Модринки ти се прават затоа што не се депилираш (или не те депилираат правилно), сигурно лошо потегнуваш кога ја вадиш пастата. Јас на почеток кога почнав сама да се депилирам редовно правев по некоја модринка, но брзо научив, сега сум експерт Дека те депилира некој друг, ама поискусен не би требало да имаш проблеми Јас се депилирам со шербет неколку години и сама си го правам, ме научи мајка и на една пријателка. Јас практикувам да користам шербет а не паста, некако полесно ми е.
Ме повредуваат тие зборови, предмалку побарав совет за тоа на една друга тема. Повеќе би ценел кога би ми помогнала нешто, а не кога би напишала некое безвредно мислење што никому ништо не му значи.
Не е можно да постојат такви како тебе... Ти си поигруваш тука со нас или навистина си скренал од патот?
Мислам дека и порано имаат прашано истото... Како и да е, шербетот е течен, нешто како топлиот восок и се вади со ленти или крпчиња, а пастата е многу погуста. Според мене шербетот е многу полесен за употреба.
Јас во лето не можам сама да се депилирам со Јанкар. Буквално ми се разлева низ раце, седела јас пред клима или не. Летно време обавезно одам во салон, пошто салониве во Ск. користат Александрија шеќерна паста, а таа паста ја има посебна за зимно време и посебна за летно време. Тоа е професионална шеќерна паста и нема шанси да се стопи, разлее или залепи. Само тоа ми е чаре во лето, инаку се научив дома да си се депилирам и немам гајле. Него, сакав да прашам да не ја има некаде во слободна продажба оваа Александрија пастава? Јас ја немам видено, сигурно салониве имаат дистрибутер, ама дали можам некаде да ја купам или тешка работа? Инаку, преубава е, и пилинг на кожата прави, нежна е ептен и влакната после депилација растат проретчени и тенки. Мислам, и од Јанкар исто, ама оваа е каде каде подобра
А што има толку лошо што типот и уплатил у салон депилација па што сите го нападнавте и го напраивте паучар. Божем нема такви машки што им плакаат третмани на девојките.Нокти,солариуми масажи па он голем грев напраил една депилација што уплатил.Бре бре бре. Него сакав да прашам,јас одамна дома се депилирам на овој начин,мајка ми ми ја прави смесата и само пофални зборови.Но,сеа на топлово време живи маки е цело време се топи и се распага,вчера пола ја фрлив пошо 2 пати ке повлечам и почнува да се топи во раце и на тело. Дали може некој да ми каже во Скопје во околината на центар дали има салон што прават ваква депилација и ако може цената да ја сподели со мене.(за Драчево знам дека таму имало некој салон но далеку ми е да одам таму) Може и во лична порака за да не добие впечаток дека се врши реклама да дадениот салон. Благодарам однапред.
Со шеќерна паста депилираат во Александрија, тоа е на улицата што ги поврзува Универзална и Католичка, ама цените им се прилично соленки, депилација само на интима е 300 ден, а целосна над 1000 ден, не знам точно колку беше. Бидејќи и јас коментирав за него, проблемот не е што тој и уплатил депилација, туку контекстот на целата реченица, што всушност сака тој да каже со тоа или само колку да лупне нешто беспотребно.
Девојки од готовите пасти во кутивче што се продаваат, каква може да се најде во ДМ маркет? Сто пати пробав дома да направам не ми успеа, па решив да пробам со купена. Поарно така, бадијала ми заминаа 2 кг шеќер. -.-
Јас се депилирав со Јанкар на интима, и океј е се, само што нели, малку боли. Инаку, не чекајте многу да ви се растопи, треба да е така потврда, а ако ви се растопи, држете ја 2-3 мин. во замрзнувач, и продолжете, јас така успеав.
Девојки, јас пробав по нејзиниов рецепт, нисто не мерев од око ставав, сосем малку вода и сосем малку лимон и супер испадна. Е само јас заебав работа кога требасе да го месам со намокрени раце, месев,видов дека е перфектно бас како на неа сто и испадна и не знам кој гјавол ме натера пак си ги намокрив рацете и заплескав се Мислам сепак мозам да го користам, добро вади влакна само како мрсул ми станува за ептен кратко време Утре пак ке ја забркам пастава ама ке пазам кога да сопрам да ја работам.
Незнаев каде да го поставам прашањево ама дека е поврзано со депилација го поставив тука .. Сакам да прашам знае некоја да ми препорача некој добар салон за депилација во Прилеп ?
Јас во лето не можам сама да се депилирам со Јанкар. Буквално ми се разлева низ раце, седела јас пред клима или не. Летно време обавезно одам во салон, пошто салониве во Ск. користат Александрија шеќерна паста, а таа паста ја има посебна за зимно време и посебна за летно време. Тоа е професионална шеќерна паста и нема шанси да се стопи, разлее или залепи. Само тоа ми е чаре во лето, инаку се научив дома да си се депилирам и немам гајле. Него, сакав да прашам да не ја има некаде во слободна продажба оваа Александрија пастава? Јас ја немам видено, сигурно салониве имаат дистрибутер, ама дали можам некаде да ја купам или тешка работа? Инаку, преубава е, и пилинг на кожата прави, нежна е ептен и влакната после депилација растат проретчени и тенки. Мислам, и од Јанкар исто, ама оваа е каде каде подобра Да ти одговорам на прашање александрија ја има во Куманово таму се главните дистрибутери и можеш да си ја купиш 2400 ден е 800 г а ја има и во александар козметикс во Скопје 930 ден е 500 г а има и клеопатра шекерна е незнам колку беше ја има во Космо Тинекс позззз
Не знам дели сум го напишала рецептот овде ама јас вака ја правам: За потечна т.е со нож да се мачка: -10 лажици вода -10 лажици шеќер -1 лимонтус Се става на оган да зоврие се додека не се направи бледо жолто. Одкога ќе се направи така нека поврие 5 секунди и тргнете го од оган! Оставете ја нека се излади и пробајте дали вади. Ако не вади ставете ја пак на оган околѕ 10-20 секунди да врие. Се дури не ја погодите. Ако ви е многу тврда (ако се скаменува на краевите на тенџерето) ставете сок од лимон ама многу малце(или пробајте од почеток да ја правите). Многу е тешко да ја погодите ако не сте ја погодиле од прва. Се нанесува со нож а мачкање, дрвени стапчиња итн. Се мачка на ногата(рака, препони итн.) и се земаат ленти од стар чаршав и се ставаат одозгора на нанесеното, убаво да се залепи и се трга во спротивната насока од растењето на влакната. Оваа смеса можете да ја ставите во пластично канче или тегла и после пак да ја користите со тоа што канчето ќе го ставите во поголемо канче со топла вода. Немора смесата да биде многу топла, туку само да е течна колку да може да се нанесе на телото. За со месење: -20 шеќер -10 вода -1 лимонтус Истата постапка само нека биде медова боја! После тоа земате дел и ја месите во рацете! Од лично искуство на почетниците им го препорачувам првиот начин затоа што нема месење. Да напоменам дека овие дози се за до коленици, ако сакате цела нога удвојте ги дозите! Јас не ни почувствував О.о