купив шеќерна паста - Pretty Jenny, 50ден-100гр. си направив топче, кое беше многу јако, дури го месев омекна за кратко-тогаш пробав да се депилирам (не одеше баш најлесно) и нагло омекна, се тегнеше како преџвакана мастика значи краток беше тој момент кога како топче го биваше значи, не и не ме бидува, се враќам јас на топлиот восок
Ако не те бива како и мене пробај со шеќерна депилација во салон и раат ќе бидеш они нека се мачат мада таа професионалната не се прави во топчиња, не мораш да му се враќаш на топлиот восок. Спојлер пс. има и попуст на шеќерна ама јас веќе се средив
Не ме бидна. Никако топчиња не ми се правеа, се исполепив. Среќа моја што се мие со вода Ама инат ме фати, утре пак има да пробам Денес, да не оди фира, ја искористив, ја искомбинирав со крпчиња. А кожава што е мека, мека е.
И јас си пробав, фејл. Знам што погрешив, но не се замарам со тоа веќе. Си најдов совршен начин на депилација. Нема да биде нешто ново, шеќерна паста. Но, некако поинаква е. 80 денари ја купила братучедка ми, и таа со такви ленти што спомна Зара, со такви се средила, со едно парче лента-ги средила нозете. И навистина супер се имаше средено, а не потроши многу, 2 супени лажички би рекла јас (бидејќи смесата не беше густа и не правеше топчиња, туку со лажичка си нанесуваше). Значи со едно буренце (таква форма имаше) можеш да го депилираш целото тело, и можеби и кусур ќе имаш. А тоа со агда, и јас сум пробала, и тоа повеќе пати, ама не ми беше доволна смесата, а со оваа за што зборувам, супер би било.
Не ве разбрав убаво ако може да ми објасните Значи смесата од шеќер и лимонтус се става на ногата во пријатно топла состојба и потоа...?
Оладена и не течна и дечки,финтата со пастата не е со крпчиња.Значи смесата сама по себе не е философија,ете можете и со крпчиња,туку муабетот е начинот на нанесување и тегнење. И ве молам во иднина разгледувајте ја темава пред да поставувате прашања,затоа што навистина е убаво објаснето од почеток до крај на темава.Нека не ве мрзи зошто испаѓа дека залуден е трудот да објаснуваат некои форумџики,а тоа не е фер.
Еднаш пробав и не успеав, а мислам дека се направив како што треба. Ништо, за џабе трудот. Си продолжувам со користење на восок...
дали во скопје во салоните каде што депилираат со шеќерна паста депилираат и лице? ии ако депилираат колку би чинело?
Kaде низ аптеки, маркети можам да најдам готова шеќерна паста ? Ми кажаа имало, на пример има во Тинекс, Веро и како изгледа опаковката? И значи само ја топлам смесата, ставам , тегнам и вуала - мазна сум? Глупо ми е прашањево, ама денеска ми е blonde day, ќе ме извините.
Па веројатно депилираат и лице. Инаку Мишела купечка има на битпазар ама не беше така едноставна за депилирање мене не ми одеше премногу добро.
Депилираат и цело тело ако сакаш (комплет цело тело, лице, раце, нозе, интима, стомак) мислам дека беше 1700 ден . За лице мислам дека цената зависи од тоа кој дел се депилира (надусници, брада итн.), веројатно до 200-300 ден.
Јас денеска се депилирав со шеќерна паста во еден салон.Преубаво е како прво многу е хигиенски, со ракавици депилираат, чиста е смесата секако тоа е шеќер ми ставаа некои креми спрееви после депилација и е преубаво не боли многу и сега многу сум мазна ммммммммм
Јас пробав два пати дома, ама од тополото ми е многу топла кожата и на рацете, а и по цело тело, и пастата, иако оладена, при допир со кожата ми се топи и ни топчиња ни ништо не ми се прави. Изгледа и јас ќе одам во салон.