1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не знам за вас, ама штом решам да одам кај некого на му покажам како се прави пастава, стално нешто не е во ред со неа, и се брукам пред луѓето, плус им оставам тенџерче полно со шербет за миење :x , а дома немам утка последните неколку депилирања, Марфи ми е ептен верен придружник изгледа ]:)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.130
    Допаѓања:
    156.103
    Јас ич не го покажувам занаетот,зошто ако почнам,ќе ме познаат!Знаете колку ми имаат речено,абе читам на фемина,ама не ми успева! :D
    Ама еве го тој ден дојде да ми се укака и мене,ама до шеќерот е,чекам нов да ми донесат,па јово на ново!
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Aбе јас се правам блесава, реков си го открив на youtube, него шеќерот треба да е покрупен, ама оди објасни им, мислат дека до мене е, а јас кога треба да се депилирам детално анализирам кое пакетче шеќер да го земам, за да ми се погоди :lol: - ама на гости веќе не ја правам, или ќе си носам шеќер од дома :D
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.130
    Допаѓања:
    156.103
    Очигледно тебе моџото ти е домашниот лонец,викај ги кај тебе дома,свари им кафе и кажи им тегла да си донесат да им ја сипеш смесата! :D

    Не бе,се нервирам,многу се нервирам!!!До сеа ќе бев готова,а не вака,мамицата мамина!!!
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Aјде, трк до продавница по нов шеќер и готово ;)

    Инаку јас стално ја правам во тенџерче со бело дно за да гледам кога ќе се смени нијансата, поубаво се приметува на бело :)
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Да не сум јас несакајќи? А те пофалив и ете... :worried:

    Се извинувам, ама те спомнувам за арно за убаво, кога си ја гледам каква е мазна и мека :rofl:

    Јас па ич гајле си немам, и кажав на другарка ми - го знаеш фемина сајтот? Да. Е од таму ми е идејата.
    Мора да го шириме гласот бре.

    Инаку на моите другарки не им искача...ама тие не знаат ни јајце да испржат што значи неколку левели подоле од мене, што значи тешко да им искочи во текот на годинава :D
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.130
    Допаѓања:
    156.103
    Едно е благослов,а друго е подрекување или проколнување! :D Ова е невидено бе,ми се лигави по раце.

    Абе нек се шири глас,ама после јас добра душа,таква ќе одам по куќи и ќе кубам кокошки за без пари. :D
    Шала на страна на врв јазик ми стои кога ќе чујам напатени души како се жалат,па викам абе оди у Александрија депилирале со шеќерна,е сеа малце поскапо,ама нема да те боли. :D А може и да фатам да го шиткам ко магична смеса,никако под име шеќерна паста!
     
  8. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Јас вчера која глупост ја направив :tmi: Исчитав неколку страни од темава,изгледав неколку видеа и ајде ќе пробувам.Немав лимонтус па ставив степ од лимон :D

    И правев што правев по мој мерки,па додека го правев ми изледаше многу течно и си додавав шеќер.
    На крај ми испадна многу карамелизирано,ми изгледаше баш ко топлол восок.
    И ај го чекам,го чекам да се излади (пошто го превриВ) Го пипам,го гледам дали е добро да го ставам на кожа и ајде дојде моментот да се мачкам,луѓе кога се изгорив.
    :$
    Страмотилуци сум.
    Сега си шетам со изгореница и меурче на ногата. :(
    Следниот пат,ќе си земам лимонтус и строго по рецепт :lol:
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    оох никогаш не сум ја умеела шеќерната паста :)
     
  10. miss.ladyMillion

    miss.ladyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    читав до негде и после ме замрзе.... кажете ми има салон некој во Скопје што депилира со шеќерна депилација??? фала многу :)
     
  11. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    незнам бе деца како не ви испаѓа...јас два пати ја имам правено и супер ми испадна, дури сега кога ја правев ми остана и си седи еве неколку дена иста таква ПРАВИЛНА :D :D
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    На фб ми излезе рекламче за нов салон за шеќерна депилација, ама ептен тазе е изгледа информацијава ништо поконкретно нема. Пишете шеќерна депилација на фб и ваљда ќе ви излезе страната.
     
  13. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Се ми е супер со шеќернава паста, навистина многу се мазни нозете, споро растат влакната.....но, ме нервира што некои влакна (потенките) ми ги подкубнува и не ги влече од корен. До душа со што и да се депилирам мене тие ќе ми се поткинуваат.
    А одма се познава кога сум тазе депилирана, ми се појавуваат мали модринки онаму каде што лошо ќе потегнам :tmi:
     
  14. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Не ми успева и не ми успева! |( |( |(
    ај напишете ми пола доза ако може, да пробам така :$
     
  15. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Јас се депилирам со шеќерна паста и секогаш до сега ми успева нз вие како ја правите али еве ви го мојот рецепт со кој ја правам веќе 4 години, инаку ми го даде другарка што е муслиманка тие така го правеле во турција и баш е добар.

    3 филџани шеќер
    1,5 филџани вода
    и одприлика околу 1 лажиче лимонтус

    само не го превривајте мн оти ке се згусти и ке дојди како карамела
    јас за да знам дали е добар земам и со прсти пробувам ако кога ке ги одделувам прстите се појавуваат како конци тогаш е готов :)
     
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да се издепилирам со шеќерната паста. Е сега го направив се тоа и го оставив да се лади.
    Отприлика оладено е а пастата е таква растеглива. Ја месам и пак останува иста. Пробав со таква да се депилирам не бива.

    Што да и направм? Да чекам уште да се лади? Ама скоро скроз е оладена :wasntme:
    Ениуан?
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Сакам да прашам...?

    За шеќерната паста caroline.costa..ми се чини дека не си ја пржела доволно..каква боја е?
     
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да прашам...?

    Жолта, или накај темно жолта му доаѓа. Да ја ставам повторно да се пржи или :?:
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Сакам да прашам...?

    ммм не не..а по која мерка ја правеше? да не имаш повеќе вода ставено?
     
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да прашам...?

    По онаа на Лилит од темата за шеќерна паста. Вода ставив колку шеќерот да се натопи, но не и да се прелие.