1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    И зашто ти е подобар восокот ако може да прашам. И да е иста болката со шекерна паста, пак е подобро, затоа што само тебе те депилира со таа паста и после тоа се фрла, за разлика од восокот што 576487 луѓе поминуваат со ист восок. Друго се тргаат подкожните влакна. По што заклучи дека е подобро со восок. Во право си, секој има право за свое мислење, ама по сите марифети е подобра пастата него ли восокот
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.471
    Допаѓања:
    201.262
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Пеперутке, таа што си направила лузна, си ја правела дома сама пастата и се изгорела. А вака, професионално, фабрички изработена сигурно е супер. Знам дека не боли, имам пробано со домашна паста. Во секој случај, порадо со шеќерна паста ќе се депилирам отколку со топол восок.
     
    На LA.DY-M му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cvet85

    cvet85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    6
    Јас пак ќе ви кажам, откако почнав во салон со шеќерна паста да се депилирам, никакви проблеми немам више, никакви компликации, а веќе и се приметува дека влакната ми се проретчени...

    Vo Ohrid vo Izida mi kazaa deka od ponedelnik pocnuvaat da depiliraat so secerna pasta i toa so taa kanadskata za koja se zborese porano na forumov, edvaj cekam da probam :)
     
    На jessica2kay му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ss80

    ss80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Не сум ја пробала пастата но би сакала да ја пробам. Се депилирам мислам цел мој живот и не би можела ниту да замислам да се бричам, а камо ли да употребувам креми за депилација кои се нивото на брич, само што со брич се прави и пилинг:) Сакав само да искоментирам дека восокот за интимните делови е за една употреба и се надевам дека никоја од вас немала искуство да се депилира таму „долу“ со претходоно употребен и претопен восок!?!? Ако е така-тогаш подобро да се бричите! Какви се бактерии, заразно-преносливи болести има, а да не помисли човек какви се девојки не се депилираат-сигурно козметичарките не ги прашуваат своите клиентки за тоа каков им е сексуалниот живот?! А да бидете сигурни дека тие за себе не користат ниту на нозете од употребениот восок! Јас лично преферирам ладна депилација на сите други делови освен на пазувите и интимните делови каде што користам топол восок за една употреба. И тоа исклучиво во салон кај претходно испробана козметичарка која знае што прави а не се учи на мене притоа оставајќи ми болно искуство и лузни (а сум пробала и такви, за жал)... Поздрав на сите-и внимавајте, сериозна работа е депилацијата, сепак се работи за репродуктивен орган...
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.471
    Допаѓања:
    201.262
    Пол:
    Женски

    А каде е тоа Изида? И дали имаат обучени козметичарки за работа со таа паста? Затоа што на официјалната веб страница пишуваше дека козметичарките мора да ја поминат обуката за да можат да депилираат со таа паста.
     
  6. cvet85

    cvet85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    6
    Изида ти е на туристичка, а козметичарките им се обучени, веќе доаѓале тие од Куманово и сега за викендот пак ќе идат да ја докомплетираат обуката.
     
  7. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Не ми се верува дека во Куманово имало салон што депилира на овој начин а ја не сум слушнала. Нешто што најмногу ми сметало до сега е нехигиената,претопување восок и не користење на ракавици,а при депилација фаќаат и телефон и све живо.Уффф полудувам од такви работи.Дефинитивно следниот пат пробувам со шеќерна депилација, па баш да видам и тоа чудо хихиххи. :D
     
  8. Desperate

    Desperate Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Јас сум многу заинтересирана за шеќерната депилација, баш ќе отидам во Куманово да ја пробам затоа што во Скопје до сега не сум слушнала некој салон да работи со оваа депилација :)
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    јас сум ептен заинтересирана за шеќерната депилација, ми звучи далеку посигурна од депилација со восок.
    инаку мене ми забранија деп.со восок, кожата ми е многу осетлива и помодрувам цела :(
    ако некој знае за оваа шеќернава, и дали ја има во ск ве молам да ми каже. фала однапред :*
     
  10. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19

    Душо,јас имам направено таква депилација и стварно е поефикасна и помалку боли од депилација со восок,но мене тоа ми го правеше една пријателка на моите и е турчинка,а на нив тоа им е секојдневие,но таа не живее во Скопје,ако нешто разберам ке ти пишам или распрашај се по салониве дали имаат некоја то знае да депилира со шербет :)
     
  11. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    леле и јас сакам со таа шеќерната депилација да пробам, ми здосади веќе со машинкава,а и поткожните ме уништуваат, а и бактерија закачив од депилација со топол восок :@ , ај ако знае некој за во скопје да има вакво нешто, обавезно нека пише :) :*
     
  12. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Остај...и јас скоро слушнав дека депилацијата со шеќер кај муслиманите е традиционална и се предава од колено на колено! Една другарка ми кажа дека баба и знае да направи шеќерна паста ко гума растеглива :o ама за жал никој ко незе не може да ја погоди, ни мајка, ни она, али навистина ме воодушеви овој податок!
    Интересна работа! :?:
     
    На jessica2kay му/ѝ се допаѓа ова.
  13. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19
    Јас ти викам мене ме депилирасе една турчинка,т.е. мајка на моја другарка,абе влакненце не ми остави и не ја осетив кога ме издепилира,башка перфектно и помалку боли и благо е :D
    исто и со конец ја гледав на лице како се депилира,леле ејјјјј јас сум се чудела 3 дена и 3 ноќи :rofl:
    (го фаќа конецот со заби и некако на страна со едната рака па со другата,леле мори мајко не знам ни јас)
     
  14. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    100 пати пишав и пак ке пишам дека со шербет депилираат во еден салон во Драчево....
    Ако толку сакате, распрашајте се таму сигурно го знаат
     
  15. Desperate

    Desperate Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Во Драчево? До сега не сум го слушнала ова...ако некој го знае името на салонот нека пише :)
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
  17. LittleButterfly

    LittleButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Za taa sekerna depilacija slusam od forumov i bash se izraduvav so postoi neso so pomalku boli i e poefikasno iako seuste nam jaki i tocni informacii deka e taka ...samo se nadevam deka ke pocne pocesto da se primenuva kaj nas pa da bidema po raat . :P Inace i jas se depiliram so vosok na kozmeticar bev pred 2 dena ama imam i suva koza i toa mi predizvikuva crveniloto da se zadrzi do 4-5 dena kako i malata rapavost :wasntme: Edvaj cekam da ja probam taa sekerna depilacija :)
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Дечки,ја пробав од сабајле депилацијата со шеќер,ама во домашни услови.Морам да признаам дека сум презадоволна,кожата е многу мека,немам подливи,воопшто не ме болеше (а обично многу ме боли и имам низок праг на толеранција на болка),е сега малку ми дојде тешко додека ја укапирав цаката.Треба да се внимава да не се прегори шеќерот и после тоа на полички во вц исипете ја малце подизладената содржина и измесете ја убаво да добие бледо жолта седефеста боја.И вуа лааа....јас сум значи презадоволна!Јупи јеј...конечно да не ме боли,со солзи сум била инаку кога сум се депилирала.
     
    На Isidora-Veles, Lady-Marina, m.dejzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    1.955
    Ај кажи како се праве?Побарав неколку страни наназад нема оставено рецепт :)
     
  20. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Јас не можам да го најдам прецептот, ај ако некој го знае нека го пише, баш би сакала да пробам со шеќерна дома, сум пробала восок со шеќер,ама се вадеше со ленти и не можам да го погодам убаво па се откажав.