Можат да се користат ленти за депилација при депилација со шеќерна паста, или мора некаков текстил да биде? И зошто текстил, самата смеса бара плат за да се отстранат влакната или што?
Дали ти остана од восокот? Јас уствари сакам да најдам рецепт од она што е како мастика, без да требаат ленти. Па мислев ако ти останало, да видиш дали може како топче да се обликува или е во потечна состојба.
Не ми остана мене ама ако сакаш како мастика да биде за без ленти тогаш треба да го вариш подолго, да биде како карамел бојата, потемна.
Знам, ама пак треба да знаеш точно колку време, како да изгледа смесата, и си има финти како ти што потенцираше, на пр. да не се меша воопшто, а обично не ги споделуваат
Јас секогаш ја мешав па депилирав со неа се. Тоа нема везе. И горе праша @Snow-Star - да може со ленти, ја така се депилирам.
Ти благодарам @LadyC , и ќе може плус неколку трикови да споделиш за полесно депилирање со пастава? Ако не се лажам си козметичар. Едит: Дали треба да се чека да се излади смесата скроз, или треба со додека е топла да се нанесе? Како е подобро и поефикасно? И дали може да користи после извесно време, или треба да се прави неколку часа пред депилација?
@NarCis@ и остали заинтересирани, видете го каналов, девојкава објаснува ама баш се за шеќерна, со сите финти. Не знам колку видеа изгледав и го погодив од прва. А баш си мислев 100% ќе воскресне и темава на форумов.
Без ленти. Кажува и каков да го направиш во однос дали сакаш топол или ладен, густината има најмногу врска.
Пред некој ден ја правев по рецепта на sofimar_ и ако ја сакаш како паста ќе ја вариш повеќе од тоа што таа го има пишано уште некој си 5-6 мин ќе видиш треба да стане темно кафеава како мед. И како ќе се лади така се згустува.
Зависи за болката јас дека стално се депилирам не ме боли дури изретчени ми се влакната, за тоа за колку време растат за со шеќерната паста не знам да ти кажам прв пат се депилирам со неа. Инаку за со обична депилација за 4-5 недели
Ја направив шеќерната паста, од трет обид Пред да почнете да ја правите, изгледајте ги овие видеа: Видеата се од истата блогерка што постираше @dayla претходно Исто, изгледајте го и видеото од Биодевојка. На нејзиниот начин ја ладев пастата и ги искористив нејзините мерки. Во големо ѓезве ставив 200г шеќер, а потоа додадов 25 мл вода и 25 мл цеден лимон. Лимонот го цедев врз многу ситна цедалка, за да нема ни најмало парченце од него. Течноста ја додадов пред да ја уклучам ринглата и добро измешав за шеќерот убаво да се спои со лимонот и водата. Мојата рингла е индукциска, значи дека многу брзо загрева. Ставив да се загрева на 5.5, а 9 е најјаката температура. Претходно спремив стаклен сад со ладна вода и неколку коцки мраз. По 3 минути од вриењето, го тргнав ѓезвето настрана да се спушти пената, и зедов една супена лажица од смесата и ја истурив во ладната вода. Ова е објаснето и од јутјуб блогерката во нејзиното видео. Ако е претечно и скоро се раствора во водата, или се распаѓа меѓу прстите, тогаш треба уште малку да врие. Ако се направи цврсто како бонбона, тогаш е превриено и нема корист. Ако смесата може да се моделира (најубаво е објаснето во второто видео) тогаш може да се користи. Цело време мешав со метална лажица, но на почеток остануваа зрнца шеќер, па ја плакнев под млаз вода и ја пребришував со чиста крпа. Ова е исто објаснето во второто видео зошто лажицата треба да е скроз чиста без шеќер. Кога смесата беше готова ја префрлив во чинија која ја ставив врз стаклениот сад со ладна вода, но дното на горната чинија да не допира до водата, туку да е блиску. Мешав некои 5 мин. сѐ додека не почна да се згуснува, па после претурив во пластична кутија, во која ставив хартија за печење. Ви препорачувам да изгледате и туторијали како да се работи со смесата, за да не се излепите цели Јас ги издепилирав двете нозе, со тоа што 2-3 години уназад одам на шеќерна депилација и немам многу влакна. Едит: јас ич не пазев на боја, затоа што првите два обиди ми беа неуспешни баш поради тоа. И кај мене испадна да не е толку темна бојата како на видеата, а да е таман за паста. Трикот со ладната вода е тоа што најмногу ми помогна.
Море другари, интима како ќе депилираме? Некна се изнагледав дунди на јутјуб - for educational purposes - ама не знам дали ќе издржам сама да си се депилирам.