Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Јас ставам сок од лимон :)
    А некои ставаат лимонтус. Но нема никаква разлика :)
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    И што ми кажа сега со одговорот?
     
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Сеси јас баш од тој купечкиот ставам :) Нема гајле,баш ми успева :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Абе исто се фаќа, а сок од лимон, а лимонтус, а тој купечкиот - same same but different, шо би рекле у Тајланд :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Jас за интима последните пати одам на козметичар- восокот е за 1 употреба и за 5 минути сум премазна, па не ми се исплаќа да се замарам сама.

    Ама за раце и нозе ме фаќа инает оти е брзо со пастава, и лесно, и не ми се даваат и за нив пари на козметичар кога можам да се средам сама, а со тие пари да си купам нешто друго (опортунитетен трошок, да :D ) ама ете не сака да се погоди пастава за жива глава, дури почнувам да мислам дека неколку пати што ми се погоди беше чиста среќа

    Еве ја сега каква е
    [​IMG]
    си најдов сад со светло дно за да ја гледам нијансата кога ја правам, капнав од неа и во филџан со вода, се беше ок, густа е, ама кога почнувам да ја месам место да ми се одделува од рацете она уште толку ми се размачкува :@

    Сега ја вратив уште малку на оган, ама не е до тоа, осеќам.
    Епа не е фер бре- 1 филџан шеќер, 1/4 вода и 1 лимонтус (рековте исто е, а немав дома сок од лимон)
    И другите пати кога ми се погодуваше ја правев вака.
    Каде грешам? Каде? :(
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Леле, како бе не ти искача Сеси? Па јас од тебе и од Лилит учев :worried:

    Абе наводно е сеедно, дали лимонтус дали лимон, ама точната мерка не ја знам за сокот од лимон (има на јутјуб рецепт и со сокот).
    Јас ставам шоља и пол шеќер, еден лимонтус и водата ми искача скоро па четвртинка од истата шоља - гледам да го покрие шеќерот затоа внимателно ставам вода.
    Ставам повеќе шеќер затоа што колку што добро се сеќавам Лилит еднаш рече дека не е убаво многу лимонтус а малку шеќер.
    Финтата со тоа капката во филџан ми е репер за да знам дали е готова пастата, но отприлика за 3 минути мислам дека е веќе готова.

    Е сега ми се случило да е потечна на почеток се разбира додека не се излади цела, а јас нестрплива нали, за почеток секогаш си подготвувам крпчиња за депилирање. Како што се лади пастата, веќе можам и сама да ја месам и без крпчиња се супер ми тегне до мазноќа :lol:

    Не знам зошто не ти искача, да не имаш многу лимонтус на мало количество на шеќер? Лимонтусот всушност ја прави полеплива и потечна а? :?:
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Го чекаме гуруто на темата- Лилит 8)

    Можно е да е до лимонтусот изгледа, оти бојата е таа, густината, си паѓа во филџанот вода и на крај- леплива, за никаде.
    Како и да е, ќе ја фрлам, па ќе пробам нареден пат со 1/4 лимонов сок, не знам ;(

    Едит- сега пред да ја фрлам пробав уште еднаш да ја месам- овој пат се одделуваше од дланките, пробав на раката и убаво тргна, си реков успеав, ама после 2-3 тегнења се залепуваше на раката и не се одделуваше, не одеше депилирањето со леснотија.
    Изгледа е многу цело пакетче лимонтус.

    Следен пат се надевам ќе биде поуспешно
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Абе не ја фрлај, со крпчиња - ленти сигурно ќе се средиш - не е белким до толку леплива?!

    И да те прашам, сосема ли е изладена или и ти не можеш да дочекаш ко мене?

    :)
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ма камен е Пирамид, од 11 се занимавам со ова, затоа ми досади :D

    Веќе ја фрлив, таман до другата недела, да ми пораснат повеќе влакненцата, сега ми е многу кратки, ова ми беше само проверка дали сеуште го имам битот :D

    Фала ти за моралната поддршка :lol: :*
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    На почетокот кога мисијата ми беше неуспешна ја правев со лимонтус.

    Е последните неколку пати ја правам со сок од лимон и ми излегува. Дали сум се усовршила после милион изгледани клипчиња, или до лимонот/лимонтусот е не знам.
    Ама планирам со лимон да терам даље. У фазонот ел натулер до бесвест.
     
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски

    Не бе,не требало да ја вратиш на оган,мене добра ми изгледа на сликата...И требало малце повеќе да ја месиш...
    Јас еднаш многу ја оставив на оган,и тоа за некој 5 мин се работеше и после ептен се стврдна.А кај мене еднаш и многу шеќер имаше(притурив пошто ми изгледаше мн течна :lol: ама се зафркнав |( ) Ќе се навикниш за нареден пат ;)
     
  12. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Го пробав ова денес, го направив со лимонов сок без лимонтус, и ми искочи перфектно! Збогум депилацијо, дури можам сама се да фатам, без да направам лом и без болка! :) Пресреќна сум! :D :D :D
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    И јас имав несупешен обид со пастава, а се ми беше по прописи.
    Се лепеше на кожа, се од кожа ми извади освен влакна и така сега си одам во салон.
     
  14. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Јас се испраксирав и знам да ја правам и да се депилирам.Ама некако многу ми е мачно бе тоа лепење,мачкање,скубење,матретирање.....дрннн...мрн...... :lol:

    Сега најубаво ми е во салон одам за интима и препони,а со депилатор нозете и рацете и ко бебе сум мазна после . 8)

    Каква шеќерна паста,какви глупости бе,какви малтретирања и алувања...аманннн :x :D
     
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Уффф па со пастава уште поубава ми станува кожата и не е толку мачно ко што ја кажувате,ама кој да се потруди...Јас сама си ја правам,ми испаѓа и си се средувам тип топ,без многу болка и тегнење како во салон.Нема толку вцрвенување и крв,ем е похигиенска и си знајш дека само на тебе си ја ставаш ;)
    A и влакната и мене ми се изретчени,се изненадив дури! И се помеки!Никогаш вака не ми биле.Секогаш велеа демек со депилацијата ќе оретчат и омекнат(ко одев по салони)ама не! А со пастава да.

    Кој неќи нека не ја прави и нека не фали депилатори и салони во оваа тема.

    И пак ќе си ја направам! ;)
     
    На UniqueCreature му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Сега видов ова дискусијава. Малку шеќер ти било на толку лимонтус.Тој не дозволува шеќерот да се зацврсти,туку го прави еластичен,па многу дошло на едно шољиче,требало половина,па дури и третина да ставиш.

    Убаво ви рекла Дивајн,ак не ви чинит,одете си по салони! :D Кој си знае,си знае и си има пракса,за половина час нозе и интима,оп-цуп,уште 5-10 мин.раце и оооо,мерак! Да си кажам дека после година и пол секој месец со пастава,вланенцата ми се премногу оретчени,тенки и светли се,мерак,а да не зборувам за внатрешни влакна.
    Кој како сака,јас пари од ова не земам! :D (ма да треба да почнам да размислувам на таа тема! :D )
     
    На Annath, Phyramide и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ќе има кај и да е купечка ќе почнат да носат како што разбрав, па нема да мора да се замарате со правење ако не ви успева.
     
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://kakonapraviti.net/depilacija/secerna-pasta.html
    Линк со плус рецепт и објаснување

    п.с.
    Девојки како не ви остава модрици пастава?
    јас кога се трудам да ја нанесам на мене се правам целата сина ..
    било тоа да се нозе или раце....(интима не сум ни пробала а и ме
    фака страв да пробам)
    Дури и онаа Агда исто ми се дешава.. каде грешам ?
     
    На HermioneM му/ѝ се допаѓа ова.
  19. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    ^Модриците мислам дека ти се праат од влечење брзо или пак ако ти е многу осетлива кожата :?:
    И мене ми е осетлива али не ми се напраиле до сега модрици..

    Едит: мене ми се прави многу леплива. Неможам ич да ја месам туку директно ја ставам и влечам..
    а ставам една шоља шеќер, 1/4 вода и 1/4 сок од лимон. Грешам негде? :^)
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ете знаев јас дека е малку шеќер на толку лимонтус.

    Него, Фиги, како бе модрици?! :o Да не тегнеш многу нагло?
    Мене не ми се случило никогаш, но да признаам еднаш направив многу глупа грешка на интимата, ама многу!!! Поарно да не ви кажувам што точно ми се деси, ќе свикате и рипнете сите од столче, ама среќа - зарасна за ден два, таа умна, јас подготвена - се супер :D