Леле уште еднаш некој ако спомне силк смесата со ова,ќе се самозапалам. Не е до смесата,до техниката е побогу!
Не е само различна техниката, туку и самата смеса не е таква- пробав еднаш, истурив мала количина на дланката од Силк ролонот и пробав да ја месам и немаше врска, не се месеше воопшто. Така што девојки, не е исто Лилит, еве јас спомнав- немој да се самозапалиш
Некде поназад прочитав дека наместо лимон може да се користи и лимунтус. Како иде со лимонтус? Колку треба да ставам? Лимонтусот се става директно од кесичката или прво треба да се раствори во вода?
Јас да ја пофалам Lilit за поттикот девојките да се здомаќинат по дома Успешна мисија ми беше вчерашното приготвување на шеќерната паста. Само секако треба да се испраксирам за во иднина. На почетокот малку се боревме со пастата, ама на крај попушти чунки попаметниот попушта Малку ми се лепеше низ прсти, можеби и времево дека се затопли па и температурата на кожата ми беше повисока, ама се надевам ќе биде подобра следниот пат
1 шоља и уште 1/4 шоља (или уште 1/2 не сум сигурна ќе мора да провериш на задните страни) ама и едното и другото пали во секој случај, само што едното пали со лимонтос а другото со 1/4 лимонов сок значи МОРА да провериш!
Јас еднаш купив од пазар во Битола, таква во кутивче пластично, правено од вода, шеќер и лимон, беше околу 100 денари. Турски производ, демек по рецептот на турчинките. Како смола дури личеше, ептен тврдо беше, и со мака вадев делчиња од него. И исто требаше да се скини делче од него да се измеси малку низ рацете, топче да се направи, и да се залепи во наска на влакната и да се тргни. Ама не ми успеа. Ми се измачка низ раце, ми се излепи, живците ми се искинаа, па се откажав, а многу сакав така да се депилирам
Не ја купив од аптека во Битола, туку од пазар, од тезгите каде што се продаваат џиџи-миџи работи Имам слушнато и Скопје дека има, на Бит-пазар (оф корс ), имало 100% таму, ама немам уште побарано јас лично.
Вака изгледа моето буренце Си го купив од зелено пазарче, ама чичкото не го знаеше под име шеќерна паста. Некој турски восок за депилација Јас си го подгревам да се стопи, па си вадам со рака. Кога е попразно потешко се вади, зашто е тесен отворот . Претходните пати го месев па го користев, ама последниот пат си го извадив топол (не жежок) и одма почнав да си се депилирам, па смесата некако сама си се измеси на моите нозе и си стана со тек белуцкаста. Мене ми е попрактично вака, зашто ако ја правам дома цела куќа ќе ја испозалепам
Да, баш така изгледа Инаку во Битола го купив од пазарот в центар шо е, на тезгите близу оние каде се продаваат цвеќиња
Кај што има козметики и чуда такви 100ден го земав. Прашај по тезгите за депилација нешто турско, ќе ти покажат, има вакви и има едни како кутивчиња чоколадо што се, ги имаат претходно зборено (може да има и поефтини, ама јас бев во брзање и не шетав наоколу да побарам)
kravce нели ти се лепеше низ раце? Како се справи со тој проблем? Јас цела се исшлакав по рацете и кожата. Ај те молам појасни како го изведуваш целиот процес. Однапред фала
Па не ми се лепи баш :/ кога е топла се лепи малку, ама кога ќе се подолади е таман. Кога ќе го извадиш од буренцето, земи со два, три прста и одма стави си на раката (не на дланка) и пробај да го замоташ како топче или да си се издепилираш, развлечи го, и ќе си дојде на себе Јас кога го греам, не го топам скроз, туку колку да може да извлечам малку, а да не биде жешко, ако ти го топиш комплетно може затоа ти се лепи повеќе. Ако се депилираш со голи раце (не со ракавици) глеј да не ти бидат тазе средени ноктите, зашто ќе ти се залепат со ова, и ќе ти се излупат, да не ти биде џабе лакирањето
Да, ама јас воопшто не го загревав, само така вадев од внатре, и правев топче низ рацете, па го лепев, го развлекував и тргав, после пак правев од истото топче и пак го лепев и тргав, и веќе третиот пат, лом се правев
Хаха, со мака. Не ни знаев како треба Изгледа требало да го стоплам прво. Ама изгледа ќе си се држам до Силк ролонот. Му го имам земено редот, и се депилирам цела, и раце и нозе и препони за пола саат