Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. anelej

    anelej Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Успешна мисија од прва :P

    по рецептот на лилит :clap:

    и со помош на инструкциите од ју тјуб

    без никакво лепење со едно топче во големина на голф - топче издепилирав четири раце :rock: и плус ми остана од шербетот во тегленце за друг пат

    е сега да видиме како растат :) како и да е депилацијата е фантазија

    да ви се позлати паметот за ИЗУМОТ :D
     
    На Mendence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Дали претходно нанесувате нешто на кожата,на клипчињата ми се гледа како на кожата да има нешто бело?
     
  3. anelej

    anelej Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    не нанесов ништо,ама знам дека се става пудра во прав, тоа го ставив после депилација да ја смири кожата т.е црвенилото
     
  4. jessica2kay

    jessica2kay Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Извини,ќе може да добијам рецепт? Фала..
     
  5. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.439
    Морам да пробам, но што ставате пред или после депилацијата? Исто така дали се употребува секаде? И под пазуви и на интимата? Искрено се немам депилирано на тие две места па затоа ми е страв. А за на нозе, раце дефинитивно да ми никнат влакнава и пробувам.
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.131
    Изгледа само мене не ми успева оваа шеќерна паста.. Ја варам и се тоа добро добива некоја жолто - портокалова боја и на крај нели се оладува и се стврднува.. ноо станува некако многу леплива и не можам ни да ја фатам а не пак да ја размесам... :^)
     
  7. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.321
    Пол:
    Женски
    Епа ти се лепи зошто не треба да биде жолто портокалова не е доволно,треба баш карамела боја накај кафеаво само да не ја изгориш,жолта чим е ќе се испозалепиш и ништо од депилацијата,а ако малку потврда ти излезе во тек на месењето само мокри ги прстите и нема утка
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    ^
    Пробај врати ја на оган малце за да се ''допржи'' и потоа би требаало да можеш да ја месиш!

    Јас денес имав еден успешен обид. Смесата ја погодив, не од прва, од страв ја тргнав пред време па потоа пак ја топлев и вриев ама на крај испадна како што треба! Но изгледа јас ги имам најтврдоглавите влакна на светот! Никој пат не сум видела на раце и на нозе повеке од 15 влакна извадени од корен :@ топол, ладен восок, силк восок, дома, на козметиар, со чупалица, дури и минатиот пат со шекерна паста кога се депилирав на козметиар (џабе дадов 1100 денари мислев различно ќе биде... :| ) не видовме корен! Се чудеше девојчето! Такви ми се влакната глупави- ти ги кубеш они по 3-5 дена растат!
    И секој пат депилацијата ми е ноќна мора :sweat:

    Затоа пак на препон е сосема друга приказна.
    Два месеци после депилацијата во козметички салон со паста и на неколку места уште не ми исразнале влакна!
    Денес сама издепилирав цел препон за 15 мин. сите влакна излегоа од корен, болка не осетив, мазно се- милина!
    Едно прашање! Како се депилирате позади?? Таму не успеав да дофатам, не сум доволно флексибилна изгледа или има некоја финта незнам...
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anelej

    anelej Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    на тие што не им успеа

    јас прв пат ја правам ама убаво го прочитав секој пост на темата


    знчи смемата се пржи 10 мин на температура 2(Точно 10 мин)

    и во близина имајте една чаша со вода и капкајте од смесата во водата и ако истат се претвара во топченца готова е
     
  10. Mendence

    Mendence Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4

    Шоља и пол шеќер (шоља за чај)
    1/4 вода
    лимунтус
    сето тоа се вари додека не добие портокалова боја, (пази да не го превариш зашо брзо ке ти се стврдне и правац у канта)откако ке се свари истури го во некоја табака да се олади и потоа го месиш додека не добие златно/жолтеникава боја...готово е ... е сега се депилираш, мачкаш во спротивна насока од растот на влакната, а тргаш во насока на растење...среќно :D :D :D
     
  11. Mendence

    Mendence Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    многу ќе ти помогне ако изгледаш некое видео на ју туб...пиши making a sugar wax :D
     
  12. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.439
    Јас ја направив сега чекам да се олади, оти мн е жешка и да ја пробам :)


    Нема теоретска шанса... :( ... мн жешка не можев да ја фатам, а и одма се стврднуваше... ништо мојот обид пробадна... шеќерната паста в ѓубре...
     
  13. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
    Девојки, има салон во Скопје Alexandria, депилираат со шеќерна паста, дали бил некој? Сакам да одам таму пред одмор ама не знам дали се во ред, дали депилираат добро?
     
  14. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    1.887
    Модринки можат да му се појават на секој доколку не правилно ги отстранува влакната. Кога ќе ги отстрануваш влакната гледај тоа да е што може побрзо доколку пополека тргаш само ќе ги добиеш модринките... Обиди се повторно и пробај да бидеш побрза... :) :*
     
  15. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Се изначитав и пак не дојдов до заклучок дали во Скопје има салон во кој депилираат со шеќерна паста а при тоа и некој да го посетил? :D
     
  16. principesa

    principesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    101
    Јас ја направив и се издепилирав и супер испадна се и сум многу задоволна......фала мн феминкии за ова решение за нашите женски маки :)
     
  17. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    И третиот обид пропадна. Се беше добро ја направив, ја оставив да се излади, и земав да ја месам гледајќи од видеата од јутуб. И тоа беше добро не ми се испозалепи низ дланките и кога ја ставив на раката неможев да ја извадам, мораше ленти да земам.. и така и овој обид ми пропадна, тешко дека ќе се обидам уште еднаш да ја направам, само шеќер трошам за џабе :|
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Е не си прочитала убаво :P 2 мислења пред твоето пишува, а и на страните наназад. Јас сум била..цената е повисока од некои други салони, хигиената бидејќи се работи со шеќерна паста е на ниво, депилацијата трае повеќе од обичната...ако нешто друго ве интересира прашајте во пп.
    Инаку и јас најдов време малку да експериментирам со правење и можам да кажам дека супер успешна ми излезе. Сепак домашната од таа професионалната што они ја користат се разликува, но не е помалку добра за депилирањето. Одлична е домашната ама јас повеќе би се одлучила за варијантата тегнење со крпчиња на истата, отколку "месење".
     
  19. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Би замолила некоја што била во салон каде што депилираат со шеќерна паста да ми даде број или адреса во лп. Благодарам!
    Во врска со темата јас не се ни помислувам сама да се депилирам пробав еднаш( бидејки депилацијата не издржа доволно долго) и не беше баш репрезентативно и плус ми требаа 2 дена за целото тело(и пак имаше по некое не фатено) среќа што бев на остров па немаше многу луѓе :$До сега користам само ладна депилација пред се бидејќи е по хигиенска ,а цитам и повекето од вас тврдат дека со шеќерна паста е доста хигиенски и подолго трае би сакала да порбам.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.131
    Допаѓања:
    156.114
    Кој ме подрече,проколна шимпанзо да му е надимак!Така да знаете!

    Абе Марфи,ластици ќе јадеш!