Мене лично помалку ме болеше со шеќерна паста, скоро па ич Ја користев таа од Голден роус и топ ми е, кожата ептен мазна, уште немаат абер за растење влакната, само треба да се држи во топла вода 10-15 минути, и мене ми се лепеше кога не ја држев, но потоа кога направив како што треба супер ми беше, не ми се лепеше ни ништо
Јас првпат пробав дома сама да се депилирам со пастата од пазар, и за чудо успеав Цела табла ја потрошив, ама издепилирав нозе, раце и интима, со тоа што за третово ми беше најмногу страв ама ОК беше. Малку по малку, бидна Има веќе 2 недели оттогаш и кожата се уште ми е мазна, исто како во салон кога одам на шеќерна, само што ова е многу поевтина варијанта, меѓутоа побавна. Се тинтарев добри 4 часа , додека во салон за пола саат сум тип топ, ама тоа е. За 50 денари не можам да посакам повеќе. Во секој случај добра алтернатива е за периоди кога се нема пари, а ми треба депилација Само времето ми е проблем, или може дека немам пракса, па бавно ми одеше. Се надевам ќе се испраксирам да бидам доволно брза и дека нема да морам веќе да одам по салони.
Како се користи тоа чудо? Нели е тврдо колку што знам треба да се измеси? Супер ми е оваа од голден роуз ама ако има поефтина варијанта зашто да не Мислам дека најубаво е дома да се направи, ама јас каква сум трапава не верувам дека ќе успеам
Се меси, да. Си кинеш парченце, го месиш додека не стане како мастика, лепиш на кожа спротивно од насоката на раст на влакната, а тегнеш во насоката во која растат. Тоа е тоа. Ова со тегнењето мора така да се прави, зошто единствено така не се прават подливи и поткожни влакна. Ова го знам од козметичарката кај што одам на депилација. Тоа е целата финта Иначе, со едно парче можеш неколку пати да се поминеш. Ако добро ја маневрираш пастата, може да ти стигне и за повеќе од еднаш, ама јас пошто прв пат, па ми се истопи, ми се исполепи тоа целофанот, па ја џитнав, не можев да се замарам И јас мислам дека е најдобро дома да се прави, ама познавајќи се, не се осмелувам
А каде може да се најде, на пазар, ама каде? Кај што се продава козметика и такви работи по тезгите? Малце сум смешничка ама никогаш не сум купувала такви работи на пазар..
Мене ми ја купи другарка ми од Зелен пазар, ама 50 денари, не 60 Ама не беше мојата Јанкар, туку некако поинаку се викаше, демек нова била, а и поголема грамажа. Таа Јанкар веќе ја немало. Врска немам, битно од Зелен пазар беше мојата, иста таква како Јанкар, како плочка (мене ме потсетува на оние крем блок чоколади од Агроплод ) Во розева кутија беше и нешто lady на неа пишуваше колку што памтам Леле, имам сериозен проблем со меморијава Инаку, колешка на работа ми кажа дека на Битпазар истава паста била 40 денари, ама не знам дали мисли на таа Јанкар или на оваа поголемава јас што ја користев
Јанкар ја има на бит пазар, денес купив. Две за 70 денари, значи по 35 денари. Ја има на повеќе тезги
Леле со Јанкар баш добро си се направив,,сега неможам да најдам,иначе да,по толку се. ДЕнес правам ваква паста,па ќе видиме Еве како изгледа иначе правилното влечење,ама мене никогаш не ми иди толку течна.Како и да е,успевам да се направам и ми е супер. http://www.youtube.com/watch?v=rHBCtuQWH-E
Кој ја има користено Афрoдита да ми каже дали е добра? Се одлепува убаво пастата од кожа и вади добро, или е нерви да искинеш?
Пробав денес со таа Јанкар, што ја купив Ама почна многу да се затоплува времето и почна да ми се топи. А убаво вади. Само што, пастата си се топи, а јас ставам на нога и таман да потегнам: Шлааап на ѕид И после го чистев ѕидот. Па ми се залепи на нога, не се трга, едвај се измив. И готово, немав веќе нерви, оставив.
Девојки, јас ја направив прееска по рецептот како феминката горе што има поставено од таа арапката. А и на почетокот така ја правев, со месење на плочки, зошто мајка ми така ја знаела, ама не до толку да ја умесам и плус ја чекав да се подолади со раце за да почнам да ја месам,но само еднаш и потоа ме мрзеше веќе до толку и одев она директно од садот по потреба си земав и си го месев и така депилирав. Ама сега ме заинтригира и го истерав буквално како што го прави девојкава, сега ќе ја "исконзумирам", ама очигледно со овој рецепт нема шанси ни да ви биде препечена,па да се направи како лижавче. Само внимавајте од жешкото, татко ми сто пати ми дојде да ме провери да не сум пукнала некоја плочка... Со лажичка ја собирав така исто додека не стана поднослива за месење со раце. И муабетот ми беше... ми се допаѓа начинов.
Топло е, затоа. Јас зедов едно пластично шпатулче. Можеш да користиш било што, некое останато со ти е од Veet крема, ил пластично ноже, ватевер. Битно е да не работиш со рацете, оти од топлината се растопува, а рацете се топли. Истото како со правиш со раце само со него мачкај, и со него тргај. Прво измеси ја убаво со раце, кога ке стани како мастика, стави го на кожата, и развлекувај го со шпатулата, наместо со прсти, и тргај наеднаш. Ова клипче ме инспирираше: http://www.youtube.com/watch?v=9_G5-vwajE4 Good luck
Мислиш рецепт за пастата? Значи 1/4 шоља вода, 1/4 шоља сок од лимон (оној купечкиот го користам) и 1 шоља цела шеќер (од оние за чај големите). ВАриш 20тина минути на средна јачина и кога ќе почни да станува во бојата како мед до светло кафеава ја тргаш настрана. Или кога ќе стане како мед,исклучуваш рингла и ја оставаш уште минутка две. Кога ќе се излади можиш да ја употребуваш. Ако имаш некои прашања,разгледај наназад во страниците,сме пишеле доста за ова,а има и статија.
Сакам да прашам дали кожата ви е црвена после депилација ? Или не сум направила нешто како како што треба, мада ништо не направив.. Премногу ми се стврдна, незнам оти. Следно идење во Скопје, ќе си купам од онаа од Голден Роуз, небива вака. Нема шанси да ја погодам.