Значи каде ми е грешката?! ај донт гет ит [претходно си ја правев обична со лимонтус вода и шеќер, али вади само цврсти влакна како на препони и пазуви, тие од јанкар и голден роуз не ми ги бива, не можам со нив убаво да се издепилирам а и плус ми ги поткинува (оти на нозете ми се плави и тенки) сум била и у салон кај шо праат со шеќерна, и таму иста ситуација -.-] денес пробав да ја праам arabic wax, али шо е проблемов не знам, стаив исто ко у видеото бел шеќер (1 cup мислам дека е околу 236 ml.) 2-3 лажици вода, 1.5 лаж. лимон и 1 лажичка сол.. и пржам пржам ама почна да ми добива веќе кафеава боја а не некоја светла нијанса како девојката шо доби.. и добро ај, месев, ама погусто ми излезе, и беше мн лепливо така што немаше начин да се искористи.. Kako можам да добијам паста така да при депилирањето да се добие бела или светложолтеникава нијанса, а не окер? мислам дека таквата паста е поефикасна ама не ја знам `тајната` состојка. ако може совет од вас поискусните ?! никад нозеве не ми биле скроз мазни, а мислам дека шеќернава е топ, ама да ми е погодена смесата и малце повеќе да се тинтра, а не за еден саат и ајт готово... :/ Help anyone?
Да не ја правиш на многу висока температура? Тоа треба да врие на пониска,подолго време и нема да ја пропуштиш жолтата боја. А и сол не мора. А и соодносот вода лимон треба да е ист,барем јас така правам. Шеќерот е толку,а овие две се по една четвртина од чашата. Друго,во собата,а и дланките,не треба да ти се премногу загреани,треба да е некои си 20-22 степени за да се прави нормално,ако е жешко ќе ти се лепи,ако е ладно нема да се растегнува.
Еве и јас да ја пофалам пастава, каков антиталент сум, успеав да се издепилирам до пола нозе . Треба да отстои во топла вода, ќе омекне и мераци за работа е после. Си ставив пудра на нозете, како што ми ставаат во салон, пробав со ракавица, тешко ми одеше (тие во салон користат малку подебели, поиздржливи ракавици) и после само ставив пудра и на раката и терав . Едно топче мене ми беше доволно за пола нога. Ама сега имам друг проблем-ми се направил плик на еден прст . Сум претерала очигледно со малтретирање на рацете.
Женски читам дека треба да му се клај 1 шоља шеќер, исцеден лимон, и вода, е сега лимоновиот сок можи со нешто друго да се замени, на пример шо би се зело за замена? И Кажете ми колку отприлика вода да се стави?
Наместо лимонов сок може да се стави лимонтус (јас секогаш со тоа го правам) а инаку вода ептен малку, само колку да го покрие шеќерот.
^^ Добро то, е сега смесата ме интересира, прајш топчиња и после како?? ја клаваш на ногата и после тргаш или има некакви посебни марифети
Не нема некакви посебни само правилото е да се става во обратна насока на растењето на влакната а да се трга (влече) во насока на растењето на влакната. Е сеа можеш и со крпчиња да ја тргаш искрено мене така ми е подобро и повеќе ми вади, ама оној основниот да го наречам начин е без крпчиња. ЕДИТ: Разгледај наназад во темава, имаш видеа и за тоа како е постапката на депилација.
Не ми успева и не ми успева,кладов 1 шоља шеќерр вода колку да го покрие шеќерот и лимонтус. Не ми дојде ништо само водата пак си остана, грешам негде?
А од сите ли пасти за депилирање се добива истиот ефект? Досега не сум купувала ама во план сум да земам еднаш да пробам. Братучетка ми пред некој месец си направи домашна шеќерна паста и ја издепилира едната нога со неа а другата со ленти од veet за да види дали исто ке растат влакната и на таа нога што и беше депилирана со домашна паста и се појавија поткожни влакна по цела нога, значи скоро цела нога и беше со поткожни па мака мачеше со пилинзи и игли додека и се врати во нормала. Можно ли е и на мене да ми се направат вакви нозете од тие пазарските пасти?
Чекај го вареше тоа на оган ? Мислам глупо прашање ама и да не ти е погодена или ќе ти се лепи или ќе ти се стврднува, неможе да ти остане само вода
Ади888 пробај вака, земи стави вода у чашата и измери колку милилитири вода собира.истури ја водата и стави си шеќерx2чаши. Е после од истата чаша имери 1/4 од тоа што таа собира дури може и малце помалку и еден лимонтус, измешај си го со шекерот и ко ке ти се стопи шекерот на тивок оган загревај го додека не добие некоја карамел боја. Ја така правам . после ке си почекаш додека се излади и спремно е за депилација. Со среќа
^^ Секако дека го варев на оган и шеќерот се стопи и само си клокотеше водата Ако вервате сама се смеев ко некоја ненормална
Значи гледај... Од кога ќе го ставиш на оган секако ќе "клокоти" водата , уствати не е водата тоа е смесата цела. Тоа значи дека почнала да врие.. Додека врие таа со тек на време ќе ја промени бојата, прво бела па потоа ќе стане кафеава, и тогаш ќе ја тргнеш ќе ја сипеш некаде настрана и прво ќе биде течна а потоа кога ќе се олади ќе се згусне. Ако ти е погодена нема да се лепи и лесно ќе се прават топчиња, ако не ти е ќе ти се лепи многу или пак ќе се стврдне веднаш. Затоа е многу важно да не ја препечеш а нути пак да ја тргнеш пред време. Се надевам ти помогнав пробај пак, јас утре ќе ја правам до душа мајка ми пошто само она ми ја погодува.
Јас пробав со пастата на Јанкар и не ми беше воопшто тешко , се лепи ептен кога многу ке издепилираш со неа , одлично вади и кожата ја прави баш мека , ја препорачувам
Kade moze da se kupi pastata na Jankar,razbrav deka ja ima na bit pazar,no na koi tezgi,tie za kozmetika ili???
Да, на тезгите за козметика. Бев пред некој ден на бит пазар, ама буквално на секоја тезга за козметика имаше Јанкар.
Ti blagodaram mnogu.Bas ke zemam da probam.Imas koristeno?Kolku sto jas razbrav se sece od taa pasta se pravi topce za da se zagree vo race i se depilira,taka li?Od edno pakuvanje kolku ke moze da se depilira?
Да, се сече, се оформува топче. Имај на памет дека едно топче можеш да го искористиш повеќе пати. Особено внимавај на температурата во домот. Ако времето е многу топло, а дома немате клима, ќе почне да се топи пастата и цела ќе се излепиш. Би требало да ти стигне за двете нозе (за цели нозе не сум сигурна, ама за до коленици ќе имаш).
Ја направив и ја оставив да се олади но многу ми е ретка а ставив 50мл вода и 400гр шеќер и еден лимонтус знаете ли дали кога скроз ќе се олади ќе се згусне? иа скроз кафеава боја