1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација со шеќерна паста

Дискусија во 'Тело' започната од zver, 21 март 2010.

  1. martina-srcus

    martina-srcus Нов член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    14
    ne se depiliram cesto bidejki smetam deka vlaknata vo intimnata zona i davaat poseben seksipil na sekoja zena sekako deka treba da se bide dobro sredena dole za higiena ne pravime muabet toa se podrazbira no ne sum pristalica na ona postojano depiliranje dole zatoa sto sepak ne vikam deka toa ne e vo red no se cuvstvuvam taka kako dete a ne kako zena a znam deka i maskite toa go sakaat koga ima malku vlaknenca dobro sredeni i stilizirani pa duri ponekogas i malku vlaknenca pod pazuvite i davaat na zenata nekoj poseben seksipil ne sega so godini da ne se bricis pod miski no desetina dena e sosema vo red.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    За да се развлекува и да не се направи тврд како лижавче,а опција ти е лимонот.Малце каснам,ама ќе знаеш за друг пат.
    Инаку,од ова шербетов,ништо подобро нема!Трет пат се депилирав со него и ептен добро го баратам.Не ме боли ни на нозе,ни на интима (со восок и крв ми течеше,ме болеше ненормално многу,имав црвени точки неколку дена потоа,а за внатрешни влакна да не зборувам),плус многу брзо оди депилирањето затоа што не боли и не се стегаш.Тип-топ за неполн час,без грам болка.
    А да не зборувам што е евтино,гарантира хигиена,ја негува кожата(тие што сте пробале,сигурно сте забележале колку е глатка и мазна кожата потоа),а и не се прави хаос околу тебе,а и да се направи со малку вода се одмива.
    Прееска гледав филм и си завршив работа,без да пропуштам влакно,а и минути од филмот! :D
    Не можам да се нарадувам!
     
    На HermioneM му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Интимна депилација

    Девојки да прашам дали знае некоја како беше тој рецептот за депилација со шербет, но поинаков беше, откако ке се приготви се прави смеса па од неа се прават типчиња и .т.н. Не знам како точно беше :lol: :lol: Не можам да најдам кај го видов на форумот. АКо се секава некоја нека пише. Позз ;)
     
  4. martina-srcus

    martina-srcus Нов член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    14
    Интимна депилација

    Ма дај не зафркавај во 21 век ке правиш такви глупости кога имаш еден куп восоци топли, ладни, ленти а ти ке правиш од искуство ти кажувам дека е тоа чиста глупост.
    Ако немаш пари за восок, подобро избричи се отколку да се заебаваш со такви глупости.
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Откако Лилит не подучи како се прави восокот, изгледав уште некое клипче на Јутјуб и цело лето се депилирам со овој восок.
    Морам да го пофалам , чиста работа, ептен педантно, нема влакна насекаде, кожата е мазна, дури и приметувам дека ми се изретчија влакната на нозете и помеки ми се.
    Порано не се ни осмелував да ги депилирам рацете, а сега за пет минути сум мазна и плус кожата е мека. Единствено поткожните влакна ми останаа, со што и да се депилирам имам поткожни.
    Рецептот од прва ми успеа, тоа што ми останува од восокот го ставам во тегличка и кога и да ми треба само го загревам во топла вода и спремен е за употреба.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Интимна депилација

    Добро Мартина,ти се изјасни на едно место дека претпочиташ да биде малце длакава...и рака на срце,ниеден современ метод за депилирање не ми се покажа безболен,а со овој гарантирам дека не боли.

    Лавче,смесата ќе ја оставиш да се подизлади,да биде пријатна на кожа и ќе зимаш малку од смесата и ќе ја измесиш меѓу раце,да стане седефеста и непроѕирна,со неколку стискања станува таква и ја нанесуваш.Мене едно со големина на пинг-понг,ми е доволно за подколениците,едно за надколеницата и интима гледам повеќе од три пати да не го употребувам,не дека нешто има,ама така си увртев...брзо оди.
     
  7. martina-srcus

    martina-srcus Нов член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    14
    ако со восок не ти успеало со ова па ич.
    Плус не си го подготвувала до сега, така да не се зезај ке направиш рани.
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Интимна депилација

    Лилит и јас се придружувам кон групата на кои не им успеа :( . :lol:

    Ставив 1ипол шоља за чај со шеќер, 1 лимонтус и 1/4вода.
    Доби некоја жолтеникава боја, го тргнав од оган, седеше така 1 час и ништо- само малку се згусна. :tmi:

    Сакам да прашам- каде згрешив? ;(
     
  9. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    И јас имам еднаш пробано и си кажав никогаш повеќе :( Не само што не се згусна какошто треба туку такво растечено го ставив на мене со сиот мој памет :lol:, е после тоа беше мнооогууу страшно :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Се имам издепилирано со овој рецептов со шеќер шо е, и си зедов од списание пресеков како ленти и со нив тргав. Што употребувате вие? Или не ставате ништо со прсти тргате?
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Интимна депилација

    Не било до рецептот...ако ви бил многу течен и дури откако се подизладил или скроз кога се изладил,значи дека не сте го провриле доволно.Требало само да го вратите назад и уште малце да го задржите на рингла да проврие.А друго е што така сте го ставале на себе,значи мора да се промеси низ прсти да добие седефеста боја,да не биде проѕирен,така станува еластичен и не се лепи,па да не можете да го извадите.Јас ништо не ставам,со прсти го тргам.Го промесувам,добива светло жолта,седефеста боја и го нанесувам контра растот,повеќе пати за да убаво залепи и ги крене сите влакненаца и онака тој е прилепен за прстите и тегнам во насока на растот.
    Смесата е иста како ролонот на силк,само што силкот се трга со ленти затоа што не е измесен и се мачка во насока на растот,а се вадат контра.
    Побарајте на јутјуб,има еден куп клипови со рецептов и самиот процес на депилирање.Јас од око дома си го направив рецептот,ама не знаев потоа што да правам и се улепив,па отворив на јутјуб и ја сфатив финтата и го научив процесот и си продолжив и се издепилирав без фалинка.
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Интимна депилација

    Ги гледав клиповите, ја сватив финтата на нанесување, ама не стасав до таму :lol:
    Кога ја видов таква течна смесата и после 1 час можеби и повеќе- решив да ја фрлам :tmi: :D

    Лилит сега сакам да те прашам колку време врие смесата од прилика, да си знам за друг пат кога ќе пробам? :?:

    Ептен сакам да се издепилирам на овој начин :emo:
     
  13. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    koga sme kaj sekernata depilacija eve go videoto koe mene bas mi pomogna :) do sega se depilirav sama so lenti ama bolenjeee ;( e so ova pecka ama ne e isto..odgovorno tvrdam :lol: malku se se presmeav sama na sebe dodeka pogodiv so i kako osobeno kaj procesot na mackanje ama som sum sega mazna tamam e :D nikogas veke drugo nesto vrz mene osven sekernava pasta :*
    http://www.youtube.com/watch?v=FZfhfu5qhVg
    [mod-kirilica:giklebcq][/mod-kirilica:giklebcq]
     
  14. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Интимна депилација

    Јас во неделата се средив со шеќерната паста (по рецепт на Лилит) и сега сум едно 2-3 недели раат :)
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    249.303
    Интимна депилација

    Депилација со шербет ма нема шанси повеќе.Се извалакв дома,лепеше насекде,абе каков лом направив и згора на тоа нозете ми беа црвени и модри,недодепелирани па морав и со машинката да се поминам.Ужас!Не ми успеа рецептот,де како карамела стана тврд,де премногу течен и никако да го погодам.А и плус си го изгорев прстот.Сума сумарум поминав лошо,и пак ме болеше,значи болката е иста со она кога одам на козметичар и се депелирам со ладен восок.Така да ем ме болеше,ем после морав да чистам ем ми останаа влакната и си реков веќе депилација дома никако.Си знам јас дека не ме бидува за вакви работи ама ај да пробам.Абе иди си на козметичар испружи се и барем си знаеш средена ќе си.
     
  16. avemaria

    avemaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Интимна депилација

    Дали некој знае како можам дома да си направам смеса за депилација имам слушнато за некоја од сода бикарбона и шекер ама не се секавам како се прави ако може помош
    Oд напред благодарам
     
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Интимна депилација

    Еве го на Лилит рецептот, од 26 страна на темава па натаму имаме дискутирано за овој восок. Има и на јутјуб многу клипчиња.
     
  18. avemaria

    avemaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Интимна депилација

    Iскрено не очекував олку брз одговор и го искористив бричот хохохох ама ке истраам некој дена да порастат и да пробам со ова (искрено страв ме фаќа од депилација со ова на интимата ) ама како што ми рече фризерката која ја прашав за ова Си се нафатила дете да родиш па сега се плашиш од малку восок !! ДРЖЕТЕ МИ СРЕЌА ЌЕ МИ ТРЕБА
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Интимна депилација

    Вчера се депилирав со шеќерната паста и имам само пофални зборови за неа :)

    Сакам да и се заблагодарам на Лилит што го сподели нејзиното искуство и рецепт и можам само да се согласам дека воопшто не боли :!: , и точно е тоа ако заглавите некако можете комотно да се измиете, веднаш паѓа пастата и можете да почнете одново.

    Јас малку заглавив додека да се уходам, ама на крај се издепилирав ( ми се стврдна смесата, ама ја ставив во топла вода и пак беше ок)

    Како и да е, верувам дека пак ќе се депилирам на овој начин- ем е брзо, ем со ептен мала, да не речам никаква болка.

    Паметни се муслиманките, нема што, секоја чест за нив :) :clap:
     
    На Phyramide, m.dejzi, Lilit и 2 други им се допаѓа ова.
  20. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Интимна депилација

    Сеси ај те молам напиши ја рецептата зошто јас не знам за што станува збор. Каква е таа шеќерна паста? Баш ме интересира.