И јас се средив сама, преживеав без повреди. Сто видеа изгледав за да се потсетам, шеќерна паста немав правено од средношколски денови, ама ми успеа. Завчера специјално купив и шеќер цела кесичка да имам, зашто немав дома ни зрно шеќер. Ми испадна слична како на твојата слика @NarCis@. Некогаш не ја дообработувам, ја оставам потечна, кога ќе се подолади малце, мачкам и влечам со ленти. Имам едно "тркалце" материјал, купено од Веро Џамбо од времето кога се депилирав со восок, па сечам и влечам. Ете како ќе го потрошам, а толку го имав земено на пик дека сакам да го фрлам оти не ми треба. Но далиии? Се читаме пак за 20 дена.
Девојки пробавте да депилирате интима со шеќерната паста? Добро поминавте? Мислам на оваа како мастика што е.
Епа во 9 шољички го раздели и употреби 2 . Ако немаш 9 исти шољички иди купи си Ама најарно вага да си земеш
Сама не. Морам прво на нозете да се извежбам. Сепак е многу важна техниката, пошто се прават модрици. Доволно ти е еден лимон. Потркалај го со раката, како да го сукаш, за поубаво да се исцеди. Две полни супени лажици ти требаат, малку поголеми супени. Ама мислам без проблем ќе извадиш од еден лимон 25мл.
Јас пробав пред некој ден, пројдов со 0 модрици и се изненадив колку малку ме болеше. Со оглед на тоа дека последниве неколку години постојано се средував со брич, очекував многу да ме боли. Испадна дека сум собирала страв за ништо. Буквално никаква голема болка, на скала од 1 до 5, 1.5, значи скоро па ич. Од восок повеќе ме болеше, од ова и црвенилото ми се смири за некој саат. Кога се депилирав со восок, црвенилото ми траеше со денови и секогаш имав бубулици, со ова не. Ама јас не ја месев, не ја обработував смесата до крај, само ја сварив, ја префрлив во кутивче и оставив да си се лади. После со шпатула мачкав и тегнев со ленти. Со 1 кеса шеќер ќе се депилирам цела година, а може и повеќе. Ќе си кажеме чао изгледа со бричот конечно.
А има ли некоја што се депилира под мишка со шеќерна или восок? Колку боли? Долго време собирам храброст.
Немој. Јас се депилирам под пазуви повеќе од 15 години и работам козметичар па сама на себе си направив подлив еднаш под пазува од лошо тегнење. Немаш сама како да исправиш целосно рака за да е скроз оптегната кожата, воедно да држиш и да влечеш. Ептен е зезнато. Ја со депилатор се фаќам таму, ама немој ни тоа оти ако си бричела до сега има да крвариш многу, да те боли а може и да ја зезнеш кожата. Кај жлезди играчки нема, поготово сама.да си на козметичар е друго оти бар знаат што прават. А да не кажам и те како ќе те боли. А растат брзо скоро кај сите на недела дена , мене мн малце ми растат, и споро, ама долг период е моето и немаат ни корен веќе, ништо...
Не ризикувај,другарка се зезна,и потече жлезда,па чир и се направи и 300 компликации,огромни болки имаше.И тоа на козметичар беше..
@LadyC @ana-sweet Значи добро што не избрзав да си направам проблем. Гледав видеа на youtube ептен едноставно изгледа и ко да не боли многу. Јас само со брич и како потемнета ми е кожата таму малку ме нервира затоа сакав да пробам, ама подобро да си седам мирна.
Еехеее и модрици прават на други места не па на пазува. Муабет нема. @SofiMar_ среќа што не си се решила и што прво праша. Најзезнато место е.
И јас сакав да пробам со шеќернава под пазуви, многу ме нервираат, ај што растат за 1 ден со брич, туку и потемнета ми е кожата па мислев со шеќерната дека ќе дојде ко пилинг. Не знам како да ја средам потемнетата кожа, сè пробав.