http://www.facebook.com/profile.php?id=100002064706000 800 денари нозе, 300 денари интима, 390 раце. 1700 комплет цело тело, секаде каде што има влакна
Jas probav sekernava pasta,solja ipol seker 4-5lazicki voda i limontus,5-6 minuti go mesav na ploca dodeka se zagree i posle go ostaviv da se oladi vo keramicki sad. pocnav na nozete i probav vo site nasoki da tegnam ama nesto mi vadese nesto ne.. do sto e sto mislite? :/
По 3 пат пробав и не успеав да направам шекерна паста дали има некаде да се купи шекерна паста за депилација?
Здраво девојки! денеска решив да се регистрирам на форумчево, кое доста одамна си го прелистувам и ги следам вашите мислења и неможев да одолеам да разменам мислење за шеќернава паста(бог го благословил тој што ја измислил )нема претопол восок,нема изгореници,нема поткожни влакненца,нема инфекции мхмхмхмх Само што повеќе не се шлакам низ дома па се погодила, па не се погодила, па сама неможиш да се фатиш сегде бла бла бла.Си одам џоа госпоџа кај што прават египедска депилација со професионална паста (досега го немаше тоа во Прилеп) и те прави тасма а ти си уживаш и плус гратис имаш маска за лице или за тело и си одиш дома релаксирана и мазна како бебенце. И така да јас повеќе не губам нерви по дома за пастичката наша благословена
Веќе 1 година ја правам депилацијата.Според овој рецепт: 1/2 шолја шеќер,1/4 вода и 1 лимонтус.Потоа го мешам околу 10 минути се додека смесата не добие кафеава боја.За да проверам дали е готова смесата капнувам малце во 1 шолче со ладна вода, доколку се направи топче значи дека е готова, а доколку не се направи повторно ја враќам на оган.Благодарение на оваа депилција повеќе нема поткожни влакна,црвенила или отоци на кожата. На сите феминки на кои не им успеала депилацијата, нека не се откажуваат нека пробаат повторно нема ништо да изгубат само ќе добијат. Ова видео би им помогнало многу. http://www.youtube.com/watch?v=XRLFm5g4SIc
Сеа ќе пробам да направам шеќерна паста па да видам дали добро сум разбрала. Значи вака: во тенџере ставам шеќер(една чаша) вода(1/4) и лимонтус една кесичка.Тоа цело време се меша додека не добие кафено-златеста боја,е сега на колку да го варам,и кога ќе го извадам како да проверам дали е готово,како иде тоа со ставање во ладна вода па ако се направи како капка??
Значи вака, денес ја малтретирав мајка ми да ми ја направи шеќерната паста, реков малку да ми направи како за проба. Она стави како за пола смеса со пола лимонтус. И добро онака се згусна смесата, како мед е ама бргу се излади и кога отидов да ја ѕирнам беше скаменета целата едвај ја одлепив лажицата од дното на тенџерето. Пробав да замесам топче, океј е се меси, ама кога ќе го залепам на кожата воопшто не се лепи, паѓа .. Да не требало повеќе шеќер ? Или па треба да ја затоплам ?
А што не пробате таа рецепта што е со лимонов сок? Секогаш ми успева. А и многу убаво беше објаснето се понапред во темава.
јас порано правев и колку сто знам тоа се мачка дури е позеско колку што мозис да трипш топлина и се мачка на местото каде сто имас влакненца и одозгора мрсна хартија или мрсен весник....си го сечис весникот на ленти и ги ставаш ленитите на намачканото место и тргаш....јас така правев и успеваше месец дена си мирна....само пази да не биде претерано жеско да не се изгориш позззз
Annie пробај со онаква ракавица за ексфолирање што е,да ги истриеш убаво или оние сунѓерчињата,а ако не се отворат така,пробај со стерилна игличка.
Пробајте уште еднаш, вие сте ја загореле и затоа таа се стврднала одма .Пробајте уште еднаш , по 5 мин од вриењето во шолче со вода капнете од смесата да видите дали ќе се направи топче.Ако се направи значи смесата е готова и тргнете ја од оган.
Девојки го најдов линков на facebook и сакам да ве прашам, знае ли некоја каде се наоѓа ова, и колку им се цените за депилација??? Btw доколку била некоја нека каже дали е задоволна и од услугата. Еве ви линкови https://www.facebook.com/sweetandsmooth1?sk=wall https://www.facebook.com/sweetandsmooth
Не работи затоа што Лилит разви слична формула која што им стана непобедлива конкуренција во поглед на цената, едноставно ги уништи. Почнаа да се соочуваат со енормни загуби, луѓето се откажаа од услугите кои ги нудеше и со помош на рецптот на Лилит почнаа успешно дома да го спроведуваат чинот на депилација. Сега е монопол.
Mимс не ме тролај леба ти! Ви викам да развиеме формула со се пилингот,сите у ќар ќе бидеме,а и шеќерната индустрија ќе процути у државава! И стварно ќе си бидеме монопол!
Конеееееееееечно! Трета среќа и ми успеа! Баш се радувам. Инаку, ја правев според рецептот на Лилит и конечно ми излезе како што треба.