1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Козметичарката ми е на одмор, па за интима денес купив шекерна паста. 99 денари беше, турска е и пишува на неа дека е за рачна депилација, односно за депилација без крпчиња. Ке ја пробам сега и ке пишам искуство инаку еве слика како изгледа.

    [​IMG]
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Неможам да редактирам ама морам да дадам фидбек за моето искуство од горенаведениот производ, бидејки добив многу ЛП. :wasntme:

    фаза1- Го ставив во топла вода да се стопи, почекав 10-15 минути и почнав. Најпрво пробав со шпакла да го нанесам ама беше премногу тешко па почнав со раце. Се лепеше насекаде, по прстени нокти итн. Пробав да вадам со крпче одкако некако го нанесов но не излегуваше ништо.

    фаза2- Таман кога помислив што се можев да направам со тие 100 денари наместо да ги дадам за ова што во моментов се чинеше глупост, си реков, ај да пробам со раце да нанесам и со раце да тегнам. ЕУРЕКА. За тоа зборам цело време. Болка- ич, црвенило- ич. Дали сум задоволна од производот? -ПРЕЗАДОВОЛНА. Нанесувам спротивно од правецот на раснење на влакна, тегнеш во правец на растење. Точно е дека е малку зафркнато бидејки секаде се лепи, но и за тоа најдов решение. Медицински гумени ракавици. Почисто здравје. 0 Шанси за преносливи болести, кој сака да си е цакум пакум на интима (бидејки за таму го купив) ке си одвои пола саат, наместо 15 минути на козметичар и Воала. :wasntme:
     
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    ^ Истиот восок и јас го пробав летоска, но мене тешко ми одеше, најпрво со гумени медицински ракавици не да не одеше, цели се исполепија неможев да ги одлепам, ајде ги тргнав и со гола рака фатив да се депилирам и одеше и не одеше, ме болеше доста и се лепеше како мастика, и тоа едвај еден ред издепилирав да земам друго топче, восокот и водата се олади морав пак отпочеток. Немам убаво искуство со пастава најверојатно јас не ја погодив, инаку на сам почеток кога убаво се растопи добро ми тргна но бргу се олади... :^) :?: Ич не се снајдов со неа, друг пат не се ни обидов.

    Пастава мириса и има вкус на шербет, класична шеќерна паста како таа што се прави дома, ама јебига треба со неа да се знае.

    Инаку нозете немав потреба да ги депилирам цел месец, навистина е поефикасна од обичен восок.
     
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    а од кај си ја купи ? ;)
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.990
    Допаѓања:
    101.272
    Пол:
    Женски
    Ја има во продавниците на Голден Роуз, ама таму е 110 денари, 90 не знам кај е, Црешке певај.
    Мислам дека си ја претоплила, јас еднаш ја пробав и воопшто не ја загреав, само со рацете малку ја погмечив колку да откинам парче, но јас не можев да се додепилирам и останав до четврт нога издепилирана само, и секако на тоа парче месец дена не ми растеа влакна. Јас ко што сум ќосава у нозете со влакна, да почнам редовно да се депилирам, па ја ќе шетам ќељава за некое време, ама пуста мрза, кој да се подбере, секогаш е бричот најлесно решение. Инаку за споредба, мене со брич нозете една недела ми се мазни ко бебешко газе, е толку сум јас ќосава. :lol:
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски

    Можеби не ти успеало бидејки одкога ке ја извадиш смесата со раце од кутивчето не се нанесува веднаш туку малку ке си играш со неа со рацете додека да стане жолта. Пишува во упатството. :)
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.926
    Допаѓања:
    11.427
    Пол:
    Женски
    Добро, а не ве боли да се тегнете таму? Препони не ме боли на пример, дури и со машинка ги фаќам, ама интима ми е Боже сачувај :whew: . А јас и задникот си го депилирам. Таму како?
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    [​IMG]

    Ja купив оваа шеќерна паста во Зегин, 50гр. за 360 ден. отприлика.

    Малку, а скапо, ама демек најпознатата и најдобрата за депилација.

    И никако не можам да се направам. Не знам зошто, ама едноставно не ги вади влакната. Се како што треба правам, размачкувам, тргам, ама влакната си остануваат.... :^) :?:
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Има на пазарчињава, јас од зелен пазар купив слична ваква, во исто буренце (имам пишувано на темава за ова).
    Иначе ако ептен ви се развлекува, ставете една капка ладна вода на прстите и така месете, летно време бидејќи е топло времето, многу брзо се растопува, башка рацете топли, па едвај се задржува во густина каква што треба да биде за депилација. Јас првите пати ја месев да испадне накај бела, ама сега директно ја ставам и приметив дека побрзо растат влакната вака (кога беше измесена како мастика повеќе од месец дена не ми растеа влакна, не преувеличувам ако кажам дека може и два месеца без недела ќе ме фатеше).

    Girl23 ќе напнеш малце повеќе :lol: Ја сум приметила дека малце потешко ги вади подебелите влакна, треба неколку пари да поминуваш на местото. Пробај си прво на раката, меси, влечи, тегни, стискај...евентуално ќе дојде до некоја точка кога ќе ги фати влакната :) па за друг пат ќе знаеш каква треба да му е густината за да ти ги вади. А најубаво е, како што пишав и погоре, добро да ја измесиш меѓу раце, за да стане како мастика, па и потенка од мастика. Така најубаво лепи.

    thinkerbell многу помалку боли од восок или ленти на интима, најубавото е што не остава црвенило потоа воопшто. Ја на одмор секогаш сум со црвенило на препони, а откако ја земав шеќернава, ем кожата мазна, ем нема ни трага од последици при депилација :)
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Женски, а како успевате да ја издепилирате цела интима? :$
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.772
    Пол:
    Женски
    Не ја бива оваа, не знам, многу лепи, или пак јас не знам со неа. Ја стопив сосем, ја измешав убаво... неколку пати пробав со пастава и на крај ја баталив. Па со домашната ми е стопати полесно и поубаво, па си се враќам на тоа. Дали не ми успеа дека летово беше многу топло, па се во некој таков период погодував, ама последниот пат кога ја пробав не беше топло, не лепеше толку, ама пак, не вадеше ништо. Само домашно му е мајката...
     
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    И јас ја купив Клеопатра шеќерната паста,и бидејќи во Космо немаше мала,купив голема.Кога дојдов дома одма почнав со депилација и тоа прво на рацете и пошто неискусна си направив таков подлив што една недела каде и да одам луѓето со жалење ме гледаа.За бељата да биде поголема подоцна почнав и на нога да ставам ,па ми се излепи и никако не можев да го извадам.Среќа што правев на горниот дел од ногата па со подолги сукњи се покриваше.Ја оставив пастава еден -два дена и почнав да ги гледам видеата на јт и конечно сватив каде грешам и како понатаму. Значи третиот ден кога се грабнав ,па кога ми тргна ,за половина час ги изделилирав цели нозе и интима. Сега јас сум презадоволна од пастава и бидејќи мислам дека нема да успеам сама да ја направам ,ќе продолжам да ја купувам.
    Анат јас не ја греев пастата туку вадев одредена количина и ја развлекував со раце и потоа ја лепев на раце,нозе. Погледни го видеото и ќе ти стане појасно како да ја употребуваш пастата ,бидејќи има неколку начини.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.772
    Пол:
    Женски
    Многу ми беше тврда, не можев воопшто да извадам мал дел од кутијата, па морав да ја стопам. Може моја е грешката, може беше до местото и времето кога се депилирав, ама некако не ми се купува пак. А на видеата пастата е помека, барем така изгледа. Со домашнава паста полесно ми е, па најверојатно така и ќе продолжам. Ако не, од Голден Роуз оваа ќе ја купам :?: колку да пробам дали може со купечка да направам нешто.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lokumce

    lokumce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    18
    Нема подобра паста од оваа мислам....и јас користам цело време за 30 денари не ми се исплати да ја праам дома шекери да топам......
     
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе ај просветлете ме :lol:
    Чудово го купив денес од бит пазар, арно ама дали е ова тоа ко шекерна паста или не ? Има ленти внатре , како се користи, како го користите ?
     
  16. vp007

    vp007 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Pastata e zakon, veke nekolkupati se depiliram so edno pakuvanje i po nekolku nedeli nemam potreba za depilacija...zakon ....se vika Kleopatra shekerna pasta za egipetska depilacija
     
  17. dinah

    dinah Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    a kade moze da go najdeme toa :?:
     
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    женски дајтеми линк како да ја употебувам шекерната паста не гелот ? :)
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Нема ленти внатре, има само една табла шеќерна паста во целофан, мене како блокче Агрокрем ми е :D Ќе го извадиш целофанот, ќе си земеш дел колку ти треба, го месиш тоа и се депилираш по веќе добро позната постапка.

    That's it.
     
  20. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    абе сакам да прашам дали всушност овакаа табла шеќерна паста пошто другарка ми користеше и воопшто не е задоволна па ако направила нешто погрешно кажете ми....таа ја растопила таблата со раце и ја делела на делови ама влакната никако да излезат...и ја фрлила.... :D