Тоа топчето или е претврдо или наеднаш преомекнало...и тргам..тргам..тргам никако не излегуваат влакната !!!
има една жена во ѓорче работи, еве ти бројче на странава: telo/depilacija-so-sekerna-pasta-t5661/1220.html Инаку има едно студио во аеродром, изгледа работеле со шеќерна паста, ама не сум точно сигурна каква е пастата течна, тврда, сами ли ја прават или не... Monique се вика. кој сака бројче ќе му дадам во инбокс, ама не сум била лично...
Шеќерна депилација е исто што и депилација со шеќерна паста,така? Инаку јас денеска за првпат се депилирав,порано се бричев само.Ми препорачаа шеќерна депилација на мои години,не восочна. Повеќе изречувала влакна,подолго трае,и ги омекнувала новите влакна.Навистина не боли многу,само пецне кога ке повлече и толку.Верувам дека е подобра од восочната. А инаку за да депилираш со шеќерна паста треба да имаш лиценца,девојката што ме депилираше имаше лиценца и стварно е искусна.
Девојки, предложете ми некој салон каде има депилација со шекерна паста , со другарка ми сакаме да одиме ама не знаеме во кој салон, ако не ви тешко пишете ми салон (во околината на Кисела Вода,Аеродром, Драчево) и ако знаете цена. Фала ви
Во Аеродром имало некој салон позади Капитол, ама не ми текнува сега како се викаше. Ако најдам бројче или име од салонот ќе ти пишам.
Јас ја направив пастава се како што треба, си оформив топче и тргам, тргам ама влакна не излегуваат, уф!
Dali ke moze podetalno da mi ja objasni nekoj postapkata za dobivanje na shekjernata pasta t.e nejzinnoto prigotvuvanje....oti ednash probav se dodadov kolku shto treba ama na kraj ko trebashe da se izladi ja ostaviv i koga se podizladi malce se zdrvi skroz.. kade zgreshiv... znachi mi treba celata postapka...kolku i shto dodavash kolku minuti se vari na kolku stepeni ( kaj mene shporetot e 1,2 3 stepeni-i na kolku kje treba da go pravam) i koja e zavrshnata tochka..kolku vreme treba da se ladi? dali mozhe da se pritopli ako se izladi skroz? se me interesira...zatoa shto nemozham povekje da se zamaram so brichot... i vchera so lentite SILK sakav da gi otstranam nadusnicite i mi ostana na edno mesto crvenilo i sea shetam takva ko Goce Delchev ko so mustakji... izvinete na iljadnicite prasanja..i ako mozhete odgovorete mi...i ushte neshto..deneska 3 pati probav da napravam 2 kilogrami shekjer potroshiv i 10 limoni i pak nishto ne izleguva...samo si vari i vari i celo vreme toa... Blagodaram odnapred
Еве ке пробам да ти објаснам најдобро што можам,завчера ја депилирав една другарка,супер испадна,со една мера и нозе и раце напрајвме.. Ставивме 30 лажици шеќер, 10 лажици вода и 5 кесички лимонтус. сето то го измешавме и ставувме на тивок оган,почни со 2,па ако многу силно варит намали на 1.. Кога ке почнит да се топит ке испадвит потечно ама немај гајле,после ке почни како пена да прајт,ти постојано мешај,то ке си варит,ке добиват жолта боја и ке бидит течно..мешај за да не ти загорвит на страните од тенџерето.. од оган се тргат кога ке добиет карамел или мед боја..остави да се оладит и промешувај од време на време.. нас супер ни се погоди.. ако имаш прашања тука сум
Со правење на шеќерна паста веќе не се замарам. Колку ли само пати пробав да направам за само два пати да ми успее и толку шеќер да потрошам, залудно. Од самиот почеток се средував со машинка ама влакната за недела растеа и така да среќа што ми се расипа, па почнав повеќе да се интересирам за пастава. И да не заборавам да кажа, не мачете се со правење, купете си на зелено пазарче ја има за околу 80 денари и после раат сте 1 месец.
Пробав дома да ја направам и не ми успеа. Одма се стврдна и никаква беше. Од каде можам да ја купам? по аптеките ја има ?
Нозете долго време ги депилирав со крема и понекогаш со бикче ги причев.Дали во домашни услови ако направам депилација со купечка шеќерна паста влакната ќе излезат?
ааа добро е, пукна сонце и темава одма се активира иначе девојки, се чудев јас зошо се става лимонтусот, и пред некој ден напраив мала доза, филџан, и стаив пола лимонтус (изгледа малце повеќе од пола ) и после за кратко време ми се направи камен пастата, а инаку обично едно ќесиче лимонтус ставав на чаша и пол шеќер од оние за чај што се, ама за едно филџанче ова беше премногу. да скратам, кога ќе ви се стврдне пастата тоа значи дека сте претерале со лимонтус, или евентално лимон, но можно е и да сте ја превариле. а за да дознаете дека ви е таман сварена, ќе земете во стаклена проѕирна чаша со ладна вода, ќе капнете капка од пастата, и кога ќе се напраи како топче тогаш може да се тргне од оган.
помогнете ми девојки ... кажете ми што се клава на телото после депилирање со шеќерна паста.. а и на интимниот дел дали се става нешто посебно.?
Во Велес јас одам на шеќерна, девојката работи спроти касарната, ако си зинтересирана пиши ми лп ќе ти објаснам и ќе ти дадам број.