еднаш дома ја направив,ама неуспешно, ќе се изгорев...ама затоа ја купувам таа од бит пазар не е многу скапа околу 30 денари и супер е за депилација...само ја оставаш на домашна температура малку да омекне и после депилираш, кога ќе почне да се лепи на раце земете чаршаф кој не го употребувате и направете ленти и ставете го делот кој ви се лепи и продолжете да депилирате...ако ви се залепи во кожа (мени ми се случило) ставете лента од чаршафот залепето добро и после тргнетего и успешно ќе ги отстрани сите влакненца.... П.С. само не е препорачлива за летен период (може со уклучена клима) затоа што се смета за ладна депилација
Најдов едно убаво видео,убаво е објаснато,немора да слушате,само гледајте И немора она со мерењето притисок Се надевам да ви помогни.Ова е оригиналната шеќерна паста и методот. http://www.youtube.com/watch?v=KSPKP8nzUjw
Абре каква Клеопатра луѓе, не ме зафркавајте прескапа е. На Бит Пазар има плочка шеќерна паста за 30 денари, една плочка за двете нозе е доволно, а ако знаете да ја маневрирате добро и за повеќе ќе ви користи.
Треба и температурата во собата да ти е погодена,околу 20 степени,за да не се растекува пастата и да не се стврднува наеднаш.А и треба убаво да се "измеси".
Мене со овој метод баш вака на истиот начин ме депилираше на една другарка албанка мајка и ,и да ви кажам дека не ги вади убаво е влакна одеднаш,туку мора да поминете неколку пати за да биде скроз мазно....иначе таа јас што ја правам дома ми излегува потечна ја мачкам на ногата и ставам крпчиња и сите ги вади до едно
Купив денеска и јас од Голден Роуз паста, таа кафената, не портокаловата, таа ми кажа дека е восок тоа, и сега што е? И како да се депилирам? Да го ставам прво кутивчето во топла вода да ми се стопли малку па после на ист принцип како на видеава?
Успеав по два дена некако да ги издепилирам двете нозе, ама на допир не ми се мазни нозете има мали влакненца, ќе треба уште еднашка цела да се поминувам.. Нели со пастава се вадат и најситните влакна? Или мене не ми се ваделе од корен туку ми се поткинувале? Кај грешам?
Јас баш сакав да пробам, и кажувам на мајка ми.. И заради некоја грешка нејзина, демек на некоја пријателка така и правела и и направила лузна.. И од тогаш ми вика да не сум пробала.. а баш би сакала
Има ли некој искуство во бременост што се депилирал со шеќерна паста? Сакам да пробам ама сум скептик?