Значи името на пастата е Јанкар, чини 30 денари и може да се купи на тезгите за козметика на Бит пазар во Скопје. Океј ова го сфатив од претходните страни наназад. Е сега да прашам ( ама веројатно треба по логика) да се загрее на рингла и како ќе знам дека е готова? Некаде пишуваше дека треба да е жолтеникава и штом тргне накај црвено или портокалово готово. Малку чекам да се оледи и потоа зимам топче и сега треба топчето да го растегнам на кожата па врз него лента, материјал некој од дома или смесата да ја ставам на лентата па заедно да одат на кожата. Прв пат правам вакво нешто може погоре и глупости пишувам, ама сакам да се информирам да не биде после беља. Ве молам искусните за пастата Јанкар нека ми помогнат
Пастата Јанкар нема потреба од загревање,киниш од неа и правиш топчиња и нема тука крпчиња,туку дирекно само со пастата ја растегнуваш на нога и ја тргаш со рака. Има милон видеа низ темава како се прави тргањето,нека не ве мрзи да пролистате.
Вака RAinDrop,ако почни многу да ти лепи и неможиш да ја извадиш остави ја,земи ново топче,залепи над предходното и тргај со новото,полесно ќе излези. Ако не излегува и така,подобро измиј ја останатата паста. А за да не се прават модрици убаво затегнувај ја кожата. И кога ќе почни многу да ти лепи,тогаш можиш и да ја фрлиш (тоа особено се случува сега на жешкото,полесно се растопува пастата и лепи повеќе). За интимната делче по делче,пополека,до каде што можиш. Потпри се на нешто за да можиш да стигниш таму долу. Ако треба скрати ги малце влакната и не лепи голема површина,по помала,ама во повеќе наврати. Внимателно на препоните,таму се прават мн модрици. П.С. Научив уште една идеја за загревање на направената паста Не ми имаше текнато досега,а е толку едноставно. Кога ви е во пластично пастата,можите да ја загреете во микробранова на кратко,само никако немојте железни садови да пикате во микрото!
штета што нема како да ја набавам Јанкар од Ск треба само заради неа да одам до Ск-не ми исплаќа а баш сакав да ја пробам.. Некоја друга освен клеопатра,Јанкар или домашниот рецепт ?
Има и едно Silk ROLL ON од Galafarm исто внатре има ваква паста. Јас го имам ама во паковањето заедно има и ленти за депилација, прво се мачкаш од смесата и после со овие лентиве се депилираш ама боли пустово... Иначе кожата е исто мазна ама дур да се направиш... Јас пробав интимна и само лента и толку не можев да издржам повеќе. Мене барем ме болеше не знам вие ако сакате пробајте, иста е смесата како шеќернава паста. Спојлер За повеќе информации http://www.galafarm.com.mk/proizvod.asp?id=10
Восокот од силк е друго, ролонот е друго, не може восок да го викаат кога е тоа сосем друг производ и ајт. Сакав охриѓанки да ги прашам, ако ги има. Кај вас шеќерна паста може да се најде купечка или да си носам од ваму?
Zdravooo.. jas bi pobarala sovet od vas vo vrska so depilacijata... Veke edna godina pocnav da se depeliram so masinka-depilator,no veke gledam deka nozete mi se napraveni katastrofa od toj depilator, celata sum podkozni, bruncinja sitni imam i od sto me nerviraat samo si gi pofakam nozete, gi kinam...epten grdo izgleda so tia podkozni.. Dali znaete kako bi mozela da se izvlecam od niv... pozdraaav
Како и да е,ова силк не е шеќерна паста,како прво е потечно и неможи така да се користи,пастата е нешто сосем друго. A восокот ко таа што ја викаш смеса се топи,се мачка,можи затоа е така позната и таа смесата. А пастата е различна од нив. И јас на почеток мислев е слична на неа,ама не е,има разлика. Прочитај и на други сајтови дека така ја викаат таа смесата шо викаш.
Јас кај реков дека е паста? Ви реков и на двете дека ролонот не е ни паста ни восок, зашто стварно не е. Што не е јасно па да се објаснуваме пак? А сега за пастата. Стварно, ако има некоја охриѓанка тука нека ми пише дали и каде во Охрид се продаваат шеќерни пасти од овие што можат да се најдат во Скопје. Ми треба информацијата.
Од таму тргна муабетот. А се објаснуваме пошто стварно восок го викаат,никој смеса не го вика. А јас кажувам пошто темата е за шеќерна паста,а тоа чудото не е ни паста. Ете тоа. Иначе и овие ги има по аптеки и во Веро,баш како пасти,а не ко овие Силк разни производи. Од 200 денари нагоре има. А кој знае да ти кажи имиња,нека кажат.
По составот она навистина е шеќерна паста, а шеќерната паста ја има во различни густини. За поткожните и опоравувањето на кожата депилација најмногу помага, посебно ваква, со шеќерна паста. Имаш избор-пастата да си ја направиш дома (ако те бидува), можеш да ја купиш на пазар или во Golden Rose ако си спретна сама да се депилираш или да одиш во некој салон (најскапа варијанта, ама одличен резултат). Мене иако кожата ми викаа дека ми е склона на поткожни влакна, откако почнав со депилација со шеќерна паста (некаде ја викаат и египетска) поткожно влакно ми се нема појавено.
telo/rol-on-depilator-t12917/ Еве ви тема за ролонот, па таму ако сакате и паста викајте го. Спојлер Ни јас не го викам смеса, рол он го викам. Значи строго за пасти прашувам, Клеопатра или некоја од другите, не за производи од Силк, и тоа во Охрид каде се купуваат, за во Скопје си знам
Епа и јас баш затоа кажав дека тоа не е шеќерна паста и не спаѓа во оваа тема,така да не ми кажувај ти мене кај да пишам А и провери си во постовите како си го викаш,не после не го викала така Е шо,во Охрид нема аптеки? И јас ти кажав за ПАСТИ и потенцирав кои НЕ се од Силк.
Не би да шетам по сите аптеки во Охрид за да прашувам дали држат шеќерна паста. Затоа барам некоја охриѓанка што знае. А тие што кај тебе го викале восок во постови така пишуваат? Зашто напишав смеса за да го дефинирам, а никаде не реков дека така го викам во секојдневен говор. Восок, рол он и паста - три различни продукти Малку не разбираш, а и полниш офтопици што би го одвлекле вниманието од моето прашање, затоа
Незнам дали пишуваат,ама така имам слушнато да речат,само што темава не е за восоци,за паста е,така да ни за рол он не треба овде,ни за восок. Да бе,па ти незнаеш ни како го викаш,а? Баш ме интересира во секојдневен говор како го викаш... Па и ти не разбираш што кажував,па сега само некои реплицирања тука. И не пишував офтопик,туку кажував што е паста,а останатите дека не спаѓаат тука. Ај сеа нека ти пишат за твоето прашање во која аптека имало. Да прочиташе толку од темава колку што знаеш да враќаш,досега сама ќе се научеше да ја направиш. И да,ако се разбравме што е паста,што восок,што смеса,повеќе не планирам да пишам.