@muchacha_a една шоља шеќер, пет лајци вода, две лајци лимон цеден. Да вари дури не се добие кафеава боја. Си правиш топче од смесата го месиш со рацете и после го лепиш обратно од растот на влакната, а го тргаш во правецот на растење на влакната.
Девојки направив шеќерна паста, но многу ми се лепеше и сосема малку влакна извадив..сета се исполепив..каде згрешив? А и што да правам со она што ми остана? Можам да го поправам некако или да го исфрлам?
Ако многу ти се лепи не е доправена,треба уште малку да ја повриеш.Само пази да не ја изгориш па сега.Уствари тоа е целата поента на шеќернава да се погоди точно кога да се извади
Девојки дали сеуште ја има таа шеќерна паста на Јанкар низ пазариве,гледам поназад доста ја фалите па да прашам зошто сама дома тешко дека ќе ми успее да ја направам,сум пробала ама ништо..
Оваа шеќерна паста ја има во александар козметик во нивниот продажен салон во капиштец,120 гр е 400 ден ,и 700 гр е 1150 ден.
Девојки дали некоја ја има користено оваа шеќерна паста ? Ја купив од тезгите на Битпазар....Денес решив да ја пробам и ја ставив малку на сонце да се потстопи и омекне за да можам со раце да земам од кутијата и да нанесувам на кожата , ама влакната не излегуваат тек тук по некое влакненце (не се дораснати како за регуларна депилација, по неколку милиметри се ама па читав и дека помали треба да бидат за ваков вид депилација)... Знам дека треба да се нанесува спротивно од растот на влакната а да се трга во правецот на растење. Не знам дали е до восокот или јас нешто погрешно правам
Не сум ја користела оваа зошто јас дома си ја правам,ама претпоставувам дека исто треба да ја измесиш и првите два три пати кога ја лепиш нормално е да не фаќа,треба два три пати да притиснеш убаво во спротивен правец од растењето на влакната па да потегнеш.
Така и правев во спротивен правец од растење на влакната нанесував ама може треба посилно да стегам....како и да е не се откажувам, ќе пробам пак
Женски, знаете дали ја има на битпазар пастата на Јанкар или агда како ја викаат, таа како плочка што е? Каде поточно да ја најдам? Како да ја барам, шеќерна паста ли да им речам ќе ме разберат?
Јанкар последен пат (пред неколку месеци) ја земав од продавницата Мода спроти полициската станица Бит пазар
И јас ја купив таа на јанкар ќе може да ми кажете како ја користите,пишува да се стави на ладно место некплку минути и потоа се меси со рака малце па се става на саканото место??