатула и со неа нанесував тенки слоеви, па многу брзо одеше депилацијата на тој начин. Кога ми снема крпчиња тегнев со влажни марамици, и види чудо - ептен успешно беше, поголеми површини зафаќаат и без проблем отстрануваат се’.

    Вчера само за рацете имав трпение, ама денес ќе ја направам пак и ќе ја оставам на оган малку повеќе. Бојата вчера беше во ред и затоа мислев дека е доволно, се надевам дека денес нема да претерам па да се направи многу цврста.
    Добро би било Сеси да постави слики со нијансите, м?
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ќе ви поставам слики, ама да останам сама, сега само ми се вртка брат ми низ дома и немам концентрација- а сакам баш да ви успее на сите- јас ептен се усовршив, затоа на Лилит и е толку убав периодот, тегнам и ја благословувам :lol:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    :hai:
    ... ја препеков сега |(
    Ја оставив да се лади, ама сигурна сум дека ја загорев, буквално за секунди ја испуштив.
    Си треба пракса бе :P
    Да си прашам - ако е ептен камен, може да ја ставам теглата во тенџере со жешка вода? Ќе се пушти ко за со ленти? :$
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.131
    Допаѓања:
    156.119
    Ондак ако ја препече,меси ја уште недооладена,додека е мека,веќе на пат да се скамени.
    Е таква јас користам за интима.Што си е сигурно,сигурно си е! :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Дури вечер ќе можам да се депилирам :|
    Ама тоа е убавото со шеќернава - секогаш можеш за 5 минути да направиш нова :)
     
  7. dushka-07

    dushka-07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Omg.. :o
    Прв пат слушам.. Каде го има тоа ,боли ли?? :lol:
     
  8. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    имам и јас пробано
    успеа се ок беше :)
    но на 1 место ми испадна модрица
    што згрешив незнам :^)

    и сега ми е страв пак да пробам :wasntme: ај кажете оти ми испадна модрица?
     
  9. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Утре дефинитивно ја пробувам оваа депилација,се надевам ќе ми успее
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Си повлекла пресилно, па ти испукале капилари. Ништо страшно. :)
     
  11. Rozevo

    Rozevo Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    32
    Два пати пробав со шеќериве, не беше толку фатално, но сепак не беше ни нешто особено успешно :)
    Првиот пат, веројатно не ја доварив смесата, после две-три тргања така лошо се лепеше на кожата, никако не можев да го тргнам проклетото. Епилог: синици на сите страни, плус цел стан се лепеше :D
    Вториот пат, преварив кашичката, добив карамел кој беше толку убав за месење што му дадов неколку шанси. Извадив неколку влакна и почна буквално да ми се топи во рака, па баталив. Ќе пробам обавезно уште еднаш :)
    И да, толку ме мрзи да ги мијам тоа садовите кај што кашкав, ги џитнав во корпа сосе остатокот од пастата XD Се молам мајка ми да не примети дека ги нема :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Ај јас да го кажам исксуството од мојот втор обид :wasntme:
    Преварената смеса кога олади се направи како камен :worried:
    Ја ставив теглата во сад со жешка вода и се отпушти малку, па со големи маки успевав некако да ја месам.
    Се издепилирав, патем, успешна операција :clap:
    Многу сум задоволна и среќна :D
    Само на показалецот од раката си откорнав малку кожа со месењето (веројатно дека беше многу тврда смесата), ама ништо страшно, ќе си помине, важно ми успеа и барем не направив модринки овој пат :angel:

    Од моево искуство со две смеси - подобро испадна со преварена отколку со недоварена. Првиот пат направив лом на сите страни кога се мачкав со шпатулата - капки низ цело купатило, ленти на сите страни... вториот пат чиста работа. Третиот пат се надевам ќе ја најдам средината :emo:

    И да, се согласувам дека многу помалку боли.

    Не бе, си реков јас, Феминава наша е прекрасно место :hai:
     
    На Phyramide, zhap4e и EVA19 им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ Мене не ми текна да ја ставам во сад со ладна вода видиш, јас 2 пати ја преварив како камен беше.
    Јас размислувам да купам од оние од бит пазар смесите да пробам.
    Иначе јас си се вратив на восокот, бар летово да не си кинам живци :lol:
     
  14. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Значи прв обид-Неуспешен :devil: Смесата ми беше премногу течна катастрофа,е сега ме интересира дали на веќе направената смеса може да се додаде шеќер за малку да згусне,оти многу е течна?
     
  15. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    колку што разбрав од феминките кога е таква течна смесата ја мачкаат и ја вадат со крпчиња ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Ако си правела според мерата не треба да додаваш шеќер, туку уште малку да ја ставиш на оган. Провери дали е готова со трикот со ладната вода и лажичката, постиран е низ темава. Ако ти е течна мачкај ја со нешто во спротивна насока и отстранувај со крпчиња во насока на растот на влакната. Посвети малку време и исчитај ја убаво темата, се’ ќе ти стане јасно ;)
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.476
    Допаѓања:
    201.306
    Пол:
    Женски
    Девојки, некаде како да прочитав дека имало салон во Охрид каде што имало шеќерна депилација... да не лутам низ темава да барам (немам време), може ли тој што знае да ми каже во кој салон депилираат со шеќерна паста? Однапред благодарам!
     
  18. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Јас бидејќи свежо ја читав темава, знам прочитав дека во Охрид во Изида имало шеќерна депилација... :D
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cvet85

    cvet85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    6
    Во изида нема, во Mademoiselle има, и тоа од канадската Александрија паста, јас прашував пред некој ден во салонот во Скопје, затоа што идам утре во Охрид и да знам каде таму да се депилирам а нема шанси да менувам депилација да се враќам пак на оној грозен восок... :lol:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Отприлика колку треба да се минимум должина влакната за депилација со шеќерна паста? :?: