1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Ја купила мајка ми оваа Клеопатра,ќе ја пробам после и ќе ви кажам. Многу ми се гледа течна,ќе видиме што ќе испадне.
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Мене ми успеа од прва, јуху! Ептен е добро, депилирав надусници, а утре и раце. Прво си ставив 1/4 помалце лимонтус и вода од шеќерот, ама после додавав. Инаку користев и крпчиња, не можев поинаку никако. :?:
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Мало,не ти успеала штом ти требаат крпчиња! :D

    Ете збор ил два за Клеопатра. Многу ми беше течна,ја измешав,ја ставив во фрижидер да се стегне. Слична е како домашната,ама на топлово побрзо се растопуваше,за што и немав многу нерви,па ја лупнав да ја допечам,да ми стане поцврста за да има сила да тегне и така.
    Зошто ми е исто,а ја имам уходано домашнава,ќе си продолжам дома да си ја правам,зошто си ја печам колку што ми треба, за поцврсти влакна,за понежни,више ја имам устручено,па 400 за нешто ама буквално исто,не ми се фрлаат.
    Кој не може да ја погоди по дома,нека си ја зима оваа. Ама еден совет, стопете ја прво во сад со жешка вода,измешајте ја убаво,па оставете ја да се стегне,зошто забележав и кај оваа,како на површина испливува тоа лимонтусот,па лепи и е течно. А инаку, иста ми е како домашната,не увидов значителни разлики,дури и е таква,кога нема да ми се погоди шеќерот,леплива,ама врши работа.
    Само што сум глупа,со ноктишта фатив да се депилирам,па си ги упропастив,ама па немам алтернатива.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да ја пробам сега (имам мензис, а прилично сум осетлива во овој период), ама брцнав малку во тегличката и го добив истиот впечаток дека многу се топи кога ја месиш, па си реков ќе ја загреам и измешам малку. И ете, Лилит одма со истиот совет :clap: Слична е на домашната, ама не ми се седи до шпорет на жешково. Ќе ја пробам и таа турската во Голден Роуз што сте ја купиле (ја има и во Рамстор), па ќе видам. Ако се покаже добра, нема зошто дома да си ја правам кога е толку ефтина. И онака само за интима ја користам, нозете нема шанси да ги депилирам со пастава, сите влакна во различен правец ми растат (ги немам многу де :) )
     
  5. PapillonGirl

    PapillonGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    27
    Чекајте малку, на сликата од „пастата“ што ја има во Голден Роуз пишува дека е восок. Да не ја утнеме работата.
    И уште нешто, за домашната паста, знаете ли точно лимонтусот која улога ја игра? Гледам дека рецептите малку варираат во делот на лимонтусот. Што е разиката доколку се стави помалку од потребноти и обратно што се случува ако ставиме повеќе?
     
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Да и на интернет ја пишува под Sugar wax, види во составот на производот има, гликоза(шеќер), цитрик ацид(лимонтус) и екстракт од лимон(сок од лимон) зарем од овие состојки не се правеше шеќерната паста?

    Една од девојките во Голден роуз ми кажа дека ја пробала, била супер иста како таа на пазар што ја зимаат и се тегнела како мастика, класичен восок од истата фирма има и иде заедно со ленти.
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ако немате пуштено клима или ладна соба, шеќерна паста во лето, не. Бар не за мене.

    Ме мрзеше да правам, еднаш ја погодувам еднаш не и си земав од пазар од тие парчињата од по 40 денари (типот кога ми рече ааа од чоколадите, само еден поглед му упатив). Ја турив во замрзнувач и синојка во 12 почна операцијата. Абре одвај го замесив тоа чудото кога почна да се топи, буквално блага вода течеше. Ај почнав што почнав ама не стигнав со никаде. Воопшто не можев да ја издавам ни од нозе, ни од други места (кхм, кхм) и така си останав исполепена. Па барам крпчиња за да не ја гребам, бар нешто да се извади најдов што најдов и си се направив цела со модрици. Ми пукна филм, се бањав во 1 и пол вечерта и сакав да утепам некого.

    Така да земете совет од мене, само во ладна соба да не изгледате како да сте паднале во мед.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ја вчера се тегнев,се мачев 100 саати,ептен заебана работа е шеќернава во лето....и сеа на едно место кај што сум се тегнела така малце посилно,имам како црвени/модри точки,што да им ставам за да ми поминат? :?:
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    ^
    Јас ги оставив така, само малку маргарин им ставив затоа што ми помага за модрици и еве после два дена се ОК.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    И јас пробав... и баталив... леле, на ова жешково нема шанси со шеќерна паста, барем не во ова Скопјево... ќе пробам за некој ден пак, кога ќе одиме во Охрид, а дотогаш :x
     
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Леле,мама ми рече дека ми биле испукани капилари,ќе ми поминат ли? :sweat:
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Ќе поминат, не се секирај ;)
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    ^со ништо не треба да ги мачкам,самите ќе си поминат така?
    оти мама ме преплаши,она има испукани капилари на нозете уште од кога била трудна,ја депилирале и многу бил жежок воскот па и испукале,и ене уште си ги има,не и поминуваат.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Не мора да ги мачкаш, како што реков ќе поминат. Кај тебе се од иритацијата од пастата предизвикани.
     
  15. mucca

    mucca Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    7
    Хепатромбин стави си ке ти поминат, мачкај неколку дена по ред
     
  16. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    Девојки, а зошто си ја мачите душичката сами да ја правите пастата дома? Кога можете да ја купите во сите аптеки на зегин.Клеопатра мислам се викаше. И евтин беше колку што се сеќавам. :D
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.116
    Пол:
    Женски
    Па и не е баш ефтина, 400 за еднаш или два пати депилирање, а и некои од девојќите што веќе ја користеле викаат дека не се нешто задоволни, искрени да бидеме не е некоја мака да замешаш на шпорет 5 минути, со 400 денари ќе се депилираш цела година вака ;)
     
  18. sicilija192

    sicilija192 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    рецепт за шеќерна паста

    Читав дека шеќекната паста е мн поефикасна и побезболна од восокот и сеа ве замолувам да ми го кажете рецептот за шеќерна паста пошто ми треба итноо а во близина немам такви продавници каде што има такви козметички препарати а немам време да одам да барам :)
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
  20. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    рецепт за шеќерна паста

    2 чаши за чај шеќер 1 лимонтус и вода колку да го покрие шеќерот. вариш дури да добие златно жолта боја. за посигурно во чаша со вода капни од смесата ако се прави топче е готова.
    атер ти е итно :lol: иначе имаш тема депилација со шеќерна паста