Океј значи една чаша шекер, 1/4 од истата чаша вода и 1/4 сок од лимон. Добро ли разбрав? Сето тоа се става на оган и колку време треба да врие, 15мин, 20? И откако ке го тргнам треба да почекам да се згусне, после се прават топчиња се почнува, така ли? Знам дека здосадив ама досега не сум пробала ваква депилација па ми е страв да се испечам
Да, да супер си е спакуван Нема одредено време, поентата е во бојата да ја добиеш која мене најмногу ми личи на килибар. Немој да ја правиш на највисока температура, мене така не ми успева. На оган ти се згуснува, ја тргаш на страна да се излади и правиш топчиња. Пушти на ју-туб видеа, има милион за тоа како се прави и баш ќе видиш и бојата каква треба да биде
Восоков е прва класа јас вчера си купив и немам ништо друго да кажам освен пофални зборови за тој што откри каде го има ова чудо дечкото од кај што го купив имаше ваква зделка, 1 за 40 денари, 2 за 70 денари и 3 за 100че. јас купив едно, бидејќи бев малце скептична дека нема да ми успее и така натаму... арно ама сега си мислам колку се зафркнав што не купив 3 за 100 денари како и да е... многу добра работа е восокот лесно и едноставно за употреба еве и едно видео кое покажува точно како финкционира сето ова... http://www.youtube.com/watch?v=SzOwU5VwqeU
Ајде, вие поискусните, веќе со пракса, што мислите за рецептов на девојкава? Користи и малку сол и смесата ја истура прво на ладна површина, па ја собира, па ја меси (ама тоа е скоро исто во сите постапки) http://www.youtube.com/watch?v=WoS1uudd ... re=related
Ај ве молам линк објавете да погледам како идат постапките. Читав во темава со некакви топчиња се правело. http://www.youtube.com/watch?v=KSPKP8nzUjw да не е вака нешто, со вакви топчиња? Е сега нели треба да се трга пастава во спротивна насока на растот на влакната а жената наодле тегли, во насоката на растење на влакната.
^ Пастата се МАЧКА во спротивна насока од растењето на влакната, а потоа се трга ВО НАСОКА на растење на влакната
Девојки GOOD BLES THIS SUGAR PAST јас се депилирам подолго време и супер е но рецептот на ЛИЛИТ ми е МНОГУ сакам само препуни да депилирам сега пробав со 1/4 шеќер(чаша од чај), пола лимонтус и 2 големи лажици вода.....ииии КАМЕН СТАНА ЗНАЕ ЛИ НЕКОЈ РЕЦЕПТУРА САМО ЗА ПРЕПУН
Веќе подолго време се депилирам со шеќерна паста, но во последно време кај препоните ми се прават црни точки (тоа откако ќе се издепилирам после 5-6 дена.) ме нервираат
Завиткано е во пластична обивка (потенка) па во една подебела. И најголема мака ми е да ја извадам таа обивка, треба да е смрзната смесата (барем доволно за да не се лепи восокот на најлонот-така да кажам), а ако е не е доволно тврда смесата, маки ќе имаш додека да ја извадиш обивката. Подобро е едно време да стои на фрижидер (епа барем сега не мора, бидејќи е доста ладно ), па сега засега немаш проблем.
И да напраиш многу и да ти остане можеш пак да ја користиш што има врска. Само ќе го загрееш садот во кој ти стои пастата во тенџере со топла вода, ќе се опушти малце и можеш без проблем пак да ја користиш, наместо да правиш секој пат за препони
Јас конечно се зафатив со ова Сега го тргнав од оган оваа...пастата и колку време треба да чекам за да почнам со депилацијата? Ве молам одговорете ми побрзо, на сред работа сум
Гледам според постовите премногу сте задоволни. Кажете ми отприлика колку чини, колку време сте мирни потоа, и каде препорачувате?
Колаче а и ти го ставаш вака во вода па во микро исто како на видеото и после така го месиш или како праиш ...ке ги побарам утре на бит пазар...Ке сака некој да го сликне па да видиме како изгледа.....
Сакам т.е. планирам утре да купам шеќерна паста зошто гледам многу ја фалите... Ќе ми кажете ли каде поточно да ја барам? И да, за колку време повторно растат влакната?
Kупечка има на битпазар по тезгите прашај, а влакната кај секој за различно време растат па ваљда отприлика колку што ти трае обична депилација или може и малку подолго.
шо се мачите бе женски? си купиш од најблиската продавница roll-on од Галафарм, и чао пријатно, ни тенџериња прљаш, ни кујни, ни модрици, па дали ќе ти испадне или не... ролонот ти е истата медена смеса, а и ефикасна е, пробајте, па да дискутираме, а ја лично од депилатор не сум мн задоволна....